Фатени во расчекор

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Кааааков мајстор :cuc:.
Red Heads, strippers, anyone named Tiffany :toe:
Хахаха, легенда е овај, во 3 минути животна лекција и за 2та полови.

Инаку еве уште едно за дејтање, ако не сакаш да си губиш време за џабе :D
 
@Patience. Се надевам го преболи бившиот и те прибра домаќин што пие ракија.

Како и да е само да си хепи, не тажи по тие кои што не те рачунаат за живо битие со интелект и емоции.
 
Во Сакам да ти кажам дека темата се развила една дискусија ама реков поарно тука да пишам оти не се цитира и не се надоврзува таму.
За љубовта и трајноста.

Љубовта е важна, но чија...

Мое мислење е дека, како во еден виц што го прочитав на Твитер, врските во кои машкото повеќе сака завршуваат пред олтар, а каде женското повеќе сака на психијатрија.

Добро, карикирам нормално виц е во прашање, работа му е да е карикатура и претеризам.

Но, тоа е што е. Општеството, нам жените ни дава поголем товар, обврски и одговорност кон саканите и домот па можеби и затоа потсвесно истите тие врски, семејство, бракови ги гледаме како работно место. Мажот е и физиолошки и во однос на обврски послободен и едноставно сѐ е убаво додека неговата желба и љубов траат.

А, на жената (делумно зборам, не се сите во ист кош), побитна ѝ е сигурноста. Оти како што е понатоварена со обврски така е поподложна и на етикетирање. Затоа на не мал дел од жените склучување брак им е поважно одошто на мажите.
Додуша во помодерните општества, не е веќе ова случај, но сепак...

Маж поважно е да го вреднуваш и почитуваш како да го сакаш најмногу на свет, а љубовта да не порасне до степен да те спречи логично и паметно да реагираш. Не викам да не го сакаш ич, нормално да ти годи близината и да го цениш како некој што нешто постигнал во животот, на крајот, ќе делиш со него и кревет и одлуки. Жена што стално го критикува маж ѝ го прави помалку да се чувствува како маж, што му прави услуга и разлика и да е заљубена до сечење вени? Премногу заљубена жена не е гаранција дека ќе знае да цени она што го има. Жена којашто во баланс ги користи и чувствата и умот - е.

Труд е најбитен. Од двете страни.
Да се вреднува и негува љубовта на другиот со почит и поддршка. Да видите како тоа трае со децении.
 
Труд е најбитен. Од двете страни.
Да се вреднува и негува љубовта на другиот со почит и поддршка. Да видите како тоа трае со децении.
Да, се сложувам со твојата констатација, кратко и концизно! Тоа е тоа! Секоја чест. :bravobe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom