Не знам како ги сфаќаш работите, ама нема некој што гледа одозгора (на тога) како на Red Alert.
Имаш скроз нереални сфаќања како функционираат работите на борбено поле. Којзнае колку пати на темава имаме дискутирано за тоа. Секоја дискусија завршува далеку од кај што почнала, оттука и мојот претходен пост.
Ама ајде.
Зборувавме за тоа дали морнарицата е застарена или не.
Сега сме на друга тема.
Не постои такво нешто како видливи или невидливи, големи или мали.
Постои такво нешто како дали може да ја најдиш метата и дали можеш да ја гаѓаш метата.
Најголемиот дел од против бродските ракети, меѓу другите работи користат радар за да се доведат до целта.
Меѓутоа, за да ја погодиш целта, треба да знаеш каде е бродот. Бродот не е стационарен. Еден час може да биде на едно место, следниот десетици километри подалеку.
Ти треба дострел до метата. Ако по некоја случајност ја знаеш постојано локацијата, треба да имаш оружје што може да стигни до бродот.
Носачите, заедно со цела своја поддршка, оперираат од големи далечини и скоро секогаш се далеку од брегот. Немаш дострел.
За да потопиш носач во суштина ти треба морнарица, што значи за она што првично збоувавме, дека морнарицата не е застарен концепт.
Тој цирконот, или кинжалот (што не гаѓа бродови) или кое и да е оружје, мора да биде истрелано во близина на носачот (нека бидат стотици километри). За да биде истрелано кон носачот, ти треба точна локација, што значи нешто мора да испрати локација до носачот. Подморница, дрон, авион или што и да е. Ова мора да се случува во период од минути. Ако имаш било каква локација, а оружјата не можат да бидат во домет или истрелани за минути, метата е промашена.
Да не зборуваме за тоа дека таа цела борбена групација околу носачот покрива илјадници километри. Од авиони што бараат подморници, Авакси што покриваат накај илјада километри воздушна детекција и еден куп други работи, меѓудругото брзо-менувачката позиција на бродовите.
Во врска со невидливоста, бидејќи скоро сите противбродски ракети користат радари, голем дел од бродовите имаат стелт технологија, што драстично го намалува радиусот на детекција.
Да не зборуваме за сета огнена моќ што ја носат бродовите. Брзо може да реагираат и да нападнат со еден куп различни оружја од огромна далечина.
Сето ова, не само што не ја прави морнарицата застарена, туку ја прави агилна, и најзначајна алатка во војувањето.