Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.835
Поени од реакции
7.276
Интересни натпревари на светсково кадетско. Шведска е елиминирана уште во групната фаза откако изигра нерешено со Иран и загуби денес од Фарските Острови, а нивната генерација на ова првенство дојде како вицешампион од ланското Европско првенство до 18 години. Најдобриот стрелец на Европското до 18г, Оли Митун од Фарските Острови на Шведска и даде 17 гола. o_O
Тој Митун е изгледа некој голем талент, уште лани мислам дека Пик Сегед го договори за сезона 2024/25.
Многу напредуваат Фарски Острови во ракомет, средниот бек Скипаготу потпиша за Кил, само 21 година има, го гледав во квалификациите против Украина 13 гола даде, страшен талент.
Десното крило Теигум исто 21 година во Фуксе Берлин потпиша.

Полека стануваат битен фактор во ракометниот свет и допрва ќе се запознаваме со нивните играчи.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.372
Поени од реакции
6.892
Фарски Острови имаат можеби најдобра школа во моментот, кога ќе видиш со кој број на жители располагаат.

Инаку Оли Митун е МВП од минатото кадетско ЕП, важи за најголем талент во оваа генерација. Големи се шансите да биде и МВП и најдобар стрелец и на ова.

Во суштина резултатите на Фарски Острови на ова првенство не се изненадување, изненадувањето е Иран кој извади нерешено со Шведска и ги плесна ФО.

П. С. Митун е инаку 2005та, година дена е помал од барем пола првенство...
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
118
Поени од реакции
216
Интересно е што Фарски Острови и Шведска играле и лани во групната фаза на европското кадетско првенство и Митун и на тој натпревар дал 17 гола, значи вкупно 34 им дал на два натпревара.:uzi:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.648
Поени од реакции
4.273
Инаку Оли Митун е МВП од минатото кадетско ЕП, важи за најголем талент во оваа генерација. Големи се шансите да биде и МВП и најдобар стрелец и на ова.
Најголем талент во оваа генерација ама од тие што играат на првенствово, иначе Франциско Коста од Спортинг е исто 2005 годиште само што веќе толку ги има надминато младинските категории што не ни го замараат да настапува на овие првенства, сениорски репрезентативец си е. Лани, на 17 години беше прв стрелец на У20 европското, плус годинава беше најдобар играч во Лига Европа во голови+асистенции со Спортинг, стигнаа до 1/4 финале таму, освоија домашен куп и за само еден гол во меѓусебен дуел со Порто им избега титулата во првенство. Летово мислам дека собраа доста солидни играчи околу него од Спортинг и сигурно ќе напаѓаат титула и пласман во ЛШ годинава.
Фарук Јусуф од финалистот во ЛЕ Грањолерс е исто од оваа генерација, само што Нигерија не игра на првенствово. Митун во сениорскиот ракомет за сега е тивок, ма да младинскиве првенства овие две години ги доминира како никој друг пред него.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Иран знаел и на претходни кадетски и јуниорски првенства да направи по некој подвиг. Пред неколку години и Шпанија ја победија на светско јуниорско првенство. Генерално се непознаница за многу европски екипи и немаат Европјаниве некои материјали да ги видат што тим се (или можеби не се замарале, како ние со Грузија). Не сум ги гледал, ама порано стандард имаа некои високи грамади кои даваа голови од 9 метри. Не сум премногу изненаден дека излегле и први во групата. Имаат и шанса за 1/4-финале дека ќе играат со Саудиска Арабија.
Покрај Шведска и Исланд испадна (таа група беше може една од потешките) и Аргентина. Црна Гора ние ја елиминиравме. Другото, горе долу очекувано. Хрвативе изненадија што ја тепаа Португалија со толкава разлика.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.705
Поени од реакции
5.937
Во суштина резултатите на Фарски Острови на ова првенство не се изненадување, изненадувањето е Иран кој извади нерешено со Шведска и ги плесна ФО.
Тепа и со Фарски Иран, па загуби од условно кажано аутсајдерот Саудиска. :D
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.705
Поени од реакции
5.937
Norvezanive kako nas, se drzea na 2-3, pa posledni 10 min gol ne dadoa izgubija so 7 protiv Danska
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.452
Поени од реакции
2.455
повторно за судиите
судискиот пар од србија панџич /мосорински,од хрватска губица/милошевич и од косово од витина ердо и арсим суспендирани ....кај местеле колку зеле штури информации
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.366
Поени од реакции
1.915
повторно за судиите
судискиот пар од србија панџич /мосорински,од хрватска губица/милошевич и од косово од витина ердо и арсим суспендирани ....кај местеле колку зеле штури информации
Кај пиши за ова?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.452
Поени од реакции
2.455
Кај пиши за ова?
Информации од прва рака
Косоварите местеле Кадете...нормално швајцарија
Автоматски споено мислење:

Границата за делегат во ЕХФ е 70 г и ако го ослободат значи уште мах 2 години за Наче.
Како го наместија данската Тв со данската ракометната федерација .....му пуштаат новинар кој се преставуват азиски бизнисмен и му го снимаат разговорот во хотел,наивен Наче.
целта им е чистки све од бивша Ју и германецот и инсталирање на скндинавска банда .
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom