Та не е саде он.
Инаќе се е стејт оф мајнд. Одиш во казино се коцкаш пола саат-саат има тука адреналин интересно, неизвесно, малце ексцајтмент и си излгеуваш после тоа и си одиш дома без да се тресеш пак да мораш секој ден. Истото и за алкохолот истото и за цигарите истото и за убавата храна (која по медицински Марфи е нездрава) истото е и со жените. Е сега не е така лесно, си играш играчки со опасни работи. Човекот како единка суи џенерис е склон на зависност од задоволствата а апситеннцијата и откажувањето како да те убиваат. За разлика од алкохолот и цигарите, добрата работа кај жените е што нема супстанца односно зависноста е чисто психолошка. Јас тоа ќе го раскажам преку една тотално глупа приказна што моментално ја смислив и ја крстив
Калуѓерот кој ти го даде своето Ферари.
Си седиш ти така дома едно попладне и некој ти ѕвони. Ѕиркаш низ клучалката и го гледаш компијата. Твоја генерација, богато човече ама пак ок, кул отсекогаш сте се дружеле сте излегувале во град, сте во најблиско друштво.
-Ајде бе комши, бујрум на кафе и цигар-му викаш.
-Фала комши, овој пат не сум за задржување.
-Е де, кај се брзаш?
-Комши знаеш дека у животов пари сум имал повеќе од доволно. Ама духовно се осеќам сиромашен и секогаш сум ја имал таа празнина. Решив да одам калуѓери.
-Аман бе?!!! Во кои калуѓери?!!!!
-Што знам Света Гора, Тибет, дервиши ќе видиме нешто. Него батали тоа. Знаеш дека отсекогаш сме биле блиски и сум те ценел. Затоа сакам да ти го дадам Ферарито.
-Еј брат, не можам да прифатам таква работа.
-Можеш, тебе ти верувам и тебе сакам да ти го оставам. Слободно вози го, уживај со него, бркни некоја
, сигурно ќе шмекаш повеќе него со Југцето твое, ама чувај го добро.
-И до кога бе комши би го чувал?
-Не знам бе друже шо да ти кажам. Може ми е некоја минлива фаза па уште утре ќе се вратам. А може и ќе го најдам тоа што го барам па ќе ти остане вечно за тебе. Ајде сега чао, ме чекаат чакри, зенови и тако даље.
Да ја анализираме оваа ситуација. Ретко кој би го одбил Ферарито нели? Се разбира има и такви. Оние кои од сопствени етички, морални, духовни или икс причини би се откажеле од земски задоволства. Ама 90% го прифаќаат ферарито. И тука настануваат проблемите. Обично единствениот фактор по кој ќе се дефинира одвивањето на настаните е факторот-време. Ако хипотетички комшијата се пишмани и се врати уште утредента или после неколку денови и месеци проблемите се движат од минимални до никакви.
Исто така проблемите се никакви ако компијата никогаш не се врати.
Но обично излегува најтешката варијанта, а тоа е-Комшијата се враќа после неколку години. Што се случува во тие неколку години?
Ти и Ферарито почнувате врска. Од прво го истражуваш, му се чудиш па дури и те нервира. Не знаеш како функционира типтроник, не си навикнат да седиш на шо се вика 2 сантима од асфалтот, се е поразлично. Но се навикнуваш брзо. Го научуваш. Почнуваш да го совладуваш. Но тоа што не го знаеш е дека и он те совладува тебе. Совладувањето прераснува во симпатија, симпатијата во пасија, пасијата во љубов, љубовта во зависност. Ферарито ти изгледа како совршенство, створено за тебе, удобност, моќ, убавина. Ти прави убаво на душата, адреналин, возбуда, жени, брзина, елеганицја, контрола, моќ и полека опсесија. Фактот дека не е твој полека се преселува од највисокиот кат до средината, до приземје, до подрумот, до најзатуцаното ќоше на подрумот. Да тука е фактот, присутен е, ама како нешто секундарно, како некоја обрска која треба да ја завршиш ама не си врзан со никаков рок, па со тоа самата обврска левитира тука на границата помеѓу задолжителна обврска или нешто оставено на твоја лична желба, ако ти сакаш. А на крај се губи и тоа. Сопственоста на Ферарито е твоја. Секој облик на туѓа сопственост останал некој далечен полусон од минатото, некоја магла. Така функционира твојата психа иако де факто ништо не се сменило. Во сообраќајната за сопственик го пишува комшијата. Се сменило само времето кое истекло и твојата психа која се адаптирала на новонастаната ситуација во искривувајќи ја реалноста во полуимагинација која е во твоја полза, во твоја корист и така ти стануваш сопственик на Ферарито. Кога некој во град те види со него и те прашува-Дечко твое ли е Ферариво, ти како од пушка веќе некое време одговараш со-Да, мое е. Во ниту еден милисекунд од тој твој одговор не постои ни најмало светнување на сијаличката за самоизмамата која постанува новата реалност иако како што кажав тоа не се случува преку ноќ туку постепено.
И обично токму тогаш, во тој момент, кога си се вратил од одмор со новата атрактивна девојка шетајќи ja со Ферарито некој ексклузивен остров и си го имал the time of your life едно исто такво попладне некој ѕвони на врата. Отвораш и имаш што да видиш.
-Комши јас се вратив. Мислам дека го најдов тоа што го барав. Фала ти многу што ми го чуваше Ферарито, а сега те молам врати ми ги клучевите.
Остаткот од приказната се конвертира од психопозитивна драма во хорор. Суицидните мисли започнуваат малтене уште истиот ден кога влегуваш во југото и ти текнува на што се враќаш. И од афтерлајфот ти се одживува а не па од животот. Ти се руши целиот систем на удобство, на идеализам, на навика ако сакаш и на совшенство. Ти се дешава најстрашната клетва-еврејската
Ти си сјебан, касно е сега. Кој е крив? Факторот време. Зошто не се врати комшијата порано? Тогаш немаше до толку да се приврзеш и навикнеш на Ферарито. Или зошто не остана таму? На тој начин ферарито ќе беше само твое
Е сега тука е болката. Како да ебеш а да не остане трудна и да се заразиш, како да одиш на сафари во Африка а да не те фати тропска болест, како да го прифатиш Ферарито на калуѓерот а да не те акне тоа од земја покасно. Последнователно одговорите се: купуваш кондом и го ставаш пред почеток на сексот, се вакцинираш унапред, и си ја програмираш психата.
Секој ден дур се миеш во огледало, дур го палиш, дур возиш 250 на саат по Немачки аутобан каде што нема ограничување на брзина, додека добиваш блоу џоб од најубавата во градот секогаш во себе повторувај си. Ова не е мое, ова еден ден ќе заврши. Можеби дури и утре. Уживај сега ама не се заборавај, не се залетувај, ферарито вечно ќе биде туѓо. Секогаш кога ќе видиш дека таа мисла ти тоне, извади ја на површина.
Затоа што тоа се жените. Туѓо Ферари. На крај најверојатно ќе те фати очај и ќе завршиш со некое југо, 101, ако си троа посреќен Опелче, Сеатче ако си нешто надсреќен може и Беемвенце и Ауди. Ама Ферарито еднаш или два пати ќе ти се погоди ако воопшто се погоди. И скоро дефинитивно ќе си отиде некогаш. Тоа што за тебе е Ферари може за друг е Москвич ама за тебе е Ферари. Се друго шо ќе си возел нема да памтиш. Сите други коли немаат трета фаза. Зарем ќе ти биде жал ако од новчаник си изгубил 2 денари (Vlasi wont get this)? Ама за Ферарито ќе патиш. Не биди глуп да го отфрлиш однапред. Земи го. Уживај го. Нека те исполни, нека ти даде многу среќа допамини, адреналини, и остали ини. Само не биди глуп да станеш зависен. Не е ова хероин и супстанца, ова е 100% психа. Да времето работи против тебе. Но тоа што повеќето не го знаат е дека времето не е единствениот фактор. Твојот ментален склоп ако сакаш може да биде посилен од се. To have you cake and to eat it, и јаре и паре, и волкот сит и овците на број.
Малата не е твоја сопственост. Никогаш и нема да биде. Затоа не си гај илузии и ричи. Не биди Роб Ин Шамар (
http://en.wikipedia.org/wiki/Robin_sharma). Ферарито во основа само функционира како и секоја машина. Добар слуга, лош господар.