Срамота. Не само што нема никаков напредок, туку спротивно, полоши сме. Си го куца отказот Тен Хаг. Тотално ги има испуштено конците од раце, ништо не функционира. Нула логика во измените. Рашфорд буквално секоја ситуација кога треба да асистира ја комплицира. Бруно наместо како капитен да биде најсмирен, он е најнервозниот играч на терен кога губиме. Го извади Хојлунд за Марсијал, играчот кој е толку изгубен што не знае ни кога е на тренинг. Мек Томинеј ни Гоапод не знае што воопшто бара у клубов, а ќе изигра цела утакмица. Тоа покажува колку се погуби Тен Хаг. Гарначо у 85-та минута го става. Го извади Регелон бе, единсвениот кој покажува нешто и колку толку пробува да искреира некоја шанса. Се што можеше и не можеше да промаши, денес Тен Хаг промаши. Каква катастрофа е сезонава, Челзи од лани ќе ни подзавиди. Срамно.