На Кире му е дадена „carte blanche“, очигледно тоа вешто го користи да фаворизира играчи од неговиот клуб и секако да селектира играчи за кои тој мисли дека заслужуваат. Така и треба да се пристапи кон било кој селектор, а единствена оценка за исправноста на одлуките мора да се резултатите. Во меѓувреме, ние може овде да коментираме и да играме „Fantasy“.
Димитар Димитриоски последнава година има изиграно повеќе квалитетни утакмици на кои имал важна улога отколку што Петар А. и Цветан заедно имале тренининзи. Еден од нив треба да е заменет со Димитриоски. Дечкото со игрите заслужи повик, макар ваков за ЕХФ недела, па ако не се покаже нека го подзаборави за понатаму. Муабетите од типот игра во просечен клуб во Шпанија и слично не држат, инаку која е логиката да се повика Костески постариот од Швајцарија освен моменталната одлична форма.
Четири пикери од кои Жаре во одбрана го нема, а Маркоски што од години што од повреди е како приказна на маалски фраер, „абе знаеш, ја еднаш коа растурав ...“. Во напад и онака никогаш немал придонес. Сакаме модерен и брз ракомет а 2 од 4 пикери ни се некомпатибилни со тој концепт. За Мечка ќе беше голем срам ако не го викнеше, во каква форма е моментално мора да биде прва опција. Жаре/Стојковиќ во зависност од тактика/резултат/противник негова алтернатива. Четвртиот тотален вишок.
За десен бек џабе веземе, сите повикани и останатите коментирани се горе долу тука некаде. Секој од нив може да биде невидлив но може и да отскокне од својот просек зависно од момент на инспирација, противничка одбрана и сл. Ни останува да се надеваме дека ќе ги имаат тие моменти пред се на ЕП.