Фатени во расчекор

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Од кога немам просведочено посесивност и љубомора кај маж. Сѐ е измешано и обратно одошто треба.

И не само тоа. Нема да земе да ја измава со каишот, да и каже курво во јавност, да се враќа пијан од кафана дома барем 3 пати неделно и како маж да рече кај ми е мори вечерата што дремеш како мисирка.

Вчера еден така, оваа му вика ќе одам со колешките од работа на кафе. И овој знаеш што и рече? Убаво да си поминеш. УБАВО ДА СИ ПОМИНЕШ ЕЕЕЈ! Ни кои ти се мори тие колешки, ни бутур. За праша ли ти некој да одиш на кафе и муабет да не правиме. Не остана маж како што треба се педерчиња некои.

Уствари не, ми текна, останаа кај шиптaрите. Знаат оти како треба со жена, уште го имаат она баш право машко понашање, нема лабаво.
 
Ајдаа,
Многу јасно дека не мислев на ќотеци, напротив за мене насилство е баш очаен крик на изгубена машкост. Имам и пишувано на таа тема, али нејсе.

Мислев на заштитнички однос, грижливост, на храброст и на свесност за врската. Еве пример, на колега не му се стануваше од кафана, вечер време на братучед му му се јави да ја земе вереницата му од фиљан место. Нула чувство на припадност во таа врска.

За љубомората секако дека не мислев на психопатско ниво, туку во граници кои нема да доведат до девијантно однесување од каков било вид. Едноставно, како дел од мажите не ги боли уво за личноста во нивниот живот, а дел жените и повеќе одошто треба.
 
Последно уредено:
Мала доза љубомора не боли, но премногу е отров за секоја врска. Патолошката љубомора ја уништува врската и најчесто завршува со крај на истата. Во некои врски порано, во некои покасно, но што порано тоа подобро.
 
@MAJA 345 се сложувам. Да немаше толку посесивни и љубоморни мажи немаше да расте бројот на жени жртви на семејно насилство. Секој 2 е таков. Проблем е што повеќето такви се преправаат пред да се оженат, а дури одкако ќе створат фамилија тогаш излегува волкот од овчјото руво.
Ги мешаш работите, не мора да значи ако некој е посесивен и љубоморен дека ќе те нападне физички. Семејно насилство е многу посложена работа и од друга страна доста жртви се "жртви" односно станува збор за стокхолмски синдром...не дека треба да им се прости на насилниците, далеку од тоа.
Повеќето од луѓето на планетава се сјебани затоа тебе ништо не ти е јасно.
 
@MAJA 345 се сложувам. Да немаше толку посесивни и љубоморни мажи немаше да расте бројот на жени жртви на семејно насилство. Секој 2 е таков. Проблем е што повеќето такви се преправаат пред да се оженат, а дури одкако ќе створат фамилија тогаш излегува волкот од овчјото руво.

жените не можат да бидат посесивни? Ако мажот не е посесивен и го боли кур, жената автоматски станува таа што е посесивната у врската.
 
Значи да ги сумираме женските перспективи кон мажите, нешто видено низ многу теми:

Љубоморен - затуцан балкански сељо
Не е љубоморен - што му е, зашто не е љубоморен, зар не заслужувам малку љубомора?
Агресивен - затуцан балкански сељо
Не е агресивен - маж претворен во жена
Не е богат - мамина маза, неамбициозен, (најверојатно) неинтелигентен и необразован.

Ко што викаат Србите, рџавом курцу и длака сметају.
 
Мала доза љубомора не боли, но премногу е отров за секоја врска. Патолошката љубомора ја уништува врската и најчесто завршува со крај на истата. Во некои врски порано, во некои покасно, но што порано тоа подобро.

Љубомората е секогаш патолошка? Никогаш никој не дал причина за такво нешто?

Еве да речеме, твојот дечко/сопруг почнува да те третира ко опција у врска/брак, се понаша ко да е сингл пред трети луѓе. Кои ќе бидат твоите следни чекори?

1. Продолжуваш ко ништо да не е
2. Раскинуваш у моментот, иако нели многу си го сакала, али имаш направа ко од филмон Eternal sunshine of the spotless mind која ти ги брише сите спомени и немаш гајле, тераш даље.
3. Стануваш љубоморна и имаш нервозна реакција, а дечко ти ти вика зашто си таква посесивна и опседната со мене или пробува да ти набие грижа на совест. Или како се вика тоа, gaslighting? Кога личноста која го креира проблемот "станува" жртвата.
 
Последно уредено од модератор:
Љубомората е секогаш патолошка? Никогаш никој не дал причина за такво нешто?

Еве да речеме, твојот дечко/сопруг почнува да те третира ко опција у врска/брак, се понаша ко да е сингл пред трети луѓе. Кои ќе бидат твоите следни чекори?

1. Продолжуваш ко ништо да не е
2. Раскинуваш у моментот, иако нели многу си го сакала, али имаш направа ко од филмон Eternal sunshine of the spotless mind која ти ги брише сите спомени и немаш гајле, тераш даље.
3. Стануваш љубоморна и имаш нервозна реакција, а дечко ти ти вика зашто си таква поесивна и опседната со мене или пробува да ти набие грижа на совест. Или како се вика тоа, gaslighting? Кога личноста која го креира проблемот "станува" жртвата.
Не, не е секоја љубомора патолошка и затоа реков дека е од суштинско значење да се направи разлика меѓу нормална и патолошка нездрава љубомора. Љубомората е нормална човечка емоција која може да се појави во различни ситуации, како на пример во врски, пријателства, па дури и професионално. Обично произлегува од чувства на несигурност, страв од загуба или неуспех, ниска самодоверба, итн.
Патолошката љубомора, од друга страна, се однесува на прекумерна, ирационална и неконтролирана форма на љубомора која може да биде штетна за поединците и нивните односи. Тоа може да вклучува неосновани сомневања, опсесивно однесување и може да доведе до сериозни проблеми.
 
А јас само сакав да кажам, дека нечие однесување може да допринесе да некој почне да се однесува љубоморно и кога нема причина за тоа. Нели, нарушена доверба и слично или попрецизно - не се секогаш работите само црни и бели или до толку едноставни за да во моментот се пресече и да се донесе правилна одлука/пресуда која е крив, а кој е прав.
 
За тебе увек би била висока, плафон превисока, неприуштива. Нешто што неможеш да го платиш, па макар работел и штедел 100 животи.
Посекако за тебе не би си трошел ни 10 минути од 1 живот, а не па 100 животи, каква сакаш цена ставај си :icon_lol:
 
Значи да ги сумираме женските перспективи кон мажите, нешто видено низ многу теми:

Љубоморен - затуцан балкански сељо
Не е љубоморен - што му е, зашто не е љубоморен, зар не заслужувам малку љубомора?
Агресивен - затуцан балкански сељо
Не е агресивен - маж претворен во жена
Не е богат - мамина маза, неамбициозен, (најверојатно) неинтелигентен и необразован.

Ко што викаат Србите, рџавом курцу и длака сметају.
Screenshot_20221028-191312_Facebook.jpg
 
А јас само сакав да кажам, дека нечие однесување може да допринесе да некој почне да се однесува љубоморно и кога нема причина за тоа. Нели, нарушена доверба и слично или попрецизно - не се секогаш работите само црни и бели или до толку едноставни за да во моментот се пресече и да се донесе правилна одлука/пресуда која е крив, а кој е прав.
Секако, може да постојат и реални и оправдани причини за да се јави љубомора кај партнерот, но тоа секако не треба да ги надминува границите на патологијата. Ако не ти чини и одговара однесувањето секогаш може да ставиш крај на врската. Затоа што реално, тој што еднаш ти дал причина за да те прави нездраво љубоморен не го заслужува твоето време.
 
Посекако за тебе не би си трошел ни 10 минути од 1 живот, а не па 100 животи, каква сакаш цена ставај си :icon_lol:
Фала курцу. Ти ми стави цена ја не сум ставала цени. Ај сега одјеби и да продолжиме со темата.

Не сум сигурна дали мала доза на љубомора е нормална и здрава, колку е тоа мала доза? Србите викаат"Љубав је ватра, љубомора дим, гдје нема ватре, нема ни дима".

Дали е тоа тоа. Дали стварно треба да постои љубомора како доказ за постоење на љубов, емоции, дека ти е стало до некого?

Нормално дека да, но има типови на мажи кои стил им е да се љубоморни и едноставно посесивни. Е сега тоа за мене е знак дека понатаму ќе се претвори тоа во нешто повеќе и може да се разгори во нешто опасно, на пример психичко и физичко насилство.

Дали ко што кажа @JBTgirl одсутвото на љубомора е како онака незаинтересираност тотална и тоа не е добро. Која е средината?

Вечното прашање е дали Роки не ја сака више или...?

Во мене сеуште има љубов и доза на љубомора кога сум во врска ама некоја да ме тестира колку ми е прагот на толеранција и да прави мајмун од мене не фала!По вокација сум креационист а не еволуционист..
Последниве години научив да ја чувам љубовта а порано ја делев ,,капом и шаком"(ко што викаат србите) на секакви караконџули..
 
Последно уредено:
Еден бивши ќе го спомнам како пример за прифатлива љубомора.
Имав клиент кој беше бродски навигатор, физички не беше нешто посебно, ама многу внимаваше на стил од манжетна до кондура.

И овој мојов од време на време ќе му се испуштеше: ,, Ее, дојде ли денес Попај морнарот? Аман немој да пропушти. Што бидна, ќе го правиме ли Мартин Идн? " Му викам ама ти реков ќе биде капетан и он аа извини ти го увредив љубимецот :D

Така јас само ќе го погледнев во стил де бре зар уште немаш доверба и он ќе кажеше реченица којашто ден денес ја памтам ,, Не сум љубоморен зашто не знам што имам, туку затоа што знам што имам."
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom