Политички случувања во Израел

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.816
Поени од реакции
5.474
За Палестина масовно се паѓа во несвест, не за Израел. Никој не се потресе за Ерменците, никој не се потресе за Јеменците, никој не се потресе за Ујгурите. Ги нема арапите и ЛГБТКЈУ да се потресуваат ни на несреќите на муслиманите, а камо ли на некој друг.

Ама кога се работи за Палестина сите се на нозе, од арапи до крајна левица. Се прашувам зошто.
Ниту за Курдите некој се потресува. Никој од нив нема зуцнато за голготата на Курдите.

Ама остај сега племиња, неплемиња. И во Белорусија а и предходно во Украина најголем дел од провокаторите беа племиња од Литванија, Летонија, Полска, Естонија, Романија, Грузија, Израел ..
Фати разлистај ја темата да видиш колку " Украинци " што појма немаат ни руски ни украински се фалеа со селфиња и сториња што праеа на Мајдан.

Не треба никаков печат. Делата а особено нарацијата со која се води некој муабет одма покажува кој што е. Ако си ја имаш мувата на капата, немам коментар.

Исто и за последниот пасус немам коментар. Вие си знаете што правите.
Абе сега ајде консталацијата на Украина и Либија е различна. Украина не е составена од племиња како Либија.

Точно да, имаше мнооогу платеници и на Мајдан кои за пари креваа излезеност и немири (исто како кај нас што имавме гости од Бугарија и Србија за време на шарената), но домицилното население на Украина беше носителот на протестите.

Вие си знаете што правите, ок. Ама ти пиша за да не пцуеш си ставал реакции, така да затоа ти реплицирав за тоа. Ако не се согласува некој со тебе, и ако има различно мислење, не треба да го пцуеш, и не сфаќам која е потребата на тоа. Кажав и претходно, тоа што имаме различни погледи, не значи дека вие сте предавници а јас патриот и обратно, не значи дека вие ја сакате повеќе татковинава од мене и обратно, едноставно различно ги гледаме работите и не мора да се сфаќа лично. Мислам, секој од нас има разум, и тоа е тоа што не дели од останатите видови кои живеат на планетава, и не знам кој ви е поривот ако размислува некој различно од вас да ви иди да го пцуете.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.797
Поени од реакции
32.889
Изгледа пропорционален одговор носи само кон ново насилство.
Ако сакаш да го спречиш непријателот да нападни пак, мора да биди х10, х100, колку и да треба да не се повтори во иднина.
Непријател?
Аман, бројки за цивилни жртви ти кажував... И тоа само уште повеќе ќе ја ескалира војната.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.335
Поени од реакции
4.936
Непријател?
Аман, бројки за цивилни жртви ти кажував... И тоа само уште повеќе ќе ја ескалира војната.
2 работи.
Од кај го најде ти бројот на загинати цивили, и,
Ако ти е гајле за цивилите, ќе пишуваш подеднакво на сите теми каде гинат цивили.

И да, непријател очигледно.

Епа читаш сега што пишуваме за Израел ?!
Реторичко беше прашањето. :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.545
Поени од реакции
59.129
Ти откаде слушна за војнава? Не е од популарни медиуми? И од друга страна зошто немаш слушнато за етничкото чистење на Ерменците во Нагорно Карабах, не е затоа што не го спомнуваа во истите тие популарни медиуми?
X

Слушнав и за двете, се има само нема иста реакција за останатите кои страдаат, како што спомнав и предходно. Не знам што толку си се фатил за медиумите, ако МСМ имаа толкаво влијание улиците ќе беа преплавени со про-Израел протести, не обратно. Без разлика што објавува МСМ, резултатот е масовни про-Палестински протести. Така да не знам зошто воопшто се замараш со медиумите, кога Палестина ја има поддршката насекаде. Арапите, кои патем не се замараат кога гинат други арапи освен Палестинците, левицата, ЛЏБТ, БЛМ, Антифа, Сорос, Морос, се е тоа активирано.

За жал ситуацијата е дека Хамас предизвикаа далеку помоќен противник, знаеја што ги чека. Не знам какво сценарио имаа во главата, дали дека Хезболах ќе се вмеша... ми изгледа како да им беше ветено нешто ама изгледа дека ги насанкаа. Лидерот на Хезболах вчера глумеше нешто како го напаѓа ајатолахот на Иран што не им давал зелено светло да се вмешаат, како некој да му брани да се вмеша. Знаат сите со кого си имаат работа и затоа не се мешаат, Хамас ги издриблаа и последиците се овие што ги гледаме сега.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.234
Поени од реакции
25.405
Абе сега ајде консталацијата на Украина и Либија е различна. Украина не е составена од племиња како Либија.

Точно да, имаше мнооогу платеници и на Мајдан кои за пари креваа излезеност и немири (исто како кај нас што имавме гости од Бугарија и Србија за време на шарената), но домицилното население на Украина беше носителот на протестите.

Вие си знаете што правите, ок. Ама ти пиша за да не пцуеш си ставал реакции, така да затоа ти реплицирав за тоа. Ако не се согласува некој со тебе, и ако има различно мислење, не треба да го пцуеш, и не сфаќам која е потребата на тоа. Кажав и претходно, тоа што имаме различни погледи, не значи дека вие сте предавници а јас патриот и обратно, не значи дека вие ја сакате повеќе татковинава од мене и обратно, едноставно различно ги гледаме работите и не мора да се сфаќа лично. Мислам, секој од нас има разум, и тоа е тоа што не дели од останатите видови кои живеат на планетава, и не знам кој ви е поривот ако размислува некој различно од вас да ви иди да го пцуете.
Пак сега тресеш зелени. Како Либија е различно составена од Украина кога и во Украина имаш апла мешан народен состав. Па само Руси се 25% + или нив не ги броиш затоа што официјално се избришани од уставот ?
Каде се , Белоруси, Литванци, Пољаци, Унгарци, Романци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци ?!

Под домицилно население ако сметаш северџани тогаш тоа не е домицилно, тоа се предавници.

Погрешно ме сфати, јас ставам реакции за да не дојде до пцуење и закажување ферки. Особено е бесполезно за рандом ставови во врска со Израел, Украина, Челзи, Јувентус ...
А тоа што не се согалсуваш со мене не си единствен а и ја не сум единствен што со секого не се согласува. Затоа нема потреба да се гониме низ форумов заради различно размислување. Може да напишеме пост и да укажеме зошто не се согласуваме. На форум сме по сопствена желба за да исполнуваме слободно време. Ни сме платени ниту присилени да форсираме дебати .
Ме сфати сега конечно што сакам да кажам ?
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.271
И после не им била целта протерување на Палестинците. Отворено си кажува чоекот. Дури не им е важно да се земе предвид дека Палестинците се човечки суштества со семејства, надежи и соништа. Наместо да се фокусираат на изнаоѓање мирно решение за конфликтот што ќе ги почитува правата и аспирациите и на Израелците и на Палестинците и ќе им овозможи да коегзистираат во безбедност и мир они бараат начин како да ги протераат луѓето кои пред 70 години ги примија во сопствената земја.
Мирна коегзистенција,мислиш како кај нас?Да им ја дадат цела држава,да лапаат тендери,рамковни да седат дома и земаат плата,бадинтер,да не одговараат пред законот и да не плаќаат струја пошто е тоа огромна неправда и харам против нив?Ние многу скапо ја плаќаме нашата мирна коегзистенција со едни слични на нив.Е па израелциве не се спремни на такви уцени.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.816
Поени од реакции
5.474
Погрешно ме сфати, јас ставам реакции за да не дојде до пцуење и закажување ферки. Особено е бесполезно за рандом ставови во врска со Израел, Украина, Челзи, Јувентус ...
А тоа што не се согалсуваш со мене не си единствен а и ја не сум единствен што со секого не се согласува. Затоа нема потреба да се гониме низ форумов заради различно размислување. Може да напишеме пост и да укажеме зошто не се согласуваме. На форум сме по сопствена желба за да исполнуваме слободно време. Ни сме платени ниту присилени да форсираме дебати .
Ме сфати сега конечно што сакам да кажам ?
Епа јас со ова се согласувам 100%, впрочем на иста бранова должина сме. Никој не присилувам да мисли како мене, доста пати кога сум видел дека не сум во право знам да речам дека погрешив, не е тоа ништо страшно. Но за нешто што мислам дека сум во право, си стојам зад ставот, и не мора да се пцуе поради тоа, и да те следат од тема во тема, да те цитираат и вреѓаат. Мислам дека никој не го заслужува тоа, и секој си има право на одбрана.

Пак сега тресеш зелени. Како Либија е различно составена од Украина кога и во Украина имаш апла мешан народен состав. Па само Руси се 25% + или нив не ги броиш затоа што официјално се избришани од уставот ?
Значи вака, во Либија се племиња: Туарези, Арапи (во кои има 10+ различни племиња Арапи), Бербери, Тебу племето, од поголемите, а 50% од другата територија на Либија се стотици различни племиња. Значи не е како во Украина, 25% Руси итн. Туку тука имаш стотина различни племиња на кои Гадафи им беше лепакот. Затоа и ден денес Либија не може да се соземи и сеуште е народски кажано курокуќа. Неможеш да ги споредиш...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.234
Поени од реакции
25.405
Мирна коегзистенција,мислиш како кај нас?Да им ја дадат цела држава,да лапаат тендери,рамковни да седат дома и земаат плата,бадинтер,да не одговараат пред законот и да не плаќаат струја пошто е тоа огромна неправда и харам против нив?Ние многу скапо ја плаќаме нашата мирна коегзистенција со едни слични на нив.Е па израелциве не се спремни на такви уцени.
Си ги измешал лончињата за тоа кој е домаќин а кој е гостин.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.271
Си ги измешал лончињата за тоа кој е домаќин а кој е гостин.
Не сум ги измешал,туку само кажав зошто израелциве не се спремни на коегзистенција слична на нашава.Иначе да лончината се измешани,не се знае кој со кого е и за чива тајна служба работи.Мене на пример ми е чудно шо Мосад не суми дека нешто се спрема на 7 Октомври.:cautious:Хамас премногу опуштено си влезе на израелсака теритоија и извршија масакри врз цивили.Хамас ми се многу сумливи за кого уствари работат?Можда да си ги наполнат џебовите?Како и да е од целава ситуација голем губитник на крајот ќе биде и украинскиот кловн,кој веќе ја губи подршката од западов.Очигледно е дека Израел им е побитен.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.039
Поени од реакции
9.226
Не сум ги измешал,туку само кажав зошто израелциве не се спремни на коегзистенција слична на нашава.Иначе да лончината се измешани,не се знае кој со кого е и за чива тајна служба работи.Мене на пример ми е чудно шо Мосад не суми дека нешто се спрема на 7 Октомври.:cautious:Хамас премногу опуштено си влезе на израелсака теритоеија и извршија масакри врз цивили.Хамас ми се многу сумливи за кого уствари работат?Можда да си ги наполнат џебовите?Како и да е од целава ситуација голем губитник на крајот ќе биде и украинскиот кловн,кој веќе ја губи подршката од западов.Очигледно е дека Израел им е побитен.
Газа е под надлежност на Шин Бет https://en.wikipedia.org/wiki/Shin_Bet

Мосад е за надворешно а овие за внатрешно разузнавање.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.234
Поени од реакции
25.405
Значи вака, во Либија се племиња: Туарези, Арапи (во кои има 10+ различни племиња Арапи), Бербери, Тебу племето, од поголемите, а 50% од другата територија на Либија се стотици различни племиња. Значи не е како во Украина, 25% Руси итн. Туку тука имаш стотина различни племиња на кои Гадафи им беше лепакот. Затоа и ден денес Либија не може да се соземи и сеуште е народски кажано курокуќа. Неможеш да ги споредиш...
Можеш да го споредиш од аспект дека и во едната и во другата држава после америчката демократија има многу понагласено неединство за разлика од предходно.
А затоа Украина еве ја се созема и не курокуќа. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom