***РЕНАТА***
Brave
- Член од
- 15 декември 2007
- Мислења
- 865
- Поени од реакции
- 28
Прво,сакале или не ќе морате да се помирите со фактот дека треба време,без да прибегнувате кон некои инстант решенија на кризата како нова врска кои само можат да направат поголема штета.Дајте си време да расчистите со вашите чувства,без да ги силувате.Сигурно дека можете да си го дозволите ова,немате некој рок за нова врска,брак или слично.
Друга работа,никако немојте да се присилувате да не мислите на него/неа.Ако ви значел,ова не е можно,па уште повеќе ќе мислите и наместо излез се вртите во круг со мислите и чувствата.Слободно мислете колку што сакате и колку што можете,сигурно со тек на време ваквите мисли ќе ви станат одбивни поради x причини или ќе сфатите дека нема смисла и понатаму да си го дробите мозокот за нешто што е одамна завршено.
Добро би било кога би можеле да пронајдете нешто што би ви го пополнило времето,некое хоби или некоја небитна обврска што долго време сте ја одложувале,сега е вистинско време да се активирате.Ова покрај што ќе ви скрати слободно време,а со тоа автоматски и време за самосожалување и тагување,на некој начин ќе ви ја подигне самодовербата и ќе се почувствувате корисни и успешни.Би требало.
Дружење со пријатели,излегување,запознавање нови луѓе,шопинзи и сл глупости се подразбираат и нема потреба да ги наведувам.Се` што ќе направи да се чувствувате убаво е добредојдено.Не се`!:nenene:Голема грешка.Пробајте нешто од наведеново.
Малку е како да сум го копирала од некое списание и знам дека кај секого е индивидуално,но би требало да биде од помош кај повеќето.