Општи дискусии за игри

Ф

Флеш

Гостин
пробав исто е, кој стискам V на екранот излага тоа дека зборим ама не ме слушаат ништо, и само на оваја игра е, брат ми игра на истиот компјутер преку неговиот стим све е океј :icon_lol:
изгледа да не ти е у сетинзите . чим на дифолт друг стим акаунт е ок, кај тебе да не е изместено нешо , види кај брат ти и тебе шо е чекирано опции .
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Posledno igrav fifi 19 20 21 toj period i pametam mudruvavne u drustvo deka sekoja nova e istata kopija od prethodnata godina i seuste se toa muabetite no denovite ja zemav 24 za da ja imam za gosti druzba na plejkata i ja probav onaka nostalgicno i moram da kazam… ne mi izgledase kako kopija na recimo 19 koja veke vo moite misli e poligoni usporedba so 24. Zamisli sakas da sledis fudbal i postoi igrata, sto poveke nekoj bi posakal? Steta sto mislam deka fudbalot e glupost i treba da se sledi samo so drustvo vo kafana kako vprocem i sabanskata muzika, na primer. Pa taka ke vide bel den ednas vo sina mesecina lol no toa ne znaci deka ne e ok da postoi. Naprotiv.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.282
Posledno igrav fifi 19 20 21 toj period i pametam mudruvavne u drustvo deka sekoja nova e istata kopija od prethodnata godina i seuste se toa muabetite no denovite ja zemav 24 za da ja imam za gosti druzba na plejkata i ja probav onaka nostalgicno i moram da kazam… ne mi izgledase kako kopija na recimo 19 koja veke vo moite misli e poligoni usporedba so 24. Zamisli sakas da sledis fudbal i postoi igrata, sto poveke nekoj bi posakal? Steta sto mislam deka fudbalot e glupost i treba da se sledi samo so drustvo vo kafana kako vprocem i sabanskata muzika, na primer. Pa taka ke vide bel den ednas vo sina mesecina lol no toa ne znaci deka ne e ok da postoi. Naprotiv.
И јас ја имам 24ката. Ја ниеднаш немам пуштено утакмица да играм исто како и на предходната што ја играв 18ката. неколку дена менџер мод играв, освоив лига со просечен клуб за 2 сезони и ми здосади.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
Има ли некој за Lethal Company?
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.428
Поени од реакции
13.518
Ја играм RDR2 моментално, да знаев дека...

.. Артур ке умре толку рано во играта ке го обиколев светот со него, пред последната мисија. Многу глупо ми дојде кога умре, омилен гејминг лик ми е. Прво ми го убија коњот, а баш го апдејтнав и му купив нови работи.. Сега продолжувам со Џон, ама некако уште сега имам носталгија кон Артур. А и сакав да ги довршам Дуч и Мајка со него, сега најверојатно со Џон ке треба..
За мене идеално сценарио би било да се одделеа посебна екипа Артур, Џон, жена му со детето, Чарлс, Санди и да отидат некаде на запад.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.673
Поени од реакции
8.102
Само што видов GG.MK ќе прават пренос за македонската публика на The Games Awards 2023.

Чудо сите вие гејмери немате отворено тема за The Games Awards.

Screenshot_20231207-191457_Instagram.jpg
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
Која и да е да не биде armored core или bg3.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Која и да е да не биде armored core или bg3.
Ја мислам дека Spider Man 2 ќе си земе поштено прво место или евентуално Alan Wake 2, ама сепак мислам дека спајдер ман ја зима наградата.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
779
Поени од реакции
2.405
Ја играм RDR2 моментално, да знаев дека...

.. Артур ке умре толку рано во играта ке го обиколев светот со него, пред последната мисија. Многу глупо ми дојде кога умре, омилен гејминг лик ми е. Прво ми го убија коњот, а баш го апдејтнав и му купив нови работи.. Сега продолжувам со Џон, ама некако уште сега имам носталгија кон Артур. А и сакав да ги довршам Дуч и Мајка со него, сега најверојатно со Џон ке треба..
За мене идеално сценарио би било да се одделеа посебна екипа Артур, Џон, жена му со детето, Чарлс, Санди и да отидат некаде на запад.
Исто....
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
game of the year bg3 немој да ме јебеш.... Спајдерменто и Алан ги опљачкаа....
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.282
Не знам дали знаете ама 90% зумери гласаат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Како за крај на година и во очи последната епизода на ггмк, решив да направам едно резиме на сѐ она што помина покрај мене изминатава година. Не гледам посоодветна тема од оваа. Изиграв отприлика 20тина игри, но тие со по неколку саати како NBA 2k, Alan Wake (само 2-3 часа поминав тука, ништо сериозно), Sackboy, CIV 6 итн, не би ги рангирал тука.

15. Ghostwire: Tokyo

Ја пуштив само што ја ставија на Каталогот. Ми се допаднаа комбат системот и атмосферата, но не треба да помине многу време за комбатот да стане репетитивен. Светот е инвентивен, но му фали некако суштина - сѐ станува redundant, на моменти ми фалеше некој настан или WOW фактор за да ме мотивира да продолжам понатаму, но не се случи тоа.

Сакам неконвенционален пристап кон некои теми, исто така сакам и да научам повеќе за културата и lore-от на сѐ она што го претставува Ghostwire: Tokyo, но имам чувство дека тоа што е почнато со огромен ентузијазам е завршено, онака, „ради реда“. Не ја довршив играта, ја оставив на повеќе од пола приказна. Мислам дека не ми е мака. И општо не ми е веќе мака за работи коишто не ги довршувам, дали се тоа серии или книги. Порано жив се јадев, се осеќав дека грешев. Уште се осеќам така, но не за работи што ги почнувам и не ги довршувам.

14. Far Cry 6

Ништо не може да ја надмине FC 3. Ја пуштив 6ка од проста причина дека е инспирирана од Куба, и дека главниот град е горе долу реплика на Хавана. Го поминавме медениот месец со Марија таму, сакав да почувствувам било каква емоција што ќе ме потсети на тие денови во центарот на Хавана. На мапата имаше едно место што буквално беше копи пејст од постојката каде што чекавме автобус за Вињалес и Варадеро.

Но освен тоа, Far Cry 6 е жива глупост. Ниту Џанкарло Еспосито не можел да ја „спаси“. Има некои сегменти подобри од претходната (во Far Cry 5 ме нервираше skill tree-то), но далеку од некое задоволително ниво. Има безвезе ликови (сите ликови се уствари архетипови, нема ништо индивидуално во нив), клише приказна и over the top моменти кои на крај се уствари смешни, ама лошо смешни.

13. The Callisto Protocol

Sci-fi is not my cup of tea ако backdrop-от не се користи како метафора за да се раскаже друга приказна, нешто како Соларис на Станислав Лем. Калисто Протокол е кратка игра, и тоа е можеби најдоброто нешто во врска со истата. Не бара којзнае што, нема да те шокира ама нема ни да те разочара. Ако треба да ја опишам во една реченица, тоа е дека е некаде на средина. Тоа што го гледаш, тоа и го добиваш. Викендашка игра. Не би ја критикувал беспотребно, ми истера еден викенд кога Марија беше болна а јас немав што да правам попаметно од ова.

12. Assassin's Creed II

Ме фати на носталгија и сакав да проверам дали сѐ уште ќе ми биде релевантна денес. Немам играно ништо друго освен 1 и 2, така што не би правел споредби. Ецио е култен лик, има одлична приказна со Леонардо Да Винчи тука, и секако, историјата е она што ја прави играта култна. АК 2 ми беше „споредна“ игра, одмарав со неа додека играв нешто друго и посериозно. Не сум сигурен дали ќе продолжам со Ецио, односно со Brotherhood и Revelations, но ќе видиме. Не се брзам никаде.

11. Overcooked 2

Добар тест за бракот ми беше ова. Се снајдов многу подобро од него во вистинска кујна, за разлика од жена ми која за малку ќе кршеше контролер. Overcooked 2 е сѐ она што го подразбирам за забава - напнатост, интензивност, динамика, мускулна меморија, смеење, rage. Има и неколку експанзии, сите се уникатни и интересни. Одвреме навреме знаеме да ја пуштиме уз пиво и пуканки, но малку е заебано ако не фатиш моментум затоа што по подолги паузи бара рефреш на меморија.

10. It Takes Two

Ова е нешто доста креативно и уникатно. Единствен заеб од моја страна е што ја игравме во долги интервали и последниот чин ми беше малку монотон и непотребен. Ми се допаѓа метафората тука. Сакам кога нешто е доволно лудо и инвентивно да те тера да копкаш по свои мемории и спомени од детството. Уште поважно - ова е дејт најт ат итс фајнест.

9. Uncharted: Legacy of Thieves Collection

И двете се тука, и Uncharted 4 и продолжението Lost Legacy. Ова беше моето запознавање со франшизата, и да не изиграв некои ремек дела годинава, Uncharted ќе котираше доста повисоко на листава. После толку темнила и хаоси од игри како Диабло, Дум и Бладборн, оваа беше вистинско освежување за очи. Исто така, ги почитувам акционите секвенци, којзнае колку било тешко да ги изведат вакви какви што се. Сѐ на сѐ, Uncharted ми е feel-good игра. Би ги изиграл и првите три дела во иднина.

8. Diablo IV

А требаше да биде број 1. Малку и моја е одговорноста за ова. Бев толку исхајпан да ја играм што ја играв 15 часа без престан првиот ден. Класичен burn out ми се деси, морав да правам пауза за да ја продолжам. Моментално сум до последниот чин, а Диабло е игра за енд гејмот, така што следната година очекувам да се качи каде-каде погоре на листата.

Пораснав со Диабло. Со најдобриот другар од детство договоривме играчка сесија некој ден, сака да ја осети 4. Со него ги поминавме Диабло 1 и 2 крајот на 90те. Татко му ни дозволуваше по час два играње на компјутер, после тоа тој седнуваше на Диабло, а ние го гледавме. Нема ден а да не помислам колку ми фали детството. Диабло, заедно со Castle Wolfenstein и Doom беше една од игрите што одбележуваат генерации.

7. Ghost of Tsushima

Еден од најубавите светови во кои што сум „живеел“ одредено време. Допадлив протагонист, типична приказна, добра атмосфера, солиден пејсинг. Репетитивни сајдквестови, освен тие што имаат обемни приказни (споредните ликови, им ги заборавив имињата), репетитивен комбат и антиклимактичен крај. Целиот билд ап на третиот чин не го доставува тоа што го вети. Крајната борба со Монголците трае пократко од семафорите на Рекорд. Сепак ми е една од подрагите мемории и со нетрпение очекувам продолжение доколку го има.

6. Doom Eternal

Нема нешто покул од Дум. Нема поголем фраер од Мик Гордон. Никогаш не бев во Quake или Unreal Tournament фазон, но секогаш бев за Doom. Најважната разлика помеѓу Етернал и 2016 е тоа што во Етернал мора да ги користиш сите можности и оружја, дури и најслабите, до последен момент. Генијална е, многу забава и многу адреналин. 'Demons can be an offensive term. Please refer to them as mortally challenged' ми е онака генијална реплика апропо денешните контексти. Понекогаш, кога немам подобра идеја, го слушам саундтракот.

5. Disco Elysium

На почетокот ветив дека ги оставив игрите коишто ги изиграв само неколку часа, за некои идни времиња и нови резимеа, но морам да направам исклучок со Диско Елисиум. Поминав кратко време со неа, но да привршам нешто друго во моментов (Холоу Најт) и одвај чекам да ѝ се вратам. Ме маѓепса од сам старт, нестрплив сум да видам што сѐ има во играта. Бара трпение, и многу читање. Јас немам проблем со читање. Живеам за и од тоа.


Вакви, навидум „мали“ моменти ми го прават искуството незаборавно. Куњо е еден од оние ликови од реалниот живот што сакаш да ги шамараш ама и љубопитен си да дознаеш како им работи мисловниот процес.

4. Days Gone

Пишував за Days Gone тука кога ја почнав. Сѐ уште не ми се верува дека игра со протагонист по име Дикон Сент Џон и љубовна приказна 80ти стил во центарот на збиднувањата, ќе ме освои толку многу и ќе мислам на неа често. Почнува некако бавно и мачно. Возењето со мотор ми беше ужасно искуство сѐ додека не сфатив дека со upgrade-ите станува smooth и полесно за хендлање. Days Gone, иако водена од љубовна приказна, е со многу поголем обем од тоа што го прикажува на површина. Лудиот полковник (малку ме потсеќаше на Дач од РДР2), побратимот на Дикон, третиот камп, ордите, адреналинот што доаѓа со ловењето орди, и КРАЈОТ, сѐ е генијално и импресивно, и најважно од сѐ - сите раскажувачки елементи (дури и навидум неспоредливите) се вклопуваат во целокупната слика.

1. Hollow Knight

Сите ми се број 1 од овие три. Ремек дела е мал збор. Се сеќавам дека ја почнав Hollow Knight кога правев пауза од две игри. Изиграв 15тина саати, и сфатив дека не е ова игра за „измеѓу“, туку треба да се сфати сериозно. Моментално имам околу 40тина часа оставено на играта. Синоќа го победив The Hollow Knight после 2 дена интензивни борби. Следно ќе се пробам во Пантеонот и Колосеумот (ми остана уште последниот колосеум).


Мојата верзија на божиќна песна.

Hollow Knight е сѐ она што го барам од една игра. Легнувам навечер, се вртам на страна како на мемето со мажот и жената I wonder what he's thinking и мислам на следното нешто што треба да го направам на наредната играчка сесија, дали да тргнам против некој dream boss, кое е перфектното charm combo за trial of fools, што значеше тој и тој лик што го сретнав таму и таму. Сакам кога играта не ми кажува сѐ, туку треба сам да си ги склопам работите. Површинското раскажување е одлично за забава, ама длабокото е the real deal. Копањето длабоко ме носи на места кои раскажувачите не ни ги зеле предвид, и тоа е магијата на Hollow Knight. Има уште бајаги играње тука, ќе се дружам со неа до Божик па после ваљда конечно ќе тргнам со Cyberpunk.

1. Bloodborne

Почетокот ми беше чист мазохизам. Ова е мојата прва соулс игра и ми требаше време да ѝ ја сфатам логиката. Разговорите со @wot ме окуражија да ја поминам првата препрека, односно првите неколку часа. После тоа беше полесно.

Немам адекватни зборови за Блодборн. Не можам да зборувам за неа без да осетам некој наплив од емоции. Еден момент ми двои од сите останати - беше околу 2 по полноќ, си реков ај уште една борба против Blood Starved Beast и ќе си легнам. Веќе часови и денови поминав со него, му го простудирав секое едно движење, секој напад, бев трпелив. Борбата не беше борба туку танцување. Конечно го победив. На последниот пат, 2 по полноќ. Мислев дека имам тахикардија, срцето ќе ми излезеше од гради на последниот удар. Кога се разбудив следното утро, Марија ми вика Некако среќен си денес, чудно ми е, се има нешто случено. Не знам како да ти објаснам, ѝ велам, што и да кажам нема да ме разбереш.

Секој ден мислам на Bloodborne. Но да бидам искрен, на неколку моменти морав да користам водич (jacksepticeye бајаги ми помогна). Немаше никогаш да стигнам до замокот во снег - не бев научил за таква логика и бектрекинг дотогаш. Блодборн ми помогна и со Hollow Knight, се осетив доста поспремен на второто играње на Hollow Knight. Таргет за 2024 ми е Елден Ринг.

1. Returnal

На почетокот спомнав дека сци-фи ми е go-to жанрот за метафора. Returnal е bittersweet искуство. Истиот период додека ја играв поминував еден доста тежок момент со мајка ми, кој е страствен пушач и еден таков деструктивен карактер што успеа да ги запуши вените на двете стапала и евентуално да заврши во количка. Три месеци ми траеше таа голгота од безвезни ствари како барање паркинг на клиника до целовечерни сесии со молење да ги остави цигарите откако ја начекував како „гребе“ цигари од болничарите и се крие на една тераса каде што цел оддел се собира за кафе и цигари на шести спрат на Васкуларха хирургија. И во меѓувреме дојде ова, како испорачано. Очекував едно нешто, а на крај ме однесе на сосема друго место, и ми направи таква паралела со мојот живот во овој период што ми делуваше како терапија и утеха. После болничките посети седнував да играм Ретурнал и на некој начин си ги рационализирав мислите.

Приказната на Селин ми прикачи котва на нозете и ме остави на милост и немилост на плимата и осеката. Ми остави простор да креирам свои теории за тоа што сѐ претставува нејзината приказна, и ми потенцираше што точно треба да ме тресне од земја. DLC-то отиде подалеку со односот помеѓу неа и мајка ѝ. Секвенците во куќата се повознемирувачки од било кој хорор филм. Се сеќавам имаше еден момент каде играш со Хелиос и наоѓаш говорна порака со навидум едноставна, секојдневна содржина - Селин остава инструкции како да се загрее храната што ја подготвила, но контекстот, тонот и начинот на кој е снимана пораката остава длабок траг во мене кој и до ден денес ме штрекнува кога ќе помислам на искуството што ми го приреди Returnal.

Ќе довршам и тука некои работи како скриениот крај и кулата. Моментот кога се качуваш за да се пресметаш со Хиперион е еден од оние моменти за кои вреди да си жив, и покрај сите срања што ги приредува животот. Ова е одличен пример за тоа како некој таму некаде бил доволно креативен и луциден да ни открие еден мал дел од нивниот мозок и решил да ја преџвака Don't Fear the Reaper, да вметне грчка митологија и епилептичен спектар на бои и да каже еве ви, сега е ваше, правете што сакате со ова.


За 2024 - најверојатно во јануари Сајберпанк, па после тоа можеби Елден Ринг. Сакам и ГоВ Рагнарок, ГТА 5, планирам да поминам време на РДР Онлајн. Хадес дефинитивно - ова ми е на то до листа. Диско Елисиум да не ја заборавам. Исто и Диабло, Мајлс Моралес и Алан Вејк. Па што има друго? Не знам, има време.
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.147
1. Hollow Knight

Сите ми се број 1 од овие три. Ремек дела е мал збор. Се сеќавам дека ја почнав Hollow Knight кога правев пауза од две игри. Изиграв 15тина саати, и сфатив дека не е ова игра за „измеѓу“, туку треба да се сфати сериозно. Моментално имам околу 40тина часа оставено на играта. Синоќа го победив The Hollow Knight после 2 дена интензивни борби, мислам дека напамет го научив. Следно ќе се пробам во Пантеонот и Колосеумот (ми остана уште последниот колосеум).


Мојата верзија на божиќна песна.

Hollow Knight е сѐ она што го барам од една игра. Легнувам навечер, се вртам на страна како на мемето со мажот и жената I wonder what he's thinking и мислам на следното нешто што треба да го направам на наредната играчка сесија, дали да тргнам против некој dream boss, кое е перфектното charm combo за trial of fools, што значеше тој и тој лик што го сретнав таму и таму. Сакам кога играта не ми кажува сѐ, туку треба сам да си ги склопам работите. Површинското раскажување е одлично за забава, ама длабокото е the real deal. Копањето длабоко ме носи на места кои раскажувачите не ни ги зеле предвид, и тоа е магијата на Hollow Knight. Има уште бајаги играње тука, ќе се дружам со неа до Божик па после ваљда конечно ќе тргнам со Cyberpunk.
На прсти се бројат игрите што ми направиле таков high во животот да не можам да ги заменам со ништо друго.
Hollow Knight е една од тие игри.
Со @wot ја имаме дискутирано многу.
Имам пробувано да најдам нешто слично на ова, најблиску ми била Ori and the Will of the Wisps (вториот дел, не првиот), али во Ori се гледа дека очајно сакала да биде Hollow Knight и во тоа не успеала баш многу, а жртвувала премногу со тоа што го има сменето скроз пристапот на гејмплеј во однос на првиот дел, за кој што важеше како една од подбрите игри за таа година.

Во иднина се најавени дека ќе искочат премногу игри, меѓутоа само за две сум вистински хајпнат: Silksong и Hades 2.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom