Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Играме одлично, ама реализацијата ни е за никаде, а дефанзивно сме хаотични.


Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
се согласувам... мора Рашфорд помалку да комплицира и помалку да биде себичен...

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Некни за милиметри офсајд, денес топката надвор од терен. Да ти ја ебам и среќата што ни е во минус.
Каземиро ни блиску од тоа што беше лани, десната страна не ни постои, Антони каков и да е кога е на терен има некој проток од таму, сега ништо, 0.
Позитивно изненадување ми е Регилон, сосема солиден е ова полувреме.
 
Пф, колку аматеризам имаше во полувремево. Брајтон има 6 измени од стартниот состав, и ни игра тика така на Олд Трафорд, и буквално топка не може да им земеме половина час. Замислете да отидевме некаде ние со половина состав надвор, и да игравме вака.

Де Зерби увиде дека му фали играч во средина по првите 15 минути, ги врати Велбек и Лалана поназад, и толку, застана се. Половина час Тен Хаг не може да го реши овој проблем.

И не го разбирам Рашфорд, зашто идеш со пуна во 16 метри, па никогаш нема погодено гол така. 4-5 шанси му се потребни да даде гол. Ова е срамота, не ми се верува што гледам.
 
Првите 15 минути беа супер и издишаа после тоа. Со оглед на тоа што играме со играч помалку, а и целокупната ситуација со клубов, не е неочекуван резултатов. Ептен е загрижувачки што ние на поставена одбрана, сме тотално безидејни во противничка третина како до шанса. Рашфорд неколку пати влезе во шанса, ама финишот му е катастрофален. Или лупа со цела сила или шутевите идат понсредина. Евидентна е разликата кога игра лево и на шпиц, само пресингот му е проблем. Цело време од кај него изнесуваат топка, пречесто касни со покривање. Бруно како и што очекуваме кога иде десно е дупло послаб играч. Нека го вади Мек Томинеј на полувреме, тотално некорисен во двата правци. Играч помалку е на терен. Проблем ќе биде и што Ерикесен ќе мора да искочи покасно.
 
Пф, колку аматеризам имаше во полувремево. Брајтон има 6 измени од стартниот состав, и ни игра тика така на Олд Трафорд, и буквално топка не може да им земеме половина час. Замислете да отидевме некаде ние со половина состав надвор, и да игравме вака.

Де Зерби увиде дека му фали играч во средина по првите 15 минути, ги врати Велбек и Лалана поназад, и толку, застана се. Половина час Тен Хаг не може да го реши овој проблем.

И не го разбирам Рашфорд, зашто идеш со пуна во 16 метри, па никогаш нема погодено гол така. 4-5 шанси му се потребни да даде гол. Ова е срамота, не ми се верува што гледам.

Играта без топка ни е криминална. Стојат на 10 метра од играч, овие си изнесуват топка лагано без никаков напор.
 
Рашфорд себичен цел натпревар.Племе.
Автоматски споено мислење:

Ајде толо им е на нашите примадони.никаква игра ништо една голема 0.
 
Ова е мачење да го гледаш.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Го уништи мечов Тен Хаг со измениве...се изгуби скроз.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Секоја чест вака се води клуб.. Не како нашиот. Фала чао пријатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom