Нов скандал го тресе италијанскиот фудбал
Властите во Италија ги проверуваат информациите кои ги имаат околу екипата на Интер за продавање на натпревари на крајот на минатата сезона. Италијанските медиуми излегле со натписи дека Интер продавал натпревари за да се кренат коефициентите кај букмејкерите. Според истите извори фудбалерите на Интер намерно играле лошо на крајот од сезоната за да бидат поголеми коефициентите за нивните победи.
А да потсетиме дека титулата беше решена во последниот натпревар кога Интер ја совлада Парма и стана шампион. Конкретно се работи за натпреварите од 24-то коло од Серија А. Од тогаш букмејкерите веќе ги стопирале уплатите за освојување на титулата на Интер, па затоа од Интер потоа ја вратиле неизвесноста до крајот на првенството. Според полицијата еден од доказите е и многу телефонски разговори водени меѓу поранешниот тренер на Интер , Роберто Манчини и Доменико Бреша, кој е поврзуван со мафијата.
Сето ова е интересно , а симптоматично е и одложувањето на враќањето на Ибрахимовиќ по повредата за неколку кола подоцна, како и не давањето на Хулио Круз да го изведе пеналот на еден од натпреварите и давањето на таа задача на Марко Матераци кој сосема нормално не реализирал, а средбата завршила нерешено. Ибрахимовиќ се вратил последното коло на мечот со Парма и помогна во освојувањето на титулата. Се очекува сега разгледување на целиот овој случај кој повторно ја разбранува фудбалската јавност во Италија.
Сега ќе пишував за ова.
Мора да е најидиотското тврдење што некогаш сум го слушнал (не мислам на тој што го пастираше овде, да не ме разбере погрешно, туку на тие што почнуваат нова хајка против Интер. И јас ќе пастирав нешто слично сега)
Интер си ја загрозил титулата заради заработка во кладилница. Добро... ај да видиме.
Пеналот кој го промаши Матераци е клучен во ова тврдење? Дали се сеќавате дека пред тоа неколку пати играчите на Сиена мислам беше, ја вадеа топката од гол-црта, или дека само минута-две пред пеналот еден топовски удар на фудбалерите на Интер (не се сеќавам на кој) го закачи Матераци во гужвата и само лудата среќа ја спасуваше Сиена во тие моменти.
Златан беше повреден и не играше но минатата сезона за разлика од оваа и останатите напаѓачи беа на своето ниво така да немаше никаква потреба да се ризикува со негова повреда. Сепак се работи за огромна инвестиција и никој не е луд да го форсира се додека навистина нема потреба.
И уште нешто. Годината кога Интер ја изгуби титулата од Лацио, откако предходно пукна со Аталанта и ремизираше со Киево, и тогаш ли ги креваше коефициентите? Да не го добиеше оној ужасно тежок меч во ужасни услови со Парма, ќе јадеа бурек за коефициентите?
Обидот на Моџи преку нивните медиуми и потплатени новинари да кренат прашина за да му го спасат задникот е патетичен. Нема клуб на светот со толку пари, кој ќе си ја доведе титулата во прашање за некоја добивка во кладилница. Тоа само во првенства во кои фудбалерите јадат леб и пиперки.
EDIT:
Матераци имаше и пречка, пеналот беше направен над него, и еве видете си сами и проценете дали вака се шутира пенал со намера да се промаши: