Како да преболите?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Со алкохол најмалку се заборава и се преболува, само за тие неколку саати со алкохол се одложува проблемот. Кога ќе се отрезни човек болката е тука, се уште не е преболена неговата љубов. :wink:
Клинот со клин се избива ама дупката останува поголема :).
Многумина го бараат спасот во алкохолот а јас секогаш за да преболам што побрзо веднаш си наоѓам нова а старата пука од мака затоа што имам нова и не мислам веќе на неа :pos2:.
Како да преболите најлесно: најдете се веднаш друга затоа што да се вратиш на старата љубов е исто како да читаш некој стар веќе прочитан роман, почетокот ти е интересен ама крајот пред време го знаеш! :smir:
 
Со алкохол најмалку се заборава и се преболува, само за тие неколку саати со алкохол се одложува проблемот. Кога ќе се отрезни човек болката е тука, се уште не е преболена неговата љубов. :wink:

Алкохолот е само еден вид на бегање од реалноста (земање во поприлича количина) така да после тоа се дешава бумеранг ефектот кој со дури и полоши последици.

Преболување најдобро би можело само со целосно оттргнување од личноста која сте биле и занимавање на сосема трета работа (школо, работа, хоби) Обично најпрвата фаза е најтешка оти тогаш чувствата често може да не` навратат да почнеме да се „замараме“ со личноста.
Затоа тука најпожелно е ако имате билокаков контакт од неа, се` што е матерјално и потсетува на заедничките моменти да го фрлите или евентуално во сандак и под земја/подрум.
Бидете трпеливи, подоцна ќе се се покажат знаците на попуштање на стисокот на емоциите. Под никаков случај немојте да тргнете да го барате сандакот, да се распрашувате по пријатели за него/неа. Во меѓувреме терајте си го животот, излезете на некоја журка со пријателите. Напомена: Не се залетувајте уште истата вечер да барате замена. Замените се само еден вид залажување (заедно со алкохолот) кои имаат лоши последици како и на вас така и на дечкото/девојката со која сте во моментот. И за крај кога по неколку излегувања се чувствувате комлетно опуштени, полека покажувајте знаци на заинтересираност и трагајте.

Туу као на тин шема сум го пишал ова бе :pos:
 
Алкохолот не е утеха и никогаш нема ни да биде.Треба сами да најдеме решение,а не да бараме во алкохол.Алкохолот само привремено може неколку саати да се добијат.После тоа пак се се враќа на исто.
 
Алкохолот не е утеха и никогаш нема ни да биде.Треба сами да најдеме решение,а не да бараме во алкохол.Алкохолот само привремено може неколку саати да се добијат.После тоа пак се се враќа на исто.

Sankeru, nocas budi drug
cele noci pice toci i tako u krug
sankeru, prijatelju moj
ako je zaboravim, bicu duznik tvoj
 
ХАХАХ ќе заборавиш ама на колку време?????
На 1 ден додека да ти помине пијанството?
 
Ве лажат дека времето лечи се, хехе.

Јас велам не!
Времето само го намалува интензитетот на болката а спомените се тие што остануваат. Од нас зависи колку тие спомени ќе не излудат. Таа болка што си ја нанесуваме себеси со тоа што остануваме заробени од тие спомени неможе никој друг да ни ја нанеси.
Со затвoрање во четири ѕида,плачење и чекање на "времето да те излечи" не се решава ништо. Размисли што те усреќува (освен личноста што си ја изгубил), главата горе и make yourself happy.
 
Абе можеби сида или тумори лечи.Иначе, тешко дека некој го знае одговорот.Не би имало толку стихови да некој навистина научил како, друга работа е пеење дур се тушираш.
 
времето? можеби, но ако повторно се видете со личнста...или било што нешто што ве потсетува на таа личност истите чуства ќе се родат пак...доколку немате друга девојка што ја сакате-друго дечко што го сакате there is no way...значи нит време нит ништо..само желбата да се продолжи понатаму..нови девојки, забави такви ствари што ќе направи да не мислиме на тоа..па и добро друштво би божел да помогне
 
Kaко да преболите ?

Eдноставно. Паметниот човек знае дека е одговорен за она што му се случува во животот. Одбива да се гледа како жртва после пропаднатата врска и вложува да го добие она што го сака.

Луѓето треба да научат рано да ги искажуваат потребите уште во почетокот на самата врска и ако се воспотстави дека изборот не е соодветен - треба да се оди понатаму. Како ? Пак ќе кажам едноставно е знаеш дека не е тоа тоа, треба да бидеш свесен и да не се препуштиш на очајот и празните надежи. Сигурно нема да преболиш брзо ако зјапаш во телефонот дека тој/таа ќе заѕвони.
Првиот чекор што треба да се превземе после неуспешна врска, е да се прекине да се мисли на чудесните квалитети што сме ги препишувале на таа личност со која сме биле во врска. Треба да се сфати дека без разлика каков и да бил тој однос, тој веќе не постои! Можеби работите не оделе како што треба од разни и сложени причини. Важното е да е се сфати дека не сме биле само набљудувачи во тој однос, туку рамноправни творци на хемијата.
Повторното вљубување бара претходно ослободување од старите рани и огорченоста. Мислењето дека сите се безвредни и дека ниеден/а не може да го достигне поранешниот/а е само изговор кој спасува од нови опасности.
 
Се додека прашуваш како, верувај дека не сакаш да преболиш. Сакаш да се мачиш. Тоа за мене било кога веќе нема ни љ од љубов туку само бедна љубомора. И страст.
Само стара навика...
 
хехе добар повод за пијанка. ама ништо повеќе. само жедна душа (за вода) другиот ден :))))
а инаку се преболува лесно. подобро порано отколку подоцна.
Најлесното е преболувањето. потешко е менувањето на навиките, шемите, секојдневието.
 
Лек за старата љубов е нова љубов само тоа можам да ви го кажам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom