Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Ова е иначе тренерот на пионерите на Алкалоид.
 
Ова е иначе тренерот на пионерите на Алкалоид.
Кој шо сака нека биде не му било на место реакцијата па макар бил и воспитен шамар.
Но сигурно има и друга страна овај муабет.
 
Ова 100% некое татино галениче. Јаковче не би удрил никого тоа потпишувам освен ако овој не го имат испровоцирано ептен ама пак Не.
Во случајот во Унгарија не е инволвиран Јаковче, туку друг, помлад тренер.
Јаковче (Голден Арт, пионери) заврши од сала во полициска станица на сосема друг натпревар заради налудничаво однесување и вербални закани кон службени и неслужбени лица, не заради физички контакт со играч. Без разлика колку ги сметал причините за оправдани, таквото однесување не е здраворазумно, затоа и наиде на реакција од родителите на децата од неговиот клуб.
 
 
Веспрем повторно си ја врати титулата во Унгарија, после 2 титили на Пик сегед.
Сегед водеше во финалето, ама Веспрем го згази во реваншот на домашен терен, а денес ја доби и мајсторката во Сегедин.
Мајсторкава со не многу квалитетен ракомет, но со големи пресврти.
Веспрем водеше во прва половина на прво полувреме, па им се деси Мирко Алиловоќ ака Омер од Шверцери. Се разбрани старото, го однесе Пик Сегед на 16-12 во првите минути од второ полувреме.
И тука Веспрем додаде гас и ги реши. Цупара го замени Коралес и скина некој шут, а на спротивна страна прво Лауге, па Ваилупау, па Ел Дера го избушија домаќините. Овој Ваилупау каков гол му даде на Мирко, од мртва позиција, со криви очи му шутна од 9 метри и му даде гол до статива. Решавачки гол по мене. Ел Дера животиња, не задржлив, ги избуши на крај.
Пастор проба се', ротираше, играше сп 7 на 6, ама џабе кога во одбрана не одбранија нити еден напад.
Замислете, Пик Сегед немаше нити едно исклучување на натпреварот. Просто недозволиво. Не се сеќавам на прво полувреме многу, ама во второ ниту една екипа не шутна пенал. Веспрем имаше 4 исклучувања во првиот дел, во второ 0.
 
Се запнаа данците да ги сардисат Начевци засекогаш па и доста им е земање мито. Една пречка на Живко помалку за раководење на федерацијата.

 
Интересни вести пренесе денеска германски Билд во врска со Андре Гомеш. Гомеш имаше уште година дена договор со Мелсунген, но денеска клубот објави дека го раскинале договорот. Во изјавата за Билд агентот на Гомеш потврдил дека Гомеш има потпишано едногодишен договор со Ал-Сафра од Саудиска Арабија. Според Билд договорот е вреден помеѓу 600.000 и 900.000 евра НЕТО во зависност од резултатите. Доколку е вистина, Гомеш ќе биде еден од најдобро платените ракометни играчи во историјата на овој спорт. Почнаа и тука да се мешаат Саудиците изгледа. :)
 
Интересни вести пренесе денеска германски Билд во врска со Андре Гомеш. Гомеш имаше уште година дена договор со Мелсунген, но денеска клубот објави дека го раскинале договорот. Во изјавата за Билд агентот на Гомеш потврдил дека Гомеш има потпишано едногодишен договор со Ал-Сафра од Саудиска Арабија. Според Билд договорот е вреден помеѓу 600.000 и 900.000 евра НЕТО во зависност од резултатите. Доколку е вистина, Гомеш ќе биде еден од најдобро платените ракометни играчи во историјата на овој спорт. Почнаа и тука да се мешаат Саудиците изгледа. :)
Е како бе вака. Па Карабатиќ, Хансен и Сагосен у ПСЖ зимаа над милион евра плата.

 
Гледам прва утакмица на светско кадетско. Која греота е оваа Руанда!
 
Интересни натпревари на светсково кадетско. Шведска е елиминирана уште во групната фаза откако изигра нерешено со Иран и загуби денес од Фарските Острови, а нивната генерација на ова првенство дојде како вицешампион од ланското Европско првенство до 18 години. Најдобриот стрелец на Европското до 18г, Оли Митун од Фарските Острови на Шведска и даде 17 гола. o_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom