Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Некоја донација еднократна можеби, повеќе од тоа нема шанси. Паднат е Трифун многу.

neka go stavat pretsedatel na klubot. i da ne frli on pari ke donese drugi a i 100 pati podobro lici toa nego segasnata sostojba.
 
Дечки, малку да се отргнеме од апатијава, па сакам да ве прашам кој тим/тимови би го/ги составиле од играчи што сте ги следеле откако навивате за Вардар? Од она што колку-толку низ магла (за постарите играчи) се сеќавам, според мене овие се меѓу најдобрите што ги имам следено:

Голмани: Грошев, Зекир
Одбрана: Четка Јаневски, Саша Гигец, Бабунски, Најдоски, Васоски, Блесинг, Брага, Хамбарџумјан
Средина: Савевски, Рингов, Канатларовски, Петар Георгиевски, Џипунов, Хуан Фелипе
Напад: Панчев, Ќириќ, Оливеира, Вандеир

Други играчи што би ги додал: Пачовски, Боби Грнчаров, Станојковиќ, Шаќири, Грозданоски, Барсегјан.

Сигурно имам заборавени и поголем број на играчи, но на овие ми текнува во прв план. Некои од играчиве ги имам следено повеќе, некои помалку, но кога се ќе се собере, би ги одвоил Најдоски, Савевски и Ќириќ.

Најдоски беше играчиште во одбрана, а она што беше Хуан Фелипе во најдобрите денови во Вардар, тоа беше Тони Савевски само помножено со десет. Саша беше права гол машина, после него Вандеир и донекаде Оливеира, а оттогаш еве веќе 20 години ние немаме голгетер во екипа.

Имаше и голем број на wannabe играчи што продефилираа низ клубов како оној кројачот од Гана, еден Нигериец со 130кг што дојде од некој клуб од Израел, мал милион Бразилци, Срби итн. Имаше и интересни дешавки со преселба и штрајк на цела петорка од Слога во Вардар, врбувањето на голем дел од играчите од страна на Силекс, слободните на Илчо Боров, фризот на Ване Трајчов итн.
 
Во принцип од тоа време, освен муабетите за Рингов кои се најлегендарни, дека секогаш стоел позади сенката од рефлекторите, дека го гаѓал играчот од мислам Осијек два пати во глава од корнер затоа што му стоел преблиску или како се зезал стално со играчите на Приштина, втора најчеста приказна на секој постар навивач е колку Грошев бил слаб голман, како често знаел да извикува "Моја" на нафрлена топка па потоа истата да го прелета и да заврши во гол, како некогаш договориле нерешена со Сараево мислам дома и само него не му кажале зошто не го сметале за толку битен, па се налутил и тоа му било најдобрата партија во живот, одбранил се што можело да се одбрани дури и пенал при крај за смеа на цел Градски тогаш и слични муабети. Така да ме чудиш со изборов негов за најдобар голман :). Затоа што тие се приказните од постарите, луцидноста и штосевите на Рингов и губењето бодови ради киксевите на Грошев.
Прилично аматерски се работело во тоа време во Вардар, екипата од 80-ите е створена најмногу благодарејќи на Вишњевац и Бобек, да било до тукашните функционери тешко дека некогаш ќе се мрднело од статусот на клубот од претходните децении и речиси сите се на мислење дека да имал Вардар барем малку подобар голман во тие години ќе стигнел до уште подобри успеси.
 
Лично за мене е помеѓу најдобрите, инаку за голманиве можам многу да пишувам. Киксери имаше еден куп, почни од Грош, Филе, Јовчев, па заврши денеска со Гача. Инаку имавме солидни голмани, Милошевски и Кметовски беа добри, Саша Илиќ не беше лош иако имаше и он киксови итн. Во еден период имавме и три екстра (за тоа време) голмани во исто време, ако не се лажам тоа беа Илиќ, Јовчев и покоен Гоце Грујоски. Гоце, ако некој го памти, беше екстра голман, посебно во Победа.

Откако памтам во Вардар има турбуленции, затоа и го потенцирав тоа во некој од претходниве постови. Најстабилен, колку и да звучи бедно и смешно, беше во она кратко време на Трифун и калакурницата со Самсоненко.

Слободно ако можеш пиши и твои играчи, може ќе развиеме одредена дискусија место стандардното ‘не ни гине втора лига’. :)
 
Често дискутираме на темава од кајгана екипава :D
Мислам дека и по темава се разврзал ваков муабет во минатото.
Не сум толку стар за да зборувам за играчи кои играле пред 2000 година.
Од новиов милениум досега, најдобрите играчи воглавно можеме да ги извадиме од три времиња. Едните од времето на Брацо кога игравме со ЦСКА и Спарта, можеби по некој од времето на Трифун (ама тие повеќе се играчи на Работнички, отколку на Вардар) и секако, од времето на Самс.

За голманите немам што многу да кажам. Помина еден куп голмани кои сме можеле да ги класифицираме како просечни (Зекир, Јовчев, Пачовски, Гача, Кметовски), малку посолидни како Захов (кој повеќе се истакна во Шкендија), Милошевски, па и Павловиќ од времето на Самс.
Не можам да не го спомнам и будалата Јорде :D

Васовски (со брз трансфер на страна) не е споменат како одбранбен играч во погорниот пост. Од тоа време на Брацо би ги издвоил и Блесинг и Брага во одбраната. Од средината Славчо Георгиевски, Влатче Грозданоски (и со подоцнежното враќање) и Дарко Тасевски, иако вториот се прослави надвор од Вардар.
Од нападот Вандаир (само првата негова авантура во Вардар), покоен Оливеира, па и бугаринот Петков газеше.
Од подоцнежните години на Брацо, можеби Перендија би фатил место во одбраната, како и Милосавлевиќ на крило или како и да се викаше. Во тој период една полусезона за Вардар играше одлично и тогаш младиот Стефан Ристовски.
Низ овие години како поистакнати ги имавме и Ѓорѓи Мојсов (па и брат му изигра една полусезона кај нас, како попрославен играч) и Димче Ристевски врапчето кој имаше солидни сезони. И Дени Масев имаше добри партии, во тие години беше и напаѓач за Македонија во време на Сантрач.
И секако, за мене напаѓач број еден Јове Костовски, кој играше и во време на Град Скопје.

Од играчите кои ги донесе Трифун, не знам колку можам да ги бројам, затоа што кратко време беа во Вардар. Од сите нив Станишиќ ми беше најомилен.

Сепак, најквалитетните фудбалери дојдоа со Самс.
Фелипе како играч со најголем квалитет. Барсегјан веднаш зад него. Грне за штопер, Хамбарџумијан на бек. Фичо Ивановски во најдобрите години беше топ напаѓач за кај нас, во таа прва генерација на Град Скопје, со Стојаковиќ, Стјепановиќ и Ранџеловиќ.
Од крилата, многу ќеиф ми правеше шпанецот што го имавме. После него и Којашевиќ ми беше класа играч.
Балотели и Дашјан исто беа квалитетни играчи. Од нашите Шиле, Глигорив, Спировски и Николов.

Го заборавив Оса. Не знам како можев. Омилен Ајскрим :D
 
Последно уредено:

Хозе Хименез беше Шпанецот, Лико исто го заборавив и он имаше добри партии пред да почне да ги затвара дискотекиве низ Скопје. Марио Петков со легендарната World Cup USA ‘94 фризура и Оса кој сигурно уште има 24 години, иако е генерација со Калц и Цапар.

Сега ми текна и на Кларенс Битанг, Оса vol. 2
 
Последно уредено:
Слободно ако можеш пиши и твои играчи, може ќе развиеме одредена дискусија место стандардното ‘не ни гине втора лига’. :)
Горе-доле сте ги покриле сите играчи со @Saber Rider, единствено можда би го додал Ристе Наумов меѓу напаѓачите. Доста добар беше и кај нас, после отиде на Кипар и мислам дека дури беше и најдобар стрелец во нивно првенство, па во Славија Прага каде не се изнаигра ама ако не се лажам имаше и тешка повреда само што стигна таму.
Мене интересна тема ми е и она што малку го начнав во претходниот пост, за аматеризмот во водењето на клубот во најдобрите негови години и неискористување на неговиот целосен потенцијал. Плус, многу често луѓето од другите градови знаат да кажат дека Вардар бил државен проект тогаш и со сила се носеле најдобрите играчи на нивните клубови кај нас и со тоа се уништувале нивниот потенцијал. Па неколку муабети во врска со тоа:
- Вардар е можеби единствениот фудбалски клуб во тоа време кој работи на аматерска база за разлика од другите југословенски клубови, без физиотерапевти, нутриционисти и без речиси никаква исплата за своите фудбалери. Панчев на пример за 6 ипол години не успева да заработи ни за да си купи сопствена кола, вози стокец од татко му без внатрешна каросерија кај совозачкото седиште па мора да излегува секој пат кога вози некого за да му отвара врата од надвор. На првиот ден во Ѕвезда добива спортски автомобил, не знам што марка меѓутоа небо-земја разлика со нас иако тогаш сме од иста држава каде пази сите ја истакнуваат еднаквоста.
- Во 70-тите најдобар фудбалер ни е Србин (мислам дека за Драганиќ станува збор ама можеби грешам) кој не напушта затоа што Алумина му нуди работно место во фабриката и продолжува да игра за ФК Алумина. До толку бил утепан клубов со државна стратегија да ги краде најдобрите млади од сите други градови во Македонија :)
- Во 80-тите Работнички станува прилично стабилен југословенски второлигаш, постигнува одлични резултати и е на раб неколку пати да стане и прволигаш. Нивниот најдобар фудбалер (го имам заборавено името) од тоа време неколку пати одбива да премине во Вардар и си стекнува култен статус меѓу тие малку подржувачи на Работнички ради тој потег. И тука не упалила стратегијата што ги грабала децата од другите градови.
- Речиси сите фудбалери што од мали си заминуваат за Ѕвезда и Партизан (браќата Ѓуровски, Истатов, Клинчарски, па и Рингов на почеткот) имаат понуда и од кај нас, сите тие одбиваат и си одат директно во Белград.
- Во сезона 74/75 младинскиот тим на Вардар е државен шампион на Југославија, втор пат во историја после 48/49 мислам. Сите тие деца во 80-тите би биле во најдобрите фудбалски години токму кога клубот е меѓу најдобрите во државата. Аматеризмот во работењето со клубот резултира со точно 0 играчи од тој младински тим во првиот неколку години подоцна (од тие во 48/49 мислам дека неколку се во тимот кој го освојува купот на СФРЈ 61ва).
- Додека сите други клубови си се професионални спортски тимови кои бркаат резултати, нашите функционери им ги затвораат вратите од соблекувална на играчите после победа од 5-0 против Партизан дома, под казна дека го понижиле чедото на ЈНА и ги оставаат испотени со се фул опрема од утакмицата да си се враќаат дома.
- Истите тие аматерски "фудбалски работници" креираат атмосфера каде Вардар треба да служи само за забава кај народот и треба да игра на максимум само на домашен терен, на гостувањата, посебно тие подалечните не го пратат луѓе така да не мора да се бркаат бодови, посебно не со белградските клубови кои се бог и батина за секој од тие "работници". Ова малку се променува во последните години на тој легендарен тим од 80-тите, кога почнуваат да бркаат победи и на гости, меѓутоа сигурно не во онаа мера како што било нормално за сите тие професионални клубови од другите држави откако се основани да бркаат бодови без разлика на дома-гости.
- Додека во цел свет тотален фудбал почнува да се игра од појава на Кројф, кај нас освен под споменатите Вишњевац и Бобек си важело правилото ако си лев бек твој дел на терен се знае е левата страна до сопствена половина и нема што да се мешаш на друг дел од теренот. Еден куп играчи пропаѓаат затоа што не можат да им најдат место на терен тие кои се водат по вакви правила.
- Ни од блиску не можеме да кажеме дека тимот од 80-тите го има остварено сопствениот потенцијал до максимум ради сите овие аматеризми околу нив. Раднички Ниш стигнува до полуфинале Куп на УЕФА, Ријека е на раб да го исфрли Реал, Сараево и Војводина стануваат шампиони со играчи на кои максимум им е 2-3 повика за репрезентација на Југославија, со можеби по некој исклучок. Ние сме со играчи пата-пата речиси со велика четворка во репрезентација тогаш. Со тројца стандардни (Панчев, Станојковиќ и Најдоски), едно 5-6 со до десетина повика за репрезентација, од кои двајца, Рингов и Савевски незаслужено малку и ради некој македонски патриотизам. На пример Савевски како казна затоа што оди во АЕК, а не во друг југословенски клуб, а Тони во АЕК е редовно избиран како еден од најдобри странски играчи во историја на клубот, секогаш пред еден Душан Бајевиќ кој во Југославија има легендарен статус на пример.
- За крај и една работа која никогаш не смее да се заборави е и дека Ѕинго е еден од најголеми спонзори на Вардар на времето во Југославија и кога се растура таа држава негова првична цел е да биде претседател на Вардар, а не на ФФМ. Го одбиваат нашите во стилот - од каде провинцијалец да биде на Вардар газда, нека си гледа работа во Кратово. Во ист стил луѓето од другите градови во ФФМ подоцна го бираат Ѕинго за претседател на сметка на многу подобар кандидат за таа позиција од Скопје. Демек, се од Скопје сакаат да контролираат во државава, еве сега ние сме мнозинство и ќе си поставиме наш човек. Така Вардар си ја пропушта шансата уште во првите години од независноста да задржи истата доминација над другите клубови и да се бори за европски натпреварувања уште од сам старт со оглед дека тој клуб отприлика би ја имал комбинирано силата на Вардар и Силекс од 90-тите. Тоа е и една од причините поради која Ѕинго од позиција на претседател на ФФМ подоцна настапува и осветнички кон нас.
Миленко пред некое време прикачи на Јутјуб стара емисија со Брацо. Кој сака да дознае некои работи од порано може да си го изгледа целото, доста интересно е. Јас се потсетив на некои работи што сум ги заборавил, плус и прв пат дознав на пример и дека во почетокот на 90-тите не само Ѕинго туку и Рафет Муминовиќ давал пари во Вардар :D
 
@kukuzel

Токму затоа и цело време се потенцира дека Вардар скоро секогаш е управуван аматерски со по некој периодичен исклучок. Доволно е да се види какви луѓе биле претседатели на клубот, со кого истите биле блиски и ете го заклучокот во она што го имаш пишано, со кое целосно се согласувам. Страшни игри и порано се играа околу клубот, сигурно и во екс-Ју биле големи привилегиите од неговото раководење.

Околу талентите, Партизан и Звезда ги собираа Србите, Сарајево и Жељо - Босанците, Хајдук и Динамо - Хрватите, така што не е чудно и она што го правел Вардар. Војводина, Ријека, Раднички Ниш и други клубови имаа блесоци, Работнички ете го имаш спомнато, но не верувам дека на некого тогаш му одговарало да има неколку јаки клубови од Македонија, иако, реално ако зборуваме, дури и тие играчи од внатрешноста да не доаѓале во Вардар, пак Вардар би 'го водел орото', а играчите ќе изгубеле најмногу од сето тоа. Еве, на пример, во овој момент да сакаме ние од форумов да инвестираме во клуб од Грција/Бугарија, колку од нас би ги одбрале Катерини/Лерин или Дупница/Русе пред Солун/Атина, Софија/Пловдив? Да не заборавиме дека во други спортови 'предност' имаа други градови, па не памтам дека тогаш некој од Скопје се жалеше на тоа.

Ова со Ѕинго околу спонзорствата после формирањето на државава не ми е познато, но знам дека дотичниот направи буквално се за да го уништи Вардар. Врбување играчи, тренери, казни за клубот, казни за навивачите, милион намештаљки, константна пропаганда преку тоа испрдокот од телевизија итн. До ден - денес кога ќе видам човек со бркови ме потсеќа на тоа колумбиско-ескобарската фаца на Кире Трајчев, а со тоа и на тогашниот Силекс.

Едно време Вардар одеше на турнеи во Јужна Америка и Австралија, нешто што денес е незамисливо.

Во интервјуата на Кочо и особено на Рингов во Пивска конверзација има доста интересни споредби за условите во кои се работело во Вардар и во другите топ тимови во тоа време и колку управата се грижела за играчите. И тогаш на име на клубот се шлепале по цели фамилии на прошетки низ екс Ју, играчите се снаоѓале како знаат и умеат.
 
Работнички за 600 000 е продаден, и после ќе збориме ние дека за долг од 3 жилиони е многу, дали ќе ги врааќа некој долговите или ќе ги плати акциите исто ти е. Затоа мислам дека ова е игра јасна од премиерот Артан Груби кои кориати моќта на позицијата и тоа што коалициониот мак партнер не е мн патриотски настроен и затоа е состојбата таква во Вардар да нема заинтересирани за купување.
 
Не е нити само политичката состојба и волја, тоа што го збореше Брацо е и реалноста и ден денес во нашите клубови, посебно во Вардар, премногу матни игри, и никој успешен бизнисмен не би вложил пари во клуб како Вардар, прво што клубот отсекогаш има непријатели, второ што самата држава и лигата не се некоја подлога што ветува просперитет, клубот нема ништо, па тука при крај, а не последни се одредни луѓе што цело време се вртат покрај Вардар.. па на крај и самите навивачи што сеуште важат како негатовен фактор за жал.
Ја сум секогаш за да биде како сега, подобро да се мачиме ама да чекориме цврсто кон зацртана цел.
Тешко али вредно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom