Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

шо к*р го чува Рашфорд уште на терен?!?!

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Срамота. Не само што нема никаков напредок, туку спротивно, полоши сме. Си го куца отказот Тен Хаг. Тотално ги има испуштено конците од раце, ништо не функционира. Нула логика во измените. Рашфорд буквално секоја ситуација кога треба да асистира ја комплицира. Бруно наместо како капитен да биде најсмирен, он е најнервозниот играч на терен кога губиме. Го извади Хојлунд за Марсијал, играчот кој е толку изгубен што не знае ни кога е на тренинг. Мек Томинеј ни Гоапод не знае што воопшто бара у клубов, а ќе изигра цела утакмица. Тоа покажува колку се погуби Тен Хаг. Гарначо у 85-та минута го става. Го извади Регелон бе, единсвениот кој покажува нешто и колку толку пробува да искреира некоја шанса. Се што можеше и не можеше да промаши, денес Тен Хаг промаши. Каква катастрофа е сезонава, Челзи од лани ќе ни подзавиди. Срамно.
 
Не е ништо крив Онана што нашите играат на контра и лагано си гледат како Брајтон игра фудбал..
Не е крив де, ама ќе фати ли нешто некогаш?
 
Ете 2 чисти фати Онана. Камо тој да беше проблемот...

Рашфорд има блед старт сезонава целокупно. Премногу лоши одлуки носи. Касемиро е просечен. Одбраната е загрижувачка. Тен Хаг носи чудни одлуки и мислам дека само чудо во Минхен може да донесе позитивен резултат.

Како го почнавме мечов, како во второ скроз се распаднавме...

Не знам, можеби е прерано ама веќе сме во криза и мислам дека на Тен Хаг му се загрева столчето...

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
со двајца играчи минус ја изигравме цела утакмица.... Мектоминеј и Рашфорд.... даваш гол за 3:1 во 73 минута и чекаш до 86 минута да вршиш измени... тотално незаинтересирани за фудбал... ТРЕБА ГЛАВИ ДА ЛЕТААТ после ова денес....

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Ај бе не е страшно има напредок тимов. Како што тврдат овде голем број на фанови кои не сакаат да признаат каква мизерија од тим сме.
 
Примадониве мора да ги седнат на клупа. Се додека секоја утакмица некој има загарантирано место во прв состав нема спас.
Тоа што @Inglourious Basterd мислам го пишуваше завчера тие што се најплатени и лидери во тимот нигде ги нема.. Мораше Рашфорд да биде сменет наместо Хојлунд, освен ако данецот не е спремен физички за повеќе од 60мин, иако при таква негатива мораше да остане на терен...
Катастрофа изиграно во најмала рака. Не го очекував ова и покрај сите негативни работи периодов.
Многу тешко ќе биде да се кренат после ова. Иако може е и добро што заврши таа серија на непобеденост дома.
Пораз во кој Тен Хаг изгуби најмногу.
 
sramota-%D1%81%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B0.gif
 
Ете 2 чисти фати Онана. Камо тој да беше проблемот...

Рашфорд има блед старт сезонава целокупно. Премногу лоши одлуки носи. Касемиро е просечен. Одбраната е загрижувачка. Тен Хаг носи чудни одлуки и мислам дека само чудо во Минхен може да донесе позитивен резултат.

Како го почнавме мечов, како во второ скроз се распаднавме...

Не знам, можеби е прерано ама веќе сме во криза и мислам дека на Тен Хаг му се загрева столчето...

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Проблемот е што фрлија добар дел од буџетот на него непотребно, барем до сега буквално џабе е донесен, реално ДеГеа вакви топки ко од шала кинеше е сеа не беше пасер јбг
 
Гледам премалку играчи кои се залагаат, промногу играчи се статични. Овој систем не се игра со мрзи а премногу ги има во томот.
Автоматски споено мислење:

Проблемот е што фрлија добар дел од буџетот на него непотребно, барем до сега буквално џабе е донесен, реално ДеГеа вакви топки ко од шала кинеше е сеа не беше пасер јбг
Брат и Кејн да дојдеше шо фајде кога 6 други играчи околу него не сакаат да мрднат.
Онана е најмал проблем во тимот.
 
Ништо против Онана, ама отпуштање на Де Геа беше последно нешто што му требаше на Јунајтед. Баш Де Геа беше идеален голман за екипа која секоја утакмица по неколку пати го остава голманот на цедило 1 на 1 со противнички играч, страшни рефлекси и перфектен на линија. Реално тие топки што ги фаќа Де Геа сам со противнички играч, Онана ни на сон нема да ги одбрани. На сите 3 гола беше прекраток.

Околу Тен Хаг, мислам дека полека ги губи конците, уште и она исвиркување од цел стадион на одлуката за промена до сега не сум го доживеал. Имам чувство дека не чека идентично сценарио од 2018 и последните месеци на Мурињо и кога овој се раскара со Погба и Марсијал и на крај со пола тим.

Скроз негативна аура има околу клубот, дури и потоксично е и од тогаш.

Браво за Регилон и желбата која ја покажа Ханибал, поголема од 90% од тие што беа на терен. Друго се беше резил. Секоја топка рогни ја лево кон Рашфорд и тоа беше 90 минути. Ако има мадиња Тен Хаг ќе го стави Ханибал прв тим во среда против Баерн. Ако е мангуп, нека биди мангуп до крај.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom