Пукањето е многу подобро, tappping и burst се моментално ласери, многу глатко оди додека рафалот е малце чуден, не знам дали е до самиот recoil или анимацијата ама неможам да поврзам spray transfer пример, додека на CSGO си го правам без проблем. Општо кога ќе се распукам рафал некако многу побрзо излегува од контрола спрема CSGO.
Движењето не правам многу разлика, ми делува дека е подобро и smooth ама мислам дека е ради серверите пошто генерално играта е многу подобро анимирана и се делува мазно, како бебешки газ со добро наместени сетинзи.
Графиката е предобра, јас претходно имав проблем со „сивилото“ што беше ради самиот енџин на играта ама сеа е неспоредливо подобро, се е јасно, агентите лесно се распознаваат и издвојуваат во мапите, нешто што ми беше огромен проблем посебно на Ancient.
Моментално едини замерки ми се звукот, ми делува како потап, не знам како да објаснам ама има моменти во кои неможам со сигурност да проценам од кај ми доаѓаат или што се случува, треба уште многу да се работи зошто е многу деликатна ствар ама со оглед на масивноста на луѓе што вклучија во бета сега, верувам дека за брзо ќе се среди.
Истата замерка имам и за худот и за конфиг што неможе да си конфигурираш ама реално и рано е, сеуште е бета и сите опции не се достапни, верувам дека ова ќе се среди со време без проблем.
Генерално, одлична надградба, ми се свиѓа.
Во поглед на ММ и Фејсит, искрено сите имаат различни искуства, јас повеќе преферирам ММ отколку Фејсит од проста причина што има многу помалце смурфови и групи, игрите ми се многу поизбалансирани отколку на фејсит, ова зборувам за ЛЕМ, Суприм и Глобал ело пошто таму орбитирам. Фејсит порано имаше огромна култура на играње, 2016-2017 скоро сите игравме фејсит стриктно и констатно се играаше во 5ки и сите качивме јаки ранкови/левели. Јас бев левел 9, не играв 2 години, после кога се вратив 2020 или така нешто, почнав да играм сам и од левел 9 паднав до левел 4 и престанав да играм пошто како соло играч, секоја игра имаше стакови, смурфови, буквално не се играше сам, за да одржиш ранк или да качиш имав впечаток дека мора да играш во група.
После тоа паднав уште два левели пошто се тилтнав максимално и од тогаш немам чепнато, сега не знам како е, може да пробам чисто да видам. ММ барем за CSGO ми е неспоредливо подобро искуство за соло играч.
Во двојката се надевам дека фејсит ќе се искорени и нема да се користи, сите ќе преминат на Премиер ранкот зошто сметам дека има многу потенцијал и интересна замисла, секако серверите ќе бидат исти така да единствената предност што ја имаше фејсит пред ММ а тоа се сервери, веќе нема да ја има така да не знам зошто некој би играл фејсит.