Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
4 август 2018
Мислења
1.558
Поени од реакции
3.351
Женскава енергија као доминантна лека полека почнува да проаѓа и да се губи на хоризонтот..мислата ми беше-Ќе ме бараш кај и да е..И низ солзи ќе ми се исповедаш дека намерно си сакала да ме јебеш у мозок(зошто околината го налагала тоа и беше ИН) и со текот на времето си сватила дека самата себеси си се заебала..
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
532
Поени од реакции
365
Нема совршени луѓе, но умеат да создадат силна взаемна љубов.....само не знам колку ке истрае.
Ќе трае дури се живи, небитно дали завршиле заедно или не
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.901
Поени од реакции
3.171
Беше тоа љубов на прв поглед пред 6 години кога се заљубив до уши, :rolleyes::pipi: арно ама секојдневните проблеми ја убија романтиката во животите ни, сеуште мислам дека си најубавиот и најзаводливиот маж кој газел на оваа планета, се надевам не погрешив што ти давам втора шанса, да изградиме иднина. Нека биде се добро ќе се помолам, да не страдаме и двајцата доста беше.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.128
Ми вика јас мислев дека ако малку те оставам на seen ќе размислиш за мојот начин на одвивање на нештата. Ќе се начекаш, ама не знаеш дека Годо го чекаш уствари.

I'm Virgo... a Balkan one. Преживувам на инает, а умирам од гордост. Штом почне некој да игнорира, јас влегувам во challenge mode, кој кого повеќе ќе игнорира. Немам проблем со врзување да ми е привлечно топло ладно. Напротив, со внимание се поврзувам. Ова ми е правило, не само за љубов туку за сите контакти. Сега јас сум на ред да те игнорирам.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.838
Поени од реакции
6.447
прочитав дека љубовта можи да му нанеси болка на мозокот. Како телесните повредите кога му нанесуваат на телото. И дека мозокот оваа болка ја осеќа баш така, како удар со тап предмет.
Нашиот линк со универзумот, страдал повеќе од било кој друг орган од ова заболување, љубовта.

Пред некој ден една французинка трубеше дека колку постар си бил, толку помалку ти биле важни 'тривијалните' работи ко кариера, кола, стан. Бла бла бла. Истите ревулуционерни социјалистички продадени блјувотини од муабети. Видени и чуени од обезглавувањето на Антоанета до сега.

Кариерата никогаш нема да му нанеси болка на мојот ум, како љубовта. Јас би порадо да си продолжам со фокусот на работите кој таа несмасно и плитко ги нарече тривијални. За неа тривијални, пошто нели л'амур надминува се. За мене, мојот спас. Далеку од тривијални.

И не, вечерва нема да отворам вино. Нема да му го направам и тој удар на мозоков.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.128
Поени од реакции
25.632
Не е љубовта никаков темел. Љубовта има рок на траење од прилика 2 години. Она што треба да е примарно е компатибилноста и заедничките интереси. Брачен другар е убав поим што ние тука на Балканов го имаме, затоа што на крај треба да имаш другар кога сите љубови, пеперутки и дизни цртани филмови ќе завршат. А ќе завршат.
 
Последно уредено од модератор:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.901
Поени од реакции
3.171
Не е љубовта никаков темел. Љубовта има рок на траење од прилика 2 години. Она што треба да е примарно е компатибилноста и заедничките интереси. Брачен другар е убав поим што ние тука на Балканов го имаме, затоа што на крај треба да имаш другар кога сите љубови, пеперутки и дизни цртани филмови ќе завршат. А ќе завршат.
Ако некој не ти се допадне физички од сам старт и ако пеперутките не ти летаат џабе е се. А тука е всушност заебот, повеќето брачни парови влегуваат и се губат во досадна рутина, која се врти околу одржувањето на домот,работа, плаќање сметки, подигање деца, забораваат да си посветат време еден на друг, почнуваат да се занемаруваат, запоставуваат, и по цели денови да играат игри на лап топ или да дремат на фејсбук и Јутјуб. Едно кафе да не се напијат заедно. Како што цвеќето бара љубов, вода и сонце, така и бракот и Љубовта бараат внимание и грижа. Со одржување на врската и повремени флертови и состаноци може да се одржи жарот и да се вратат пеперутките повремено. Затоа е многу важно физички да бидеш привлечен од партнерката, да она не биде цел ден во своите пижами, туку да стави некогаш и подвезица ако треба и мини сукња малце да ти фати око, истото важи и за тебе, мада жените паѓаат на зборови и комплименти и повеќе неголи на физикус, на жена треба да и се дивиш, и да и покажеш колку ти е вредна, редовно да и кажуваш дека е убава и дека ја сакаш и слични поезии, да ја гледаш со кучешки очиња и задивљен поглед а мажите се по визуелното.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.351
Поени од реакции
30.716
Најјаката мисла за бракот до сега што сум ја чул ја има кажано на еден другар татко му дур се запивме во кафана:

Љубав проџе, жена остаје.

Не постои поголема глупост од тоа да се венчаш со некој/а САМО затоа што го/ја сакаш. За да нема забуни САМО е намерно акцентиран.
Doobjasni se de
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.672
Поени од реакции
34.139
Ne ne

Не е љубовта никаков темел. Љубовта има рок на траење од прилика 2 години. Она што треба да е примарно е компатибилноста и заедничките интереси. Брачен другар е убав поим што ние тука на Балканов го имаме, затоа што на крај треба да имаш другар кога сите љубови, пеперутки и дизни цртани филмови ќе завршат. А ќе завршат.
Mene ova poveke me interesira da se doobjasni.
Moze ke ja dobieme taka prvata strana od, by popular demand, knigata na Susaro za zenite.

:icon_mrgr:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.128
Поени од реакции
25.632
Цел живот ми е пишано да се дообјаснувам, а не секогаш ми се сака ама ај.


Можеш да се заљубиш во курвар, наркоман, насилник, преварант. Еве не мора и толку трагично да е. Може да се заљубиш во тип со кој сте не само некомпатибилни туку и спортиставени карактери. Се дешава, лето во Велес, он дојден од Франкфурт каде што живее и работи, малце смеа, малце оскудна облека ради жешкото, малце фокус на убавите работи оти секој на први средби сака да го извади најдоброто и најпозитивното од себе. Знам што мислиш, тоа тебе не може да ти се деси, еве нека е Трајанка другарка ти во прашање, сеедно. Прва ли ќе биде на која сите што сте и мислеле добро сте и викале-Аман немој со овој, не е за тебе, те сакаме за убаво ти збориме. Ако се обѕирнеш околу тебе сигурно знаеш барем 10 случаи такви што сега, што од минатото. И сега ако Трајанка ја прашаш-Го сакаш ли овој? Да. Епа добро тоа е се што ти треба за да се мажиш за него. 99% од се што ќе те ебе во животот во небуквалната, метафоричната лоша смисла на зборот е емоцијата.

Читај и понатаму објаснувањето кон њот во добра мера ќе се однесува и на тебе.

Ne ne



Mene ova poveke me interesira da se doobjasni.
Moze ke ja dobieme taka prvata strana od, by popular demand, knigata na Susaro za zenite.

:icon_mrgr:
Ќе пробам и тебе да ти објаснам иако малку потешко, пошто како за машко не си баш рационален, повеќе си емотивен. Дарлинг како жена е порационална од тебе. Уствари ако си ги смените телата би биле идеални луѓе за својот пол. Ова може да го сфатите како навреда, пофалба или едниот како навреда, а другиот како пофалба и за да нема забуни тоа е само моја констатација не целам ни кон едното ни кон другото.

А сега дообјаснувањето. Она што поетски се нарекува љубов и секогаш е опишуван како врховен највисок идеал, стремеж, светост итн низ историјата, во поезијата, во уметноста и сл. е уствари само хемиска реакција во организмот. Коктел на хормони. Јас лично ги нарекувам ИНИ: ендорфини, оскситоцини, серотонини, допамини, адреналини...
Коктел миксот на сите овие работи поетски и меѓу народот е познат како љубов и колку и да сме како суштества склони да веруваме во некои виши цели и идеали, просто кажано љубов=ини.

Тие ини на човек му носат задоволство. А работите што на човек му носат задоволство имаат склоност исто да му предизвикуваат зависност. Нели просто, убаво ти е, сакаш да ти е убаво се почесто да не речам скоро секогаш.

Проблемот со ините е што со тек на време стануваш отпорен на нив и ти треба се поголема доза за да го имаш истиот филинг што си го имал на почетокот. Кога е хероин или кокаин во прашање ќе наголемиш на грамажа, ама за жал истиот ефект нема да го постигнеш и ако Трајанка (твојата сопруга, долгогодишна девојка, вонбрачна патнерка итн...)ја зголемиш на грамажа. Тоа е тоа што таткото на другарот сакаше да го каже со реченицата: Љубав проџе, жена остаје.

За година-две што би рекла онаа антипатична вреќа од коски од Битола цел оној интензитет на љубов, пеперутки, возбуди, ноќи неспани, дизни цртани филмови (ЧИТАЈ: ИНИ) ќе помине. Што правиме тогаш? Што е тоа што ќе остане што би рекле Некст Тајм?

Затоа мој совет на тема брак, за вас, за сите што читаат на темава е следниов:

Не базирајте одлука на брак врз љубов. Ова веќе го имам пишано еднаш. Најбитно прашање што треба да си го поставите и одговорите е следново:

Дали ако овој човек не ми беше романтичен партнер (дечко/девојка, љубовник/ца итн...), дали ќе сакав да го имам во животот? Дали ќе сакав да се дружам и комуницирам со него често? Или ако ти е полесно замисли си дека тој човек е од истиот пол како ти, под услов нели ти да не си геј. Дали ќе сакаше да го имаш во животот секојдневно и понатаму? Батали пеперутки, батали големи цицки или дека добро ти го пуши, батали дали се осеќаш убаво кога ќе ти спие на гради (секако на почетокот со секоја ќе ти биде убаво тоа) батали романтики и се тоа и фокусирај се на него/неа како да е личност од твој пол.

Второ прашање е: Дали таа личност те привлекува сексуално. Пошто нели примарни потреби, Маслов и се тоа. Еден другар, фактички синот на типот љубав проџе жена остаје многу елегантно го имаше решено ова со легендарната изјава: Друже ја упознаваш прв пат, ако во рок од 30 секунди не можеш да ја замислиш како ти го пуши џабе е се.

Ако одговорот на овие две прашања е да, тогаш може да размишљаш за нешто посериозно. Пошто да бидеме реални она што Американците го викаат хани мун фазата ќе помине. Она што останува за да ти биде успешен бракот се компатибилноста, заедничките интереси, конекцијата што ја имате како личности (односно конекцијата што би ја имале и кога би биле негејови од ист пол). Ете тоа е појаснувањето на Љубав проџе, жена остаје и зошто љубовта не треба да биде темел на ништо.

Тоа е она што за жал не не учат ни во школо ни дома. Јас памтам и во основно и во средно, немаше полугодие да не идеа да ни предаваат за штетноста на дрогата гости доктори, педагози, психолози секакви експерти. А љубов сите величаат уште од мал. А уствари исто е и со кокаин и со хероин и со алкохол и со екстази и со жена ги бркаш истите тие ИНИ и затоа и уствари раскинувањето посебно на подолга врска е психолошка траума и проаѓаш низ истата апстиненцијална криза како и од дрогите. Тебе не ти е убаво самото екстази, тебе ти се убави ините што тоа екстази ги буста.


Тоа е една од најголемите заблуди во човештвото. Го третираат како идеал а уствари треба како порок со сите мерки за претпазливост.

Освен секако Аца Лукас. Само он ќе ти испее песна каде што ја опева љубовта како дрога и најголема болест и како се отарасува од неа на исти начин како што би се отарасувал од дрога. И со жените како и со дрогите, алкохолот, цигарите, коцката исто е.

Не везуј се за то што не можеш да оставиш.


 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.080
Поени од реакции
37.490
Да се потсетиме на правилата на темата од првото мислење:

Значи, целта на темата е да се зборува за љубовта, за чувствата... така што темата треба да инспирира да се напише повеќе од една реченица или барем повеќе од еден збор.

Мислењата кои ќе содржат смајли, муабети, кои ќе бидат некреативни и ќе бидат напишани само за пост повеќе ќе бидат бришени без образложување.

Мислењата од типот на: вечер/ ми фалиш/ сакам да те гушнам...

Мислењата од типот: Не постои љубов исто.

Истото важи и за поставување на исклучиво само видеа/слики. Не е ова хит на денот, ниту сликовница. Значи покрај песната, напишете и некоја реченица.

Значи од темата се бара поголема креативност, што не се сомневаме дека ја имате.
5 страници со муабети за приватниот живот на @Ocajna се избришани. Исто и еден куп мислења со само слики, само линкови или само видеа. Ако сакате да зборувате за приватниот живот на @Ocajna - има ЧДА форум, отворете тема таму и пишувајте и за свекор и, и за свекрва и, и за домашните миленичиња, менструалниот циклус, месечевите мени, позите при секс... за што сакате.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.664
Поени од реакции
37.641
Не е љубовта никаков темел. Љубовта има рок на траење од прилика 2 години. Она што треба да е примарно е компатибилноста и заедничките интереси. Брачен другар е убав поим што ние тука на Балканов го имаме, затоа што на крај треба да имаш другар кога сите љубови, пеперутки и дизни цртани филмови ќе завршат. А ќе завршат.
...е па има нешто што не си доживеал, односно „ќе завршат“ или не си личен сведок, извини постои љубов, постои болка ако се случи на таа љубов нешто без заеднички интереси и компатибилност во текот на зеднички живот. Ако љубовта не е темел, прашање на ден кога куќата ќе падне или ќе опстане празна во промаја, вистинската љубов е бесконечна, доживотна без термин и рок на траење!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom