Сендвичара "Седмица"

Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Сега го гледам менито. Хамбургерот што рековте дека има најквалитетно месо им е 220 денари, додека чикен бургер е 240 денари.
Којзнае колку месо има во смесата кога плескавицата е поефтина од стекот со оглед на тоа дека никаде во светот пилешкото не е поскапо од јунешкото. :icon_lol:
Два стека ставаат, на почеток е ок ама после неколку гриза,
барут сув не се голта
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.615
Поени од реакции
42.139
Ретко у која сендвичара има добар стек. Најчесто нема укус на ништо.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.493
Поени од реакции
26.050
На 7 септември 87та имаат почнато со работа, затоа.
Не многу креативно :D
Ништо тогаш. Нека си го сменат името во 87-ца.
Автоматски споено мислење:

Абе знам дека не е тој тој, ама нека стаи со усул ко што викате ви,а не да се бања пирошка како кумуњар одсабајле пред избори. Џакузи ми се дешаваше.

@beneamata брат кажи ти ако сакаш еве ја и јеботегрл ке обеќамо дека нема више да едемо комбиниран. Еве и Коби ке фаќа врске да се избаци од мени. Еве нека има само хамбургер и ништо друго.
Само ти да не се чудиш.
Убав си и се видел па те частела 20 денари бонус преливи.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Не сум побистар, не ни ми беше тоа намерата да докажувам, ама барем не зборувам на памет. Зошто би кажувал невистина и лага објасни ми? Која би ми била целта? Ти кажувам дека го знам лично човекот што им носи месо и на нив и на 80% од сендвичарите и рестораните во Скопје и тој ми кажува од каде да земам квалитетно месо и каде да јадам поквалитетни работи. Ако одиме во ситници не постои здрав хамбургер, не постои здрава сендвичара и крај на приказната. Ама, ако знам дека месото што го набавуваат не е од пцовисан коњ и е високо квалитетно тогаш не би се двоумел да јадам таму. Едноставно е ти кажав 30 000 пати, не ја знам точната смеса, ама знам дека плескавицата од аспект на тоа колку % на чисто и квалитетно месо има во нејзе е на број 1 во Скопје, толку. Зашо нели, покрај тоа што другарчево знае какво месо набавуваат, се знае и со шефовите од таму па има и плус инфо. Јас не ти тврдам дека не ставаат пример лебни трошки и додатоци во плескавицата, далеку од тоа, а и не ми ни беше поентата да ги рекламирам или правдам, само споделив инфо што го знам и што е сигурно точно, а не лупнав од памет дека користат РАНДОМ ТЕРМИЧКИ ОБРАБОТЕНО МЕСО. Значи ова твоево не е точно тоа со сигурност ти тврдам и не биди упорен да докажеш нешто што не е така, ко сеа јас да речам во Вива соковите ставаат краставици, а поима немам ни како ги прават ни што ставаат во нив.

Пак ќе ти кажам, зошто не искоментирав за Ројал, за Тетекс, за Бејкинг Бред, за некои трети? Мислам, знам и по некое инфо и за дел од овие ама темата беше 7ца и знам дека се најдобри од аспект на квалитет. И уште еднаш ќе кажам, јас не реков дека ако имаат најдобар квалитет дека мора да јадеш таму или да ти се допаѓа истото, хамбургерот не е само плескавица, битно е и лепчето, компирите, кечапот, мајонезот итн..., така да секој си има свој вкус и си јаде тоа што му се допаѓа. Ете има луѓе што им смета плескавицата од 7ца и тоа е тоа, што го боли стапот тој некој што е плескавицата квалитетна кога него му пречи и му ствара мачнина? Ај сеа стварно толку од мене, моја да беше 7ца немаше волку да се изнапишам за нив, и кога ќе дојдеш од Австралија на гости за казна ќе частиш еден сендвич од 7ца. :D
А кај викам дека е рандом термички обработено? Јас ти викам дека користат рандом механички обработено месо, и како такво се увезува, поефтино е, не доаѓа како цели парчиња па да се обработува и мели тука. Дополнително имаат и месо од нивно производство, само е во далеку помали количини и ова оди во ресторанот.
И ова не е само за нив, туку за голем дел од компаниите, ако другарот ти е навистина во увоз на големо сигурно има налетано на истото. Истото е дозволено и низ цела ЕУ, единствената разлика е што во мкд смееш да увезуваш и од живина кое е забрането надвор.

Инаку таа плескавица е далеку од чисто месо, секогаш кога сум јадел таму имам завршувано подуен како тапан и со киселини/болка во желудникот. И тоа ја имам пробувано и само плескавицата, кога сум терал лоу карб и кето, и пак иста приказна (ај демек да не било од компирите и лебот). Рскавиците да не ги спомнувам.
Од друга страна имам правено самиот дома со чисто месо (пред очи ми го мелеле во месарница тоа што ќе си одберам), сум правел од 100% јунешко, сум мешал со свинско, сум ставал кромид/леб -никаква подуеност, никаква болка.

За частење лесна работа, ќе најдеме подобро место за храна и нешто што ќе биде цело парче месо :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.653
Јас ти викам дека користат рандом механички обработено месо, и како такво се увезува, поефтино е, не доаѓа како цели парчиња па да се обработува и мели тука
Значи не, не и не, и разбери дека не е така.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.785
Поени од реакции
21.318
Ретко у која сендвичара има добар стек. Најчесто нема укус на ништо.
Искрено ако сакаш добар стек на скару, наравно не е сендвичара, иди у Ана Кристи у Лептокарију.
Гази стек, кида.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.653
Искрено ако сакаш добар стек на скару, наравно не е сендвичара, иди у Ана Кристи у Лептокарију.
Гази стек, кида.
Исто и растурениот ражнич, П О Р Њ А В А
 

Kajgana Shop

На врв Bottom