Како да преболите?

M

Mr.InF3ction

Гостин
мислам дека девојките потешко преболуваат...а ние машките мислиме дека тие полесно преболуваат зш девојките (повеќето ) љувовта кон партнерот...ја чуваат како тајна внатре.со обид демек да бидат посилни...или што знам што си мислат со паметот па дур и ако се у друга врска со некој друг...
знам девојки што после година...или повеќе сеуште се заљубени у некој бивш..и ако имале неколку други врски у меѓувреме
сеа има исклучоци од девојките што за 1 недела преболуваат...исто така и од машка страна каде што машко мн мн мн тешко преболува девојка..но ако треба со проценти за генералазирање %75 девојките потешко преболуваат:XD:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
но ако треба со проценти за генералазирање %75 девојките потешко преболуваат
Ова може да се вметне во новата македонска енциклопедија ко статистички податок.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Зошто?

Како знаете и ти и wot4o дека женските побрзо преболуваат?
Логика. Полесно преболува оној што полесно може после тоа да фати партнер макар и само онака лајт на пролазно. Е сега некој ќе каже е ама новиот партнер не може туку така лесно да го замени стариот со што се согласувам ама уверен сум дека полесно се преболува со нешто да имаш до тебе како занимација отколку воопшто ништо. А бидејќи статиската на темава вика дека на жени им е полесно у животов при вакви моменти.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=28571&highlight=%EF%EE%EB%E5%F1%ED%EE

Ова е се од искуство насобрано-(у случај на екс махина да и текне да ми бара стручни линкови од луѓе што имаат докторат на темава).
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020

Сите брзо ме забораваат. На улица ме одминуваат, додека јас ужте длабоко копнеам по нив, малку. :toe:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Те одминуваат зашто уште не те преболеле на пример?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
:pos:

Не бе, веќе други партнери имаат. Со коли!
Не дека е релевантно, али повеќе ствари околу нив, помалку мислите летаат кон мене. :pos2:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Логика. Полесно преболува оној што полесно може после тоа да фати партнер макар и само онака лајт на пролазно. Е сега некој ќе каже е ама новиот партнер не може туку така лесно да го замени стариот со што се согласувам ама уверен сум дека полесно се преболува со нешто да имаш до тебе како занимација отколку воопшто ништо. А бидејќи статиската на темава вика дека на жени им е полесно у животов при вакви моменти.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=28571&highlight=%EF%EE%EB%E5%F1%ED%EE

Ова е се од искуство насобрано-(у случај на екс махина да и текне да ми бара стручни линкови од луѓе што имаат докторат на темава).
Ај бе читни ми го постот една страна поназад. Ова, барем за мене блага везе нема. Од искуство, ова најмалку ми помогна.

За статистикава ќе се согласам со ада, е овде не генерализирај :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Сите брзо ме забораваат. На улица ме одминуваат, додека јас ужте длабоко копнеам по нив, малку. :toe:
А, не ти текнало дека можда ги кријат солзите затоа што се без тебе? :(

едит: Dark-King ми ја украде репликата :(
Логика. Полесно преболува оној што полесно може после тоа да фати партнер макар и само онака лајт на пролазно. Е сега некој ќе каже е ама новиот партнер не може туку така лесно да го замени стариот со што се согласувам ама уверен сум дека полесно се преболува со нешто да имаш до тебе како занимација отколку воопшто ништо. А бидејќи статиската на темава вика дека на жени им е полесно у животов при вакви моменти.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=28571&highlight=%EF%EE%EB%E5%F1%ED%EE

Ова е се од искуство насобрано-(у случај на екс махина да и текне да ми бара стручни линкови од луѓе што имаат докторат на темава).

Ама само си претпоставувате.

Озбилно, никаква одржаност нема на тврдењето.

Дали некој ќе преболи и како ќе преболи зависи од еден куп, индивидуални фактори кои за ниедна особа не се исти. И тоа е веќе нешто научно докажано (преку една наука психологија шо се вика).

Btw, jа мојата "голема љубов" ja преболував 2 години, онака интензивно.
Знам еден куп жени шо цел живот си упропастиле заради такви "големи љубови".
А, исто и машки такви знам.
"Превласт" нема тука.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Ај бе читни ми го постот една страна поназад. Ова, барем за мене блага везе нема. Од искуство, ова најмалку ми помогна.

За статистикава ќе се согласам со ада, е овде не генерализирај :)
За генерализација имаше друга тема кај што се дообјаснив. Што се тиче ова другово, од сите што ги знам не им било лесно ни на едните ни на другите. Ама полесно им било тие што имале некој чат-пат мувач/мувачици. Не викам дека тоа го решава проблемот, ама е подобрата варијанта, еден вид амортизација. А мислам дека нема потреба да ти го читам претходниот пост, бе.

А, не ти текнало дека можда ги кријат солзите затоа што се без тебе? :(

едит: Dark-King ми ја украде репликата :(

Ама само си претпоставувате.

Озбилно, никаква одржаност нема на тврдењето.

Дали некој ќе преболи и како ќе преболи зависи од еден куп, индивидуални фактори кои за ниедна особа не се исти. И тоа е веќе нешто научно докажано (преку една наука психологија шо се вика).

Btw, jа мојата "голема љубов" ja преболував 2 години, онака интензивно.
Знам еден куп жени шо цел живот си упропастиле заради такви "големи љубови".
А, исто и машки такви знам.
"Превласт" нема тука.
Ада нормално дека се индивидуални фактори. Трајнка може да преболува и 10 години, Перо 20. Кај секој е различно ако се сведеме на тоа ниво да ја гледаме работата човек по човек. Али го однесеме на генерално ниво да се согласувам дека жените побрзо преболуваат поради причини што ги наведов горе.
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Боли премногу кога знаеш дека не останува ништо друго освен да ја преболиш личноста што ти значи и да продолжиш понатака со животот. Секој различно си се носи со чуствата...Некој пробува да ги потисне, да не мисли на тоа и полесно поминува....Некој едноставно неможе да ги потисне така лесно, поминува низ тежок период, понекогаш запаѓа и во некоја депресија...Но како и да е не е лесно на почетокот. Најважно е да се сфати дека стварно е крај...Нема што би било кога би било, можеби некогаш пак ќе бидеме заедно, што можам да направам, како ќе продолжам понатака....Зошто тие мисли болат дополнително. Едноставно стискаме заби, самоуверени и продолжуваме понатака.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада нормално дека се индивидуални фактори. Трајнка може да преболува и 10 години, Перо 20. Кај секој е различно ако се сведеме на тоа ниво да ја гледаме работата човек по човек. Али го однесеме на генерално ниво да се согласувам дека жените побрзо преболуваат поради причини што ги наведов горе.
За некои работи едноставно не може да има генерализација.

У случајов, прво сам човек не може точно да си ги дефинира чувствата, да одреди кога го потиснува фактот дека уште пати, кога го бара истиот партнер во други, кога ја преувеличиува болката и сл., а не па просек од тоа да се извади.

Поинаку, да одредиш колку и како некој преболува е исто ко да одредуеш како и колку некој љуби. Немогуче од страна.

П.С
*note to myself...темава ми е тапа уше од почетокот.
Не може да ми е помалку гајле за тоа како и колку некој преболуе љубовни муки.
Зашо уопште пишувам? И шо тоа треба да ми каже за мене самата?
:nesum:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Тоа зависи од сексот.
Ако мужот не добил секс у везата тешко да преболи зашто не добил ништо па ке тужи до следна врска.
Ако имал редовен ке тужи некое време и ке му помине брзо зашто си има материјал за фалење.

За жени незнам зашто немам кола а бившите си најдоа дечковци со кола.
 
kompas

Junior
Член од
21 септември 2009
Мислења
107
Поени од реакции
3
bre bre .....
lugje ... nema razlika dali se raboti za mashko ili zensko koga e vo prashanje preboluvanje. ednostavno zavisi od samiot sebe dali sakash da prodolzish ponataka ili da se vrakjash na stari rani koi dodeka si so nego/nea nema nikogash da zarasnat,
ednash sum rekol .... koga ednash vekje ste se razdelile t, toa e toa ... Mozebi vie kje bidete pak zaedno no nema da bide kako porano i samo se lazete ...
Malce se oddalechtiv od temata ama sakav samo da bidam pojasen.

pozz
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
За некои работи едноставно не може да има генерализација.

У случајов, прво сам човек не може точно да си ги дефинира чувствата, да одреди кога го потиснува фактот дека уште пати, кога го бара истиот партнер во други, кога ја преувеличиува болката и сл., а не па просек од тоа да се извади.

Поинаку, да одредиш колку и како некој преболува е исто ко да одредуеш како и колку некој љуби. Немогуче од страна.

П.С
*note to myself...темава ми е тапа уше од почетокот.
Не може да ми е помалку гајле за тоа како и колку некој преболуе љубовни муки.
Зашо уопште пишувам? И шо тоа треба да ми каже за мене самата?
:nesum:

Кога се мисли на генерализирање, не се мисли на абсолутна бројка од 100% во случаите дека е така.
Туку еден поголем дел од истите.

И повеќето го прават генерализирањето од лична статистика, не како уште еден наметнат став од општеството.
Ај, не е темава да зборам за промискуетeтните ми другарки. :)

Note to myself: Stop bugging ada.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom