Човек не ни вреди да се замара со клинтон. Импровизиран продукт на немоќ биле фаб бомбите. Затоа Америка и Израел ги користат веќе 30 години. Што ќе прочитаме друго, давајте следна шизофренија
Фала ти Рони за убавите зборови. Имам што да ти реплицирам, ама бидејќи не ми нудиш некаква аргументација, туку само вреѓаш.... Не заслужуваш да ја читаш мојата шизофренија.
Погрешно!
Мислам дека намерно не сака тоа да го стори, дали заради геостратешки игри или нешто друго ... што е значајно има доволно техника за да оствари воздушна контрола.
Не прашав за бомбите туку за контрола (или како што говориш надмоќ) на воздушниот простор, оној што ќе ја оствари ја добива војната.
Две години ист глуп муабет слушаме:
Можат ама не сакаат, ама не ни знаеме зошто не сакаат.
Зошто нема Т-14 на фронт, ПакФа во воздух и Ватник опрема на терен? Оти е ветар и магла, ако имаа ќе пратеа на фронт. Немаат!
Можеби некогаш СССР биле гигант за плашење, РФ не е ни приближно тоа денес.
Едно прашање, или две...
Кој е најновиот и најмодерен авион на Русија употребен во војнава? Кога тој авион е направен? Каков ефект и корист виде РФ од него?
Па еве од почетокот мислевме дека Русија не користи авијација, а уствари тие цела операција користат авијација на периферната линија на фронт како што беше Бахмут, Авдивка, Маринка и така натаму. Таму се населбите срамнети со земја, било со термобарички ракети (не само ТОС, постојат и многу појаки од ТОС), било со авионски бомби и ракети. И пак напредувањето иде многу споро. Самото тоа споро напредување ми е мене доста сомнително. Ако се сконцентрираш на подолг период од војнава 3-4 месеци на пример да ја сконцентрираш артилеријата и воздушните напади на еден дел од фронтот, ми се чини многу лесно може да се направи пробив на тој дел од фронтот. Но тие одат на утврдени градови. Мое мислење е дека го бираат местото на војување и така им нанесуваат огромни жртви на Украинците, кои за да го стабилизираат фронтот, мораат да уфрлаат ново топовско месо. Полесно им е на Русите да ги пуштаат Украинците да напаѓаат и да им ја горат така техниката, одколку обратно (како што впрочем гледаме од време на време).
Зборот ми е, чим бомбардираат со авијација секојдневно до 50тина километри во територија на Украина и чим Украина може да сонува да користи авијација против Русија таму, тоа значи дека над тоа подрачје Русите имаат воздушна надмоќ. Или
@Klinton можеби има друга некоја дефиниција за воена надмоќ? Еве и да летаат на Авдивка, мислиш дека некој ќе ги собори? Но зошто би летале над Авдивка, ако нема потреба за тоа? Ја пуштаат бомбата таму кај што треба и тоа е тоа. Од друга страна имаме ли слични напади со воздушно орудие од краток дострел од другата страна? Или па можеби им рушат секојдневно авиони на Русите? Пошто на пример Украинските С300 имаат 200+км дострел, патриотите можеби уште повеќе, така да овие системи од безбедна раздалечина можат да ги срушат Руските авиони што бомбардираат во Авдивка.
Сам си кажа, користат авијација периферно до кај фронтот. Зошто? Затоа што до фронтот имаат нивно ПВО да ги штити. Тоа не е воздушна надмоќ туку паритет.
Воздушна и воена надмоќ се различни поими и не треба да ги мешаме.
Нема ние сега цел еден факултет да го ставиме во еден пост, па дозволи ми да симплифицирам.
Воздушниот сооднос има неколку категории:
1. Инфериорност
2. Паритет
3. Доминација
4. Локална надмоќ
5. Глобална надмоќ.?
1. Инфериорност е кога немаш авијација како Северџанија и се ослонуваш единствено на некакво си ПВО што многу ретко може да нанесе удар. Пример, србите бутнаа стелт во состојба на инфериорност и постигнаа некаков минимален успех. Ама тој успех е еден бутнат авион на илјадници воздушни упади дневно. Ништо не смени тој погодок за србите воено, освен пропагандата што им беше на тројка пуштена, па крена морал.
2. Паритет е кога двете страни се релативно еднакви, можат да се бранат, но скоро да не поседуваат можност да направат длабок упад во туѓ воздушен простор. Моментално во Украина во последниве година и половина има паритет во воздухот. Секој си лета во своја територија до фронтот и назад, ретко правеа украинците упад со хеликоптери во Белгород, Мариупол, овде онде ама не сменија многу. Се гаѓаат од далеку со бомби и рекети и повремено праќаат по некој Су-25 на фронтова линија да понуди блиска воздушна поддршка.
3. Воздушна доминација РФ имаше првата недела од војната каде леташе длабоко во Украина ама не ги постигна сите цели и трпеше многу загуби. Едно чудо хеликоптери паднаа, паднаа и Миг 29 и Су34 и уште нешто што испуштам. Доминација Русија одамна нема, ако имаше ќе го видевме тоа. Ќе бомбардираа аеродроми, командни центри, логистички центри, ќе гореа конвои.... Итн
4. Локална надмоќ е кога во одредени зони имаш апсолутна контрола во воздух, но не и на целото боиште. Во Јом Кипур војната, Египет имаше за кратко локална надмоќ над Израел покрај Црвеното море. Беа под чадорот на ПВО па имаа неколку слоја на летала над туѓа територија. Но штом излегоа од зоната на чадорот веќе не е истата надмоќ и ризикот расте.
5. Глобална надмоќ е тоа што НАТО го имаше над Југославија. Летаат што сакаат, кога сакаат и колку сакаат. Можеби ќе падне некој авион, хеликоптер, ама стотици/ илјадници други секој ден ќе извршат некаква борбена мисија. Ги здробија од бомбардирање.
Русија и руската армија има силна потреба да лета над Авдиивка, Дњепар, сите борбени жаришта и целокупно Украина. Но не може да го прави тоа поради украинското ПВО (и обратно). Многу е полесно да фрлиш бомби врз конвои за логистика од колку да се бориш со укопана одбрана што е редовно снабдена. Месец дена се мачат русите во Авдиивка да пресечат главна рута на логистика за да можат да ја опколат. Ако имаа воздушна супериорност / доминација или надмоќ ќе го направеа тоа од ден еден и до сега ќе гледавме други борби повнатре во Украина.
Ако имаа русите воздушна надмоќ ќе имаа повеќе слојна авијација над Киев и Хостомел. Ќе гледавме стотици Илјушини како слетуваат во Хостомел со војска и опрема и прават операции длабоко позади фронтот. Се сеќаваш на видеото со ВДВ и Илјушини наредени пред напад? Епа ќе слетаа некаде ако можеа, ама не можеа, немаа надмоќ.
Ако имаа русите воздушна надмоќ ќе повлечеа отсечка на пробив од Изјум до Запорожје пиле да не прелета, камион да не помине, воз да не помине, па грото украинска армија во Донбас што беше тогаш да остане без храна и муниција. Демилитаризација на Украина за две недели и целосен колапс. Немаше да има ни повлекување, ни контраофанзива, немаше да иманиту мобилизација и ваму и таму, немаше да има стотици илјади загинати.
Во Мариупол имаа целосна воздушна надмоќ бидејќи беше опколен градот и отсечен. Тогаш за месец дена падна најутврдениот град со најзакоравените нацисти, со минимални загуби за русите.
Е тогаш на русите им прдна дека сакале да летаат, а после во Бахмут, нејќеледа летаат, па седум месеца секој ден едно чудо луѓе им гинеа. Оти така им прднало. Нема метод, нема причина, немале воен соодност и воопшто тактичко оперативна логика. Се се водело од сакале / нејќеле, тој е процесот на донесување воени одлуки.
Дај да не се лажеме!