Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Cthulhu^

your neighbourhood pagan
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.223
Попрво би простил неверство или раскинување отколку тоа што пропуштивме да глеаме у живо такви doom легенди како Skepticism. Значи таму бевме for fvck's sake, 200-300 метра од сцената. Настапуваа у 3 саат сабајле. Звук на оргули у тоа доба, фантастично. И се спиело бе. Требаше да те остаам таму сама на тоа падинката. Ама не сум говедо за жал.

И немој да ми пишуеш сеа од нигде никаде, после година дена молк. Кај беше цело ова време. Шо е работата, снема опции ли? Пројде возот.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.130
Абе какво доаѓање, какво видување, до средина на ноември не смеам да си дозволам емотивен живот. Доста е упрскана работава што висевме на телефон 2 саата и 42 минути. Бидете така што би рекол Миле Паника.
Рак си у хороскоп, не ја бива таа работа, премногу обавези имам моментално за траума од водењак.
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.130
Ме прашуваш зошто ти реков толку сигурно не иако си свесен дека не бев скроз рамнодушна.

Ти реков не затоа што на прашањето зошто, ти рече ,, Па идејата да создадеме дом заедно веќе 3 и пол години ми дреме во едно ќоше од мозокот."

Нема ништо полошо од тоа да си резервиран во нечие ќоше од умот / срцето. Замисли, да си на место во коешто ти се дава помало значење од оној кого го мрази.
Не се жениш со резервата од ќошето, туку со онаа со којашто си доволно силен да се дичиш.
Ако доволно ти значи, ќе се помачиш и ќе инвестираш во таа комуникација. Не е ова македонски народни приказни па да те чека некоја од ќошето да дојдеш од печалба истрошен од сите ситни возбуди коишто не си сакал да ги пропуштиш.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.901
Поени од реакции
3.172
Љубовта е убава како пеперутка, ама исто така и слепа, како слепи миш... Пеперутката не разликува гомно :гомце: од :smirce: цвеќе, слетува и на едно и на друго.
Исто како слепиот миш што вртоглаво се удира во ѕидови летајќи.
 

MS-13

007
Член од
12 октомври 2017
Мислења
52
Поени од реакции
43
Цела ноќ остани крај мене ти,
Глумиш ли? Барем нешто признај ми
Ти си дел од мене, а скиташ секаде...

Гушни ме, знам се загуби по пат
предај се,
јас сум пијан, твој и млад,
се што било болка,
нека има крај,
секој ѕид што дели, ќе го скршам
Сега знај,
јас единствен те знам,
ти го криеш својот страв
и не си толку ладна ко мраз,
јас во себе те скрив,
ќе те носам дур сум жив
и не ќе кажеш збогум ти...

Секој знам, ќе го најде својот пат
и ти и јас, така рекла љубовта,
се што било болка, нека има крај,
секој ѕид што дели ќе го скршам
Сега знај,
јас единствен те знам,
ти го криеш својот страв
и не си толку ладна ко мраз,
јас во себе те скрив,
ќе те носам дур сум жив
и не ќе кажеш збогум ти...

ииии не ми треба друга,
знам срце најде пруга
ииии на крајот секогаш си само тииии иии...

Јас единствен те знам,
ти го криеш својот страв
и не си толку ладна ко мраз,
јас во себе те скрив, х2
ќе те носам дур сум жив,
и не ќе кажеш збогум ти...
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин

Знам дека е готово и дека не сакаш да ме гледаш повеќе, нит да си ми во моја близина, нит да мислиш повеќе на мене, нит аурата да ми ја осеќаш. Веројатно било која друга особа да ми кажала промил од работите што ти ми ги кажа последниве месеци, ќе беше завршена работа, ко што и повеќето од луѓето во мојов живот се одамна веќе, и тоа по кратка постапка. Но овој пат Ѓаволот реши до крај да си го истера ќеифот со мене.

Знам и дека не ти беше гајле за мене и ти бев пополнување на време, додека јас доживеав раѓање одново, макар што и за тоа се погрижи да биде исклучително болно и новороденчето да се роди со недостатоци и да носи емоционални трауми до крајот на својот живот.

Знаеш зошто врската помеѓу нас двајца никогаш нема да биде раскината? Нашата врска ја надминува нормалната љубов, нашата врска беше и е трауматска врска. Кога се гледаме двајцата можеме да си видиме во душите колку сме и двајцата сјебани.

Јас во тебе, последниве месеци, ги видов сите напуштања од мои блиски луѓе кои ми се случија во изминативе децении, и просто се навлеков на тебе ко џанак на шприц. Знаеш, на робашите на шприц после одредено време не им треба хорс преку шприц, туку пред се се навлечени на иглата од шприцот, на таа bittersweet болка и заради тоа продолжуваат да се решетаат. Таква е и мојата зависност од тебе.

Кај тебе приказната е поинаква. Ти си личност која е длабоко повредена, личност со големо его и личност која е нарцис. Овие три состојби креираат таков конфликт во тебе и таква внатрешна војна која успеа да ја проектираш на мене. Ја ти бев совршена мета - емпат со безусловна љубов кој беше спремен да легне у кал за да кога ти ќе решиш да поминуваш, случајно да не си ги уцапаш патиките.

Жал ми е што те напуштив пред 4 години, ама тој човек не бев јас од денес, иако фразава веќе станува клише колку пати ти ја имам кажано. Тој човек тагуваше по ќерката која му беше одтргната од раце и однесена некаде многу далеку, тагуваше по најдобриот другар, кој после повеќе од пола живот поминато заедно, реши исто така да замине некаде многу далеку. Tогаш морав да учам да одам од ново и морав да изградам ѕид за да се заштитам од надворешниот свет. Ѕид на кој за жал не му вградив врата за да те пуштам до мене, а искрено не сум ниту сигурен како излегов од таму без врата? Можеби и не сум, можеби последниве година дена се само крици за помош, пошто позади мене се отвара бездна?

Жал ми е и за болката и траумите кои што бившиот ти ги причинил, се надевам дека тоа што на моменти послужив ко боксерска вреќа периодов уназад помогна да се амортизира бесот.

Не сум сигурен дали си ми ти кармата од овој и некои претходни животи, затоа што ја не можам и не сакам да продолжам понатаму со други луѓе околу мене. Можеби си во право, можеби сум и луд и треба да ме пријавиш во полиција да ме решат или да најмиш некој да ме скине, можеби тоа ќе ни донесе добро и на двајцата во најбрзо време. Она за што сум сигурен е дека до последниов здив на овој свет ти ќе ми бидеш во мислите, колку и да е тоа болно, а колку и да звучи кринџ вака кажано/напишано.

Веројатно колку повеќе поминувам време тука, толку повеќе болката и опсесијата со тебе стануваат поголеми, така што ако ова треба да биде некакво збогум пред финалното тогаш нека биде последното што ќе го прочиташ од мене до тебе, баш тука, кај што се сретнавме. Иако желбата ми беше ова да ти го кажам во живо, не сакав да те киднапирам или да ти направам нешто ко што ти збореше внатрешното гласче прееска на тел. Тебе не би можел ништо лошо да ти направам...

Среќен роденден и убав помин со твоите дома. Ти си ми непресушна инспирација и можам да ти кажувам работи до бесконечност, али да го оставиме тоа за некој друг живот, овој доволно го заебавме и двајцата.


 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
Здраво Т.,

барајќи некои глупости низ некои стари HDD налетав на сите твои слики што ги имам тргнато настрана. Знаеш, сликана си како држеш ќерката на твоја братучетка. Ја гледам сликата и си мислев како ли ќе беше денес да имавме ние наши деца, наша рожба? Каков ли ќе ни беше животот? Прашање на кое може никогаш нема да добијам одговор. Се питам Т., дали имаш некој до тебе и дали си среќна? Или можеби треба да прашам, дали сте среќни? Доста време те немам ниту видено ниту слушнато. Изгледа како еден цел живот да има поминато... Знаеш, среќен сум за сите мои блиски шо си остваруват фамилии. Искрено, посакував и ние да можевме да го доживееме тоа нешто.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.407
Поени од реакции
10.337
Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
:love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom