Исчезнати лица

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.628
Devojkata ne napisa nisto “vo stil” (kako sto velis) deka ne bi i bilo gajle.
Реков: јас реченицата, цитирам:
Јас да и бев мајка, до вечерта немаше да знам дека детето ми го нема..
не можам да ја сфатам поинаку од тоа. Еве, препрочитувам повеќе пати, и пак на истото доаѓа - човек кој од сабајле до вечер нема да знае кај му е малолетната ќерка, според мене - не може да му е гајле за ќерката.

Da be Zlate, Brazil stanavme ovie 10 godini od vreminjata so koi lugjeto sporeduvaat. Sto e tolku nesporedlivo za sigurnost na tinejdzeri ajde napisi, kolku falat, ubieni, prodadeni pa sega mora da pazeme na paralelata so novite vreminja?
Па ете, во мое време јас не се сеќавам дека имало објави за исчезнати деца на телевизија. Сега има 6 што не се пронајдени. Вања е седма. Процентот зголемен за колку?

Плус, ете ви спомнав еден случај кај сопругата - родител кој е разведен со сопругата, живее во странство и има забрана за приоѓање до детето и киднапира ученик од сред час. И на такво нешто не се сеќавам од мое време.

Во мое време немаше мобилни телефони, социјални мрежи, Дискорд и "Јавна соба" на Телеграм. Животот беше помирен, се беше поинакво. Во мое време деца не скокаа од кровови на училишта, не се бореа со депресии, психолозите истовремено беа и секретари во училиштата... Не сме станале Бразил, ама за жал, еве за вакви глупости, полека се приближуваме до Америка. Затоа и така постапуваат наставниците. Не ги вртете муабетите дека родителот требало на секои 15 минути да се јавува. Јас не се јавувам по цел ден, на пример, ако знам каде се и како се. Ама ако постои макар и трошка сомнеж во мене, за било што, нема шанси да не ги побарам децата и да не ми е гајле до вечерта кај се.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.208
Не го проверува МВР, тие носат барање до операторот и се проверува таму.
МВР имаат конекции со систем салите на сите поголеми оператори и делумна контрола кога станува збор за некакви закани по интернет, потенцијални терористички активности и сл.но не и пристап до hlr или слични системи.
Се сложувам со тебе за ова но не знам дали примети дека техникалиите не ми беа целта на муабетот туку колку тоа се останати способни во МВР да ја завршат работата на највисоко професионално ниво и да знаат и да сакаат да ги искористат сите начини и техники на навремено реагирање.
А со оглед на тоа дека живееме во европската Колумбија или Мексико јас сум скептик за горенаведениве работи. Башка што и од лично искуство многу добро ја имам приметено ажурноста на полицијата и тоа од повиоски истанци а не од обични џандари.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Се сложувам со тебе за ова но не знам дали примети дека техникалиите не ми беа целта на муабетот туку колку тоа се останати способни во МВР да ја завршат работата на највисоко професионално ниво и да знаат и да сакаат да ги искористат сите начини и техники на навремено реагирање.
А со оглед на тоа дека живееме во европската Колумбија или Мексико јас сум скептик за горенаведениве работи. Башка што и од лично искуство многу добро ја имам приметено ажурноста на полицијата и тоа од повиоски истанци а не од обични џандари.
Procesot za baranja mu e uigran, so bombite sekoj den nosea novi :)
A deka se mutavi nema zbor.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
552
Поени од реакции
1.797
Многумина викаат дечко па дечко.

А, јас, бар од она шо имам видено, шо дома, шо надвор, не ретко користат и навидум симпатични женички за подлажување. Мирно девојче ретко би реагирало на шц мала од најнов модел на кола. Ќе пратиш една навидум наивна насмеана женичка, ела ќерко да те прашам нешто, не разбирам ова она . Доволно е да те однесе блиску до возилото и после шах мат. Бог да чува.

Ја све сум извинете немам време и џомка. За време на пандемијата и вештачки ќе се накивав дури фаќав магла.
И овие социјални експерименти мода што станаа донекаде направија против услуга, ги охрабрија луѓево да пристапуваат на непознати.

Пред 6 години многу случаи имаше надвор. После памтам имаше преку LinkedIn што ги врбуваа, после имаше групи што служеа за извршители на еден манијак кој направил култ да злоставува еден куп жени и тоа по долго време се разоткри. Ненормално добро се организирани. Не ретко киднапираните луѓе ги следат со недели.

Во странство посебно трговските се место на следење пред врбување. Затоа никогаш не влегувам сама. Чоеков не моеш да го приметиш не се замараш крај краева трговски е, камери насекаде си викаш. Баткава прави анализа по кои дуќани влегуваш, каде само загледуваш по излог мечтателно да знае на која цака да те фати. После као случајни сусрет и така натаму. Значи не ретко профилот на жртвата не игра голема улога.

Ама, ако напаѓачот осети дека имаш престроги родители со коишто многу малку споделуваш, во неволја си. Ако осети дека си близок и премногу споделуваш со семејството има шанси да се повлече.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
Ажурноста на полицијава е на 0 и тој ветар у магла што го продаваат за специјален штаб не им поминува така добро.
Незнам за домашната ситуацијава на девојкава ни па како родителите и се чуствуваат во моментов ни пак сакам , родител сум на 6 годишно дете и не сакам да сум во нивна кожа. Се надевам само ќе има некој си среќен крај причава зошто помина подолг временски период .
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Дека наставничката имала таква навика, можно. Ама дека МВР ќе реагира за исчезнато лице 75 минути после излегување од дома, сигурно. Освен ако пријавата не е поткрепена со кредибилна закана.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ако наставничката за секој еден ученик што закаснал 5 минути на час така пријавува, отиде часот од 45 минути. Пологично ми е по завршување на час да го прави тоа.
Пет минути каснење може да биде заради глупа причина, пропуштен автобус, купување храна, успивање, одење до тоалет и сл.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.628
Дека наставничката имала таква навика, можно. Ама дека МВР ќе реагира за исчезнато лице 75 минути после излегување од дома, сигурно. Освен ако пријавата не е поткрепена со кредибилна закана.
Ама кај пишува дека полицијата реагирала после 75 минути? Зашто се шири таква небулоза цело време? После 75 мин било пријавено. Кога полицијата реагирала не знаеме, не кажуваат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Ама кај пишува дека полицијата реагирала после 75 минути? Зашто се шири таква небулоза цело време? После 75 мин било пријавено. Кога полицијата реагирала не знаеме, не кажуваат.
Уште истиот ден се знаеше каде е исклучен мобилниот. Дента мвр излегува со неколку соопштенија.

Случајот на социјалните мрежи го сподели нејзината мајка, а за „А1он“ потврдија и од МВР од каде велат дека од утрово се трага по девојката.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.628
Уште истиот ден се знаеше каде е исклучен мобилниот. Дента мвр излегува со неколку соопштенија.

Случајот на социјалните мрежи го сподели нејзината мајка, а за „А1он“ потврдија и од МВР од каде велат дека од утрово се трага по девојката.
"Утрово" и "утрото" се широки поими. Никаде не пишува: 8:35.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.387
Луѓе јас сум малку постара генерација и колку и да звучи чудно, порано имаше мноогу повеќе криминал него сега, и насилен и секаков. Ножеви, пукања, рекетирања, шверцови, бомби кашикари, пукање во преполни кафиќи, пукање на плоштади, по паркови секаде, кражби од секаков вид, еј фармерки од жица за сушење се крадеа, повеќе што да зборам за нешто повредно.

Живеев во Кичево каде буквално за 5000 денари убија старец од 70 години на најсвиреп начин, со тортура која не е за верување, зошто е ко од хорор филм излезена.

Во светски фамозното и опеано стефано резервист испука човек, швајцарско сирење го направи, со службеното оружје. Среќа што не изгина некој ни крив ни должен.

Во друга кафана по пијана кавга појде дома еден од гостите да го земе пиштолот за да се расчистат...сред бел ден спружен човек.

За време за слава на сличен начин се врати еден гостин со пушка, резултат тројца ранети, масовна пукотница, родители под маса деца да кријат. Ова се во Кичево, само случаи со македонци, со албанците не знам не се дружев толку.

Единствено што немаше социјални мрежи и не се дознаваше толку. Дури ни телевизиите не се замараа толку, ако изгине некој во пукотница ќе кажат нешто, кој известуваше за кражби и пијани тепачки, тоа беше секојдневно...

Можда само младината помалку се пудреше со бело, зошто немаше толку пари за тоа, барем повеќето.

Сега ова што се случува е реално ништо, за секоја пијана будала што седнала да вози и се залепила во некоја бандера се пишуваат страни текст по порталите и се прават дебатни емисии, глупости.

Инаку конкретно за случајов се надевам дека среќно ќе заврши, сепак мислам дека е дечко или бегање од дома во прашање.
Ubistvoto so služben pištol go napravi rezervist, ubien beše Sašo Lisko. Ubiecot e sega na sloboda, vozi kamioni i ne beše vo Stefano( lično go vidov ubieniot so 9 metkovi vo glava, padnat na masa)...tuku vo Bakrdi kade što bese Taksi Bela.
Tie što go ubija starecot bea obvineti i za isčeznatite 4 stari ženi, za koi Milčo Mančevski snimi film-Majki
Toj vo kafanata sto go ubi negoviot prijatel na masa-pijani, beše Zoran Pankerot, mnogu dobar mehanicar. Odleža zatvor 15-tina godini, i koga izleze zabbrzo vreme umre od rak
Masovnoto pukanje bese na vodici...raneti nekolku so sačmarka. Edniot od niv Milčo pločkarot cel život sega ima problemi so crevata
Imaše plus plateno ubistvo pred Novata Stokovna kuća , koga albanec od SAD, pratilnpari da se likvidira negov dušman. Go ubija na pladne na glavnata ulica pred Sudot.
Alit Abazi go likvidiraa isto na bulevarot, radi udren šamar na matičarot koj beše ,,šizo,,. Ovoj slučaj dobiva i politički nalepnici, a navodno Alit e dolikvidiran na klinika. Prvično beše samo ranet
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ама кај пишува дека полицијата реагирала после 75 минути? Зашто се шири таква небулоза цело време? После 75 мин било пријавено. Кога полицијата реагирала не знаеме, не кажуваат.
Ако отидеш и пријавиш после 75 минути, ќе ти речат собери се, се ќе биде добро, и врати се дома. Дојди утре, доколку детето не се појави.
МВР уште пладнето кажа дека се трага по девојчето. Што е надвор од секој протокол за работа на таа институција. Нема тука никаква небулоза.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.383
Поени од реакции
7.010
Јас го сфатив тоа дека нема потреба да се припотресуваш за детето поготово ако е на 14 годишна возраст. Тоа е веќе осмо одделение (или 9-то) и ако го нема 15 минути, нема сигурно класната да се јави, и по 75 минути да пријавиш во полиција.

Нешто тука се прикрива, но не знаеме што. Јас коа бев осмо, децата киснеа во компјутерници наместо да се во школо, а немаа мобилен со нив, ВиФи па уште помалку. И што им фалеше на тие деца и родители? Требаше секој ден во полиција да се пријавува?

Утре детето твое после искачање наместо во 2 ќе си дојде во 4 сабајле, а ти ако не го добирп на телефон, ќе го пријавиш за исчезнат? Едно е да испаничиш, да те сецне срце, и да земеш да го бараш, друго е да го пријавиш во полиција за киднапиран.
Автоматски споено мислење:


Утре твое или мое дете ќе снема на 75 минути, па може да се успало, може да снемало батерија или да се задржи на тренинг, или да се враќа пешки дома без батерија. Да, нема да ти биде сеедно, ќе се испаничиш, ама нема да пријавиш во полиција. Ако утре секој родител го пријави своето дете за исчезнато по само 75 минути без контакт, полицијата нема да брка криминалци, туку ќе собира деца од кладилници, играчници или ќе им влага по станови, по претходна пријава на секој загрижен родител.
Не знам што е тешко да разберете дека последниве 10 години така функционираат наставниците и родителите. Преку вибер имаат комуникација на дневна база. Тоа е најдоброто нешто во нашево образование. Ем драстично се намалува бегањето од часови (порано недела дена можеше да не се појавиш у школо, да земеш оправдание од матична, а родителот да нема поима), затоа се воведоа и тие Е дневници, каде родителите ќе можат да следат што се случива на школо со децата, дали бегаат, какви оцени имаат и слично.
Класната имала принцип, родителите да ја известат за секое отсуство на детето. Не била известена, значи треба детето да е во клупа сабајлето. Пишува на родителот зошто детето не е дојдено во школо. Мајката прво и врти, недостапна е. Врти кај таткото, другарки, роднини, никој не го видел детето. Ако не се лажам, сама проверува каде последен пат бил активен телефонот, и дава место кое не е на пат за накај школо. Саат време од кога прв пат вртела, телефонот на детето е недостапен и се јавува во полиција.
Од кај тоа дека мајката пријавила дека детето и е киднапирано?
Абе 600 приказни се измислија, кои на ни еден начин ништо не придонесуваат. Те влегла во бела кола, те и фалела таткова фигура, мајката кажива дека биле во супер односи и дека таткото уште одма, сабајлето бил со нив. Еве сеа, имала дечко наркоман, сигирно била со него, па демек не знаеле сеа што да праат.
Дека многу работи полицијата не кажува, претпоставувам дека е така. Можеби имаат трага, можеби ја има фатено некоја камера, можда имаат претпоставка каде може да биде, ама во интерес на истрагата, они кажуваат толку колку што треба да знае јавноста. Замисли поише од ова да кажат, па од 600 приказни ко до сега, ќе се измислеа 1600.
Најлоша работа е да се измислуваат прилазни. Баба ми има комшивка, нејзината ќерка живее до братучетката на мајката на детево, ми кажа се дрогирало детето, имала дечко 20 години постар, избегала 100%. Или ко членот тука што пиша. Братучетка му идела у исто школо или клас, девојчево идела со некој наркоман, избегала со него, сеа се криеле, не знаеле што да праат. Без разлика дали членот има добра или лоша намера, треба да си свесен дека ова е јавен форум, дека некој ќе го прочита и ќе го напише истото на друго место. Дека од еден, друг, трет, на крај тој муабет ќе стигне до семејството. Треба да се ставиш во нивна кожа, како им е на тие луѓе, детето им го нема, а дополнително до нив стигаат разно разни приказни за тоа како детето избегало, ова напраило, она напраило, вакво било, онакво било. Затоа викам дека сме многу прост, затуцан народ. Емпатија и солидарност, една огромна нула. Има една изрека, ако не можеш да помогнеш, барем не одмагај, а овде, со вакви приказни само се одмага и се прави полошо на семејството. Само кај нас ќе се изначиташ еден тон злобни коментари, измислени приказни што се случило, на ваков случај. Само кај нас Петко, Јанко, Мира, со два часа и голем одмор од образование, објаснуваат на полиција како да го лоцира телефонот, што да прави, како да прави, веќе го имаат решено случајот, знаат дали избегала, дали е киднапирана.
Автоматски споено мислење:

Ако отидеш и пријавиш после 75 минути, ќе ти речат собери се, се ќе биде добро, и врати се дома. Дојди утре, доколку детето не се појави.
МВР уште пладнето кажа дека се трага по девојчето. Што е надвор од секој протокол за работа на таа институција. Нема тука никаква небулоза.
Апсолутно неточно. Само во последниве година дена имаш бар уште два случаи мене што ми текнува, каде исто така полицијата одма реагираше. Двете девојчиња од Чаир што ги снема и двете девојчиња на екскурзија што беа дојдени во Скопје. И во тие два случаи, како и сега, потполно исто се реагираше. Кога се работи за деца, полицијата реагира одма, при пријава.
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.592
Поени од реакции
17.432
Ако отидеш и пријавиш после 75 минути, ќе ти речат собери се, се ќе биде добро, и врати се дома. Дојди утре, доколку детето не се појави.
МВР уште пладнето кажа дека се трага по девојчето. Што е надвор од секој протокол за работа на таа институција. Нема тука никаква небулоза.
Па значи и тие знаат нешто или се случува нешто за кое не е информирана јавноста па одма реагираат или сумњаат во нешто плус се деца сите знаеме во какво време живееме.

Цела ситуација е жална но и налку чудна, мислам (и е логично) дека не се кажува се и затоа наеднаш изчегоа потерници, барање во др држави и слично. Ова фала богу треба да се реагира секогаш вака да не се сфатиме погрешно.

Се надевам во најлош случај ќе го најдат избегано со дечко и....

Жалнп, многу жално..

Коментарите на фв не ги коментирам. Една ј аше пишано демек -од каде на детето марка алишта, скап телефпн ајфон... боже господе се е ментално, порано фб немаше или немаа и не се познаваше толку, сега баш секој етвор има фб шо и тое дел од овај проблем..
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Па значи и тие знаат нешто или се случува нешто за кое не е информирана јавноста па одма реагираат или сумњаат во нешто плус се деца сите знаеме во какво време живееме.
Сто посто знаат нешто повеќе. Ние знаеме само тоа што треба да знаеме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom