Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секоја чест за анализата....Не сум за тоа дека македонските тренери не чинат, дека странското е подобро и сл. Тоа секако не е точно, се зависи од индивидуата, а не од националноста. И не сакам да кажам лош збор за Јовиќ и Шундовски - имаат многу направено за Македонија, а Јовиќ се надевам и ќе продолжи да прави добро во младите категории во Пелистер - за што е одличен!
Но за ваков клуб, со соодветните амбиции, едноставно ова очигледно не е добро решение. Несфатливо е како може на трите натпревари што досега беа битни сезонава (2те со Вардар и КОлштад), тактички толку бесмислено да игра екипата. Дека е добар скаутингот - не е. Дека неизбежно не чекаше судир на реалноста и нелогичните олекувања на јавноста - секако. Дека стратегијата е промашена на градење на тимот - промашена е. Ама не е до толку лош составот како што изгледаат. Проблемите се повеќе во кохезијата на екипата, тактиката, вклопливоста на вештините на играчите, уиграноста...
Неколку работи што ептен ми бодат очи:
1. Напад во ракомет во 2023та се игра со НАПАД НА ЗОНА!
Ја сфаќам желбата да не се прават замени одбрана/напад, ама и со Колштад и со Вардар ги изгубија натпреварите во првите 10 минути заради тотално нелогични ракометни постави.
Во модерниот ракомет, не можеш да имаш успех во напад без сериозна закана со директен напад на одбранбената зона. Шутеви се креираат со напад на зона, со барање на "дупки" по затрчување кон зона (прием на топка во трк), со игра еден на еден и напад или на јака или на слаба страна.... Кога ќе пукне одбраната после напад, или сам одиш на влез, или додаваш за влез од втор план, или за врзани додавања до вишок на крило или за шутер од 9 кој вкрстува и добива отворен поглед кон голот (тука треба и блокови од среден или од пивот). Како и да е, сите акции почнуваат од напад на зона се додека не пукне, за да стигнеш до посакуваниот шут. Реално 2 од 3те бека мора да бидат добри во овој аспект за да се има ефективен добар напад. Ама под 1 не смее.
И се ова не е некоја наука, на секој што гледа редовно ракомет му е интуитивно јасно. На тие што се бават со ракомет да не правиме ни муабет. Толку му е јасно на сите дека е тоа најдобриот начин, што во последните 5 години воскреснаа ниските експлозивни средни бекови бидејќи тие најдобро напаѓаат зона и креираат вишок и сега се практично стандарден дел од модерниот ракомет.
Тоа што мене не ми е јасно е како може, знаејќи го сето ова да започнеш сериозен натпревар со постава Борзаш/Кисум/Цехте. Од 3ца имаш максимум пола играч за напад на зона. Кисум може да нападне, но само ако не е единствен таков играч во поставата. Борзаш и Цехте се шутери пред се и мора да имаат експлозивен и агресивен креатор меѓу нив. Прашање е дури и да имаат таков плејмејкер, против јаки екипи дали ќе може овие двајца да играат заедно, тоа ќе покаже времето, ама без таков играч е невозможно тоа да функционира.
2. Кисум може да игра на среден, но само ако Танкоски или Атанасијевиќ се на лев или Петровиќ е на десен. Со Борзаш/Стевановиќ/Сери/Ѓорговски на лев или Цехте на десен против сериозни екипи по моето скромно сфаќање на ракомет не смее да игра таму.
Бековски постави што имаат каква таква смисла (од постоечкиот кадар):
Борзаш/Тајник/Цехте - оваа не знам дали ќе функционира, но мора да пробаат бидејќи ова е теоретски најјаката постава
Атанасијевиќ/Кисум/Цехте
Борзаш/Кисум/Петровиќ
Кисум/Тајник/Цехте
Кисум/Танкоски/Цехте
Со овие би требало да има опција и како да изгледа екипата и во одбрана. За жал ретко која од овие ја гледавме досега, најчесто се играа многу нелогични постави кои повеќе во фокус имаа дали ќе се вратат во одбрана отколку дали можат да играат во напад. А реалноста е дека ако не ти функционира нападот, ќе те напаѓаат во транзиција до бескрај колку и да не правиш замени.
Има варијанти и со Сери/Стевановиќ/Ѓорговски но очигледно овие не се во план моментално па не ги зедов во предвид.
3. Мора да одлучат што ќе прават во средината на одбраната 3/4. Не може 10 играчи да ротираат таму. Мора да се има јасна постава. Ако на Сери му треба време да се врати во форма (а сигурно му треба) уигрувај го во домашно првенство со послаби екипи а не директно во оган. Одлучи се дали Хансен или Василев ти се прва опција за пикер во два правци. Ако се одлучиш за поподвижна одбрана со Атанасијевиќ на 3ка, ок, посвети се на таа логика и уиграј ја, а не да го заковаш на клупа цел подготвителен период и да го фрлиш во оган против Вардар (среќа жива тој до некаде ги стабилизира и беше една од светлите точки).
4. Имаш широк ростер а играш бавно.... Која логика е да бараш ширина на ростер и еден куп замени за ротација, а да форсираш бавен ракомет против екипа што нема замени. Иста грешка и со КОлштад и со Вардар. Тотално нелогично. Па шансата ти е да се уморат и да го искористиш заморот во второ полувреме, а не да им дадеш шанса да се одморат!
Доволно е. Се надевам од вечер ќе гледаме малку пологичен ракомет...
Абе и нашите знаат на пишано и муабет не само јович и шундо можи најмногу цревото но ко ќе се на клупа друга приказна, еден играч прај грешка или промашува во напад и одма надвор го вадат после другиот и така ги ротираат без врска и за напад и одбрана но најважно шо рече и дека мислевме барем физички се спремни и тука ќе ни биди предноста но за жал изгледа ги преусисаа некој на припремите исто и долга клупа но кај нас не се знај кој јади а кој пие но се знај кој плаќа , ај од првин тешки нозе немаат работено со топка но се гледа дека ништо не е работено скокни шутни сами да се снаоѓаат но и тоа е ок само да знајме која е првата постава сега за сега ништо не се знај се изгубија тројцата тренери и уште не ми е касно шо прат тројца ај еден друг одбрана а шо кур прај третиот преведваСекоја чест за анализата....
Нека читаат и белким некој ќе го пренеси ова до "трите мудреци"...
Штета колку можиме а самите се кочиме..
Ќе биди дека двајца се криви, третиот користи [emoji4]Абе и нашите знаат на пишано и муабет не само јович и шундо можи најмногу цревото но ко ќе се на клупа друга приказна, еден играч прај грешка или промашува во напад и одма надвор го вадат после другиот и така ги ротираат без врска и за напад и одбрана но најважно шо рече и дека мислевме барем физички се спремни и тука ќе ни биди предноста но за жал изгледа ги преусисаа некој на припремите исто и долга клупа но кај нас не се знај кој јади а кој пие но се знај кој плаќа , ај од првин тешки нозе немаат работено со топка но се гледа дека ништо не е работено скокни шутни сами да се снаоѓаат но и тоа е ок само да знајме која е првата постава сега за сега ништо не се знај се изгубија тројцата тренери и уште не ми е касно шо прат тројца ај еден друг одбрана а шо кур прај третиот преведва
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Одлична анализа.3. Мора да одлучат што ќе прават во средината на одбраната 3/4. Не може 10 играчи да ротираат таму. Мора да се има јасна постава. Ако на Сери му треба време да се врати во форма (а сигурно му треба) уигрувај го во домашно првенство со послаби екипи а не директно во оган. Одлучи се дали Хансен или Василев ти се прва опција за пикер во два правци. Ако се одлучиш за поподвижна одбрана со Атанасијевиќ на 3ка, ок, посвети се на таа логика и уиграј ја, а не да го заковаш на клупа цел подготвителен период и да го фрлиш во оган против Вардар (среќа жива тој до некаде ги стабилизира и беше една од светлите точки).

A za oprema da prasate ko za fudbalo so prasvavte,plus e septemvri do togas baravte dali ke zemat oprema, nosat igraci itn? A za drugite aktuelnosti vo tekot na denotЌе биди дека двајца се криви, третиот користи [emoji4]
Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Ај гледајте ја и ќе кажите како изиграа Хансен и другарите [emoji16]Ни следи нова утакмица за уживање
Спремајте дијазепами со време
Шо опрема? Не те разбирам шо сакаш да кажиш?A za oprema da prasate ko za fudbalo so prasvavte,plus e septemvri do togas baravte dali ke zemat oprema, nosat igraci itn? A za drugite aktuelnosti vo tekot na denot
Со пикерот Данецот тука се негдеТајник до сега е најголемата ракометна превара шо ни се има случено во Битола. Дајбоже да се смени се и да биди наш најдобар играч, до сега е жива превара.
Sent from my SM-G998B using Tapatalk
So Nilsen pikerot nema sansi, nekorisen e ni vo napad ni vo odbrana.Тајник до сега е најголемата ракометна превара шо ни се има случено во Битола.