Арапските земји, особено Египет и Јордан не сакаат да примат палестински бегалци бидејќи тоа би ги загрозило шансите за можно решение со две држави. Штом Палестинците ќе ја напуштат Газа, нема да им биде дозволено да се вратат назад и Газа ќе биде уништена и трајно окупирана. Зошто да го помогнат Израел во остварувањето на својата цел?
Настрана тоа што некои од нив не сакаат да примат бегалци и заради тоа што веќе се преоптоварени со палестински, сириски и судански бегалци.
Прашањето околу палестинските бегалци и нивно протерување (инаку класичен геноцид ама да не ги навредиме цинистичкиве тролови) е многу покомплицирано и не, најмалку е заради загрозување на резолуциите на СБ на ОН околу создавање на како што велиш две држави.
- Палестина како држава е набљудувач во ОН (ако не заборавив скоро па 40години).
- Таа Палестина, палестинска држава, е призната од 120 држави во светот. (И Македонија беше призната под нејзиното уставно име од дури 134 (стотриесет и четри држави па ни го направија тоа што го имаме денес -копиле на 21 век)
- Спорна е територијата, според резолуциите од 1967 за БИ-Израел (на СБ на ОН), каде до некаде дефинирани тие работи, ама ционистиве со нивните колаборанти-демократи одбиваат да ја спроведат таа резолуција.
- Газа е инаку територија на Египет која заради сместување на Палестинците е одстапена од страна на Египет -не се работи за територија на Изарел.
- Западен Брег исто така не е израелска територија туку е територија на Јордан која е исто така отстапена за Палестинците.
-Голан е сиријска територија која е под окупација на Израел.
Сето ова горе се факти.
Израел како популарно го нарекуваат американски носач на авини на БИ по 1956 е под целосна управа на САД и служи за контрола на тој регион од страна на САД и партенрите. Во САД е донесен и закон со кој секоја година се помага Израел со 10 милијарди долари како неповратна помош.
По настаните од 2013, кога РФ ги спречи демоНкративе да ја демоНкратизираат Сирија (инаку многу голем геостратешки значај за тој регион), овие одлучија да ја казнат РФ па го отворија фронтот во Украина (државниот удар од 2014) потоа скоро па сите знаеме што следуваше...
По 24.02.2022 дојде до радикален пресврт во глобалните процеси, западната империја предводена од САД брзо почна да ја губи својата меѓународна позиција, а нивната проекција на сила почна да губи на сила.
Според она што се гледа и може да се претпостави е дека позицијата на западната империја и понатаму ќе продолжи да опаѓа, а во зависност од консолидацијата на БРИКС++++++ и преоцесите иницирани од истиот, како дедоларизацијата која не е само отстранување на педродоларот..., ќе зависи исходот но и интензитетот на тие процеси.