Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде бидна и таа победа после толку разочарувања. Се враќаме во игра со овие три бода. За вториот дел од сезоната ни следуваат многу полесни противници дома (Пандев, Воска, Тиквеш, Брегалница), каде може да се надеваме на бодови.
Но огромни проблеми имаме напред, другови. Слободно можам да кажам дека Лемос е најголемото разочарање за мене. Момакот уште толку ги успорува нападите со неговите вишок потези. Додека Србинчето е дефитивно нашиот најопасен играч во офанзива. Колку акции повлече, најмногу од сите влага во шанси за гол, ја имаше и најзрелата денеска, може да се каже дека и среќата не го посака. Ја не знам како се доведовме во ситуација да останеме без пристоен напаѓач, а верувам дека и покрај беспарицата можевме да најдеме подобро решение од Љутви. Бодови ќе не кошта тој пропуст.
Не ми е јасна намерата на Тетовка со Цветков. Кога веќе имаме еден играч под 21 година, не ја сфаќам потребата од него во првиот тим. Убедливо најслаб играч. Ај што упропасти милион акции према напред, тука ради негова грешка ќе примевме и гол. Поарно Дошев да добива шанса. Влезе детето во игра, беше бескомпромисен за тие 20 минути, дури и жолт си заработи, но топка не му прелета. Така се заслужува дресот на Вардар.
Исто така не знам колку е паметно што Панта го повлекува на стопер зашто многу губиме во поврзаноста на средина без него, но во недостаток на подобри, веројатно е изнудено решение.
Ќе биде ѓаволски тешко до декември, но мора да истраеме!
 
Две утакмици пропуштив на фудбал дека не сум во Македонија, двете ги тепаме. Не гледам ракомет, им вадиме поволен резултат со Столе во екипа :D

Ќе да е до мене? :D
 
Две утакмици пропуштив на фудбал дека не сум во Македонија, двете ги тепаме. Не гледам ракомет, им вадиме поволен резултат со Столе во екипа :D

Ќе да е до мене? :D
Ke sobereme pari da prodlozis so odmor kade i da si,forum ekipa ke te casti barem uste 10 dena :) da tepame uste dve utakmici prvenstvo so Brera doma,vo gosti so Struga i vo sreda kup so Makedonija GP .
 
Конечно! Треба да се напомене дека изгинаа дечкиве, така што победава доаѓа во вистинско време.

Панта изгледа принудно играше штопер, но имаше доста грешки таму, така што се надеваме на негово враќање на природна позиција, ма да прво да видиме со повредава што ќе излезе. Дошев многу подобар од Цветков, а Србинот од коло во коло е се подобар. Е сега, како што споменал и @Skopje Rossonera, доаѓаме до нападот, а нападот - трагикомедии! Немаме еден играч што може да искористи шанса, да даде гол, се е некако на сила, па затоа и голем дел од резултатите ни се такви. Во зима ќе мора да се бара напаѓач, а до тогаш да се освојуваат што повеќе бодови.
 
Гача мајсторе :D
Прекрасна сезона на капитенот.
Мртва утакмица, сигурица пораз од екипата која царува во купот. Не ни очекував нешто поинаку, се надевам на сметка на купот ќе дадат уште некој бод во првенството :D

Епа 17 години без куп финале. Или во превод, во новиот милениум (23 години) само ЕДНО ФИНАЛЕ сме имале.
Да ти ебам животот...
Најмизерен скор од сите подобри екс Ју тимови и тоа убедливо.

Дополнително, со дождов што падна, теренот прекрасен за игра. Топката не се движи, кал до коленици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom