Една дума само.
Што мислите доколку би била плочата свртена обратно. Тоа да Палестинците да можат да прават што сакаат врз Израелците. Што би правеле?
Од такви напатени и со омраза задоени луѓе? Веројатно ништо добро... Што е и главната причина зошто само многу глупи и луди луѓе би поддржувале 2+ милиони Палестинци да им се населат во матичните држави.
Но можеби и грешам за обичните Палестинци, ама што се тиче Хамас повеќе од сигурно е дека веројатно ќе бидат и полоши од Израелците.
Не те боцкам ами убаво те прашувам, еве да почнеме од тоа дали за тебе Хамас се терористи или се борци за човекови права?
Терористи? Хамас се кољачи пар екселанс. Разбирам киднапирање, има некаква смисла - да си ги ослободат своите што гнијат по затвори... Ама кој нормален го прави ова подолу. Инаку ти секако нефер провоцираше, пошто сите тие работи што ги наброја оригинално биле кажани во различен контекст. Во соодветниот контекст тезите се точни, но кога ќе извадиш од контекст се разбира дека изгледа како што изгледа.
И треба да разбереш дека Хамас се состои од поединци. Некои неизбежно се психопати, всушност многумина по дифолт стануваат психопати во онаква средина во Палестина. Но некои се само луѓе што се борат за слобода. Затоа имаш некои што гледале да донесат неповредени и немалтретирани заложници, а имаш и диви кучиња кои едвај дочекале шанса да се изживуваат врз жртви што не можат да се бранат.
Крајно ништо не е црно и бело... Дали сите од Хамас се херои и борци како оној со јајцата до глуждови поназад на видеото, што дотрча до тенк за да постави IED и после тоа гаѓаше друг тенк со РПГ?
Не.
Дали сите се психопати кои колат и убиваат?
Не.
Има и такви и онакви, а нормалните никако нема да во војна да ги спречуваат ненормалните.
Обичните цивили па се скроз надвор од муабетов... Цивилите се цивили, не се Хамас, и Хамас во Палестина се диктаторска терористичка организација која таму е на власт.
Еве нешто многу ненормално од многу пореметни идиоти: