Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто во наводници беПоздрав од "миленикот" на @Незапирливи 1903/87
Прегледај го приврзокот 394004
Јасир слабиот според кајгана експертите![]()
Некоја донација еднократна можеби, повеќе од тоа нема шанси. Паднат е Трифун многу.
Во принцип од тоа време, освен муабетите за Рингов кои се најлегендарни, дека секогаш стоел позади сенката од рефлекторите, дека го гаѓал играчот од мислам Осијек два пати во глава од корнер затоа што му стоел преблиску или како се зезал стално со играчите на Приштина, втора најчеста приказна на секој постар навивач е колку Грошев бил слаб голман, како често знаел да извикува "Моја" на нафрлена топка па потоа истата да го прелета и да заврши во гол, како некогаш договориле нерешена со Сараево мислам дома и само него не му кажале зошто не го сметале за толку битен, па се налутил и тоа му било најдобрата партија во живот, одбранил се што можело да се одбрани дури и пенал при крај за смеа на цел Градски тогаш и слични муабети. Така да ме чудиш со изборов негов за најдобар голман. Затоа што тие се приказните од постарите, луцидноста и штосевите на Рингов и губењето бодови ради киксевите на Грошев.
Прилично аматерски се работело во тоа време во Вардар, екипата од 80-ите е створена најмногу благодарејќи на Вишњевац и Бобек, да било до тукашните функционери тешко дека некогаш ќе се мрднело од статусот на клубот од претходните децении и речиси сите се на мислење дека да имал Вардар барем малку подобар голман во тие години ќе стигнел до уште подобри успеси.
Често дискутираме на темава од кајгана екипава
Мислам дека и по темава се разврзал ваков муабет во минатото.
Не сум толку стар за да зборувам за играчи кои играле пред 2000 година.
Од новиов милениум досега, најдобрите играчи воглавно можеме да ги извадиме од три времиња. Едните од времето на Брацо кога игравме со ЦСКА и Спарта, можеби по некој од времето на Трифун (ама тие повеќе се играчи на Работнички, отколку на Вардар) и секако, од времето на Самс.
За голманите немам што многу да кажам. Помина еден куп голмани кои сме можеле да ги класифицираме како просечни (Зекир, Јовчев, Пачовски, Гача, Кметовски), малку посолидни како Захов (кој повеќе се истакна во Шкендија), Милошевски, па и Павловиќ од времето на Самс.
Не можам да не го спомнам и будалата Јорде
Васовски (со брз трансфер на страна) не е споменат како одбранбен играч во погорниот пост. Од тоа време на Брацо би ги издвоил и Блесинг и Брага во одбраната. Од средината Славчо Георгиевски, Влатче Грозданоски (и со подоцнежното враќање) и Дарко Тасевски, иако вториот се прослави надвор од Вардар.
Од нападот Вандаир (само првата негова авантура во Вардар), покоен Оливеира, па и бугаринот Петков газеше.
Од подоцнежните години на Брацо, можеби Перендија би фатил место во одбраната, како и Милосавлевиќ на крило или како и да се викаше. Во тој период една полусезона за Вардар играше одлично и тогаш младиот Стефан Ристовски.
Низ овие години како поистакнати ги имавме и Ѓорѓи Мојсов (па и брат му изигра една полусезона кај нас, како попрославен играч) и Димче Ристевски врапчето кој имаше солидни сезони. И Дени Масев имаше добри партии, во тие години беше и напаѓач за Македонија во време на Сантрач.
И секако, за мене напаѓач број еден Јове Костовски, кој играше и во време на Град Скопје.
Од играчите кои ги донесе Трифун, не знам колку можам да ги бројам, затоа што кратко време беа во Вардар. Од сите нив Станишиќ ми беше најомилен.
Сепак, најквалитетните фудбалери дојдоа со Самс.
Фелипе како играч со најголем квалитет. Барсегјан веднаш зад него. Грне за штопер, Хамбарџумијан на бек. Фичо Ивановски во најдобрите години беше топ напаѓач за кај нас, во таа прва генерација на Град Скопје, со Стојаковиќ, Стјепановиќ и Ранџеловиќ.
Од крилата, многу ќеиф ми правеше шпанецот што го имавме. После него и Којашевиќ ми беше класа играч.
Балотели и Дашјан исто беа квалитетни играчи. Од нашите Шиле, Глигорив, Спировски и Николов.
Го заборавив Оса. Не знам како можев. Омилен Ајскрим![]()
Горе-доле сте ги покриле сите играчи со @Saber Rider, единствено можда би го додал Ристе Наумов меѓу напаѓачите. Доста добар беше и кај нас, после отиде на Кипар и мислам дека дури беше и најдобар стрелец во нивно првенство, па во Славија Прага каде не се изнаигра ама ако не се лажам имаше и тешка повреда само што стигна таму.Слободно ако можеш пиши и твои играчи, може ќе развиеме одредена дискусија место стандардното ‘не ни гине втора лига’.![]()