Не сум побистар, не ни ми беше тоа намерата да докажувам, ама барем не зборувам на памет. Зошто би кажувал невистина и лага објасни ми? Која би ми била целта? Ти кажувам дека го знам лично човекот што им носи месо и на нив и на 80% од сендвичарите и рестораните во Скопје и тој ми кажува од каде да земам квалитетно месо и каде да јадам поквалитетни работи. Ако одиме во ситници не постои здрав хамбургер, не постои здрава сендвичара и крај на приказната. Ама, ако знам дека месото што го набавуваат не е од пцовисан коњ и е високо квалитетно тогаш не би се двоумел да јадам таму. Едноставно е ти кажав 30 000 пати, не ја знам точната смеса, ама знам дека плескавицата од аспект на тоа колку % на чисто и квалитетно месо има во нејзе е на број 1 во Скопје, толку. Зашо нели, покрај тоа што другарчево знае какво месо набавуваат, се знае и со шефовите од таму па има и плус инфо. Јас не ти тврдам дека не ставаат пример лебни трошки и додатоци во плескавицата, далеку од тоа, а и не ми ни беше поентата да ги рекламирам или правдам, само споделив инфо што го знам и што е сигурно точно, а не лупнав од памет дека користат РАНДОМ ТЕРМИЧКИ ОБРАБОТЕНО МЕСО. Значи ова твоево не е точно тоа со сигурност ти тврдам и не биди упорен да докажеш нешто што не е така, ко сеа јас да речам во Вива соковите ставаат краставици, а поима немам ни како ги прават ни што ставаат во нив.
Пак ќе ти кажам, зошто не искоментирав за Ројал, за Тетекс, за Бејкинг Бред, за некои трети? Мислам, знам и по некое инфо и за дел од овие ама темата беше 7ца и знам дека се најдобри од аспект на квалитет. И уште еднаш ќе кажам, јас не реков дека ако имаат најдобар квалитет дека мора да јадеш таму или да ти се допаѓа истото, хамбургерот не е само плескавица, битно е и лепчето, компирите, кечапот, мајонезот итн..., така да секој си има свој вкус и си јаде тоа што му се допаѓа. Ете има луѓе што им смета плескавицата од 7ца и тоа е тоа, што го боли стапот тој некој што е плескавицата квалитетна кога него му пречи и му ствара мачнина? Ај сеа стварно толку од мене, моја да беше 7ца немаше волку да се изнапишам за нив, и кога ќе дојдеш од Австралија на гости за казна ќе частиш еден сендвич од 7ца.