Бидејќи нели биле изгладнети, ќе земеме дека за тие тела потребни им биле околу 30-40минути по тело.
За коксот што кажуваш, потребни би им биле големи и редовни количини, а такви податоци нема ни кај педантните Германци, ни на сликите од воздух направени од непријателските шпионски мисии.
Имаш и други видеа, снимени директ од логорите каде биле сместени евреите, а на нив се гледа дека не се баш изнамачени, огладнати. Е сега, одвреме на време се случувало поради избувнување на разни болести, одредена бројка на луѓе да настрадаат и тие биле спалувани.
Милиони настрадани евреи имало и во прва и во втора светска, а бројката на Евреите, се поголема и поголема. Некој парадокс ќе е, ко со педерите, ем не можат да раѓаат, ем се повеќе ги има.
Масовната депортација на илјадници луѓе деноноќно секогаш ќе резултира со по некој добро нахранет за камерите, но тоа не го негира фактот дека истребувањето на Евреите е најпедантното и најмасовното организирано злосторство против човештвото во 20-от век.
Нацистите редовно дозволувале претставници на Црвениот Крст да извршат обиколка и проверка на нацистичките концентрациони логори, но секако дека не ги носеле во Аушвиц, Треблинка, Мајданек, Собибор, Челмно и сличните на нив, туку ги шетале низ затворските логори наменети за генерали, адмирали и виши офицери.
Тука мора да се потенцира и официјалната посета на делегација на Црвениот Крст на Терезиенштад, еврејското гето во градот Терезин во Чехословачка, со еврејска банка, еврејско училиште, еврејски ресторан во кој убаво дотераните Евреи се хранат како дами и господа, па дури и еврејски театар со претстава која била одржана специјално за специјалните гости, а која била детално покриена од страна на странските медиуми со снимки, со извештаи од лице место и со сите украси. После заминувањето на делегацијата на Црвениот Крст, убаво дотераните и нахранетите Евреи, заедно со учесниците во театарската претстава биле експресно депортирани во Аушвиц, каде што им се губи секаква трага.
Имаш конкретни документи за набавката на печки за крематориумите, повели побарај ги, а исто така ја имаш и операцијата 1005 на СС, спроведувана помеѓу 1942 и 1944 година, а која предвидува ексхумација на жртвите на Холокаустот кои биле закопани и уништување на нивните посмртни остатоци, како и уништување на било какви документи и докази за Холокаустот, и за ова исто така имаш педантно подготвена документација.
И се разбира, под претпоставка дека сите тие милиони луѓе ослободени од нацистичките концентрациони логори, а особено Евреите ослободени од нацистичките логори на смртта, се` чиста измислица и лага, сепак останува прашањето:
Зошто припадниците на СС и на Гестапо масовно бегале на крајот од Втората Светска Војна ?
Војниците, морнарите, генералите, адмиралите и останатите офицери од војската, морнарицата и авијацијата претежно се предавале, по можност на западните сојузници надевајќи се на милост во заробеништво, милост за која знаеле дека мали се шансите да ја добијат во заробеништво во рацете на Советскиот Сојуз и Црвената Армија поради нивните безбројни злосторства врз цивилното население низ Советскиот Сојуз во периодот помеѓу 1941 и 1944 година.
Но припадниците на СС и на Гестапо бегале од сите, и од Советскиот Сојуз и од западните сојузници.
Војниците, морнарите, генералите и адмиралите кога ќе се предаделе, во своја одбрана тврделе дека се придржувале до правилата на војувањето и само ги извршувале наредбите кои им биле зададени.
На истото оправдание се повикувале и припадниците на СС и на Гестапо, но бидејќи нивните злосторства биле претежно врз цивилно население, а не само врз воени лица, нивната одбрана пред судовите за воени злосторства била премногу слаба за да можат да ги оправдаат истите тие злосторства.
Несомнено токму поради тоа и бегале, како од Советскиот Сојуз, така и од западните сојузници.