Вчера гледав стрим, претежно Shroud, кај ја игра двојкава и морам да кажам само едно нешто, КОНЕЧНО. Не знаете колку пати ми се има десено последниве 2-3 години, после 2-3 партии главава ќе ми пукне, пробував и со vibrance зголемување и со разни сетинзи да сменам светлина, бои и немав некој добар ефект, односно после неколку партии страшно се заморував, премногу сива, премногу темна, еднобојна ми беше графикава, новава дефинитивно е нешто што одамна го чекам.
Другово како што гледам не мењале многу, пукањето е тоа, главните механики ради која ја сакаме и играме кантер се тие, добриот рецепт не дирале само ја модернизирале играва, исто ми се свиѓа на радарот што покажува кај можат да те слушнат ако одиш/трчиш. Генерално супер промени.
Само не знам како ќе функционира ова без tickrate, нема да биде ни 64, ни 128, не знам дали во други игри има вакво нешто ама ова највеќе ме праши како ќе биде оптимизирано али па од друга страна, кој друг ако не Валве за најхардкор промени, за компетитивност и вакви промени ако некоја компанија е способна да унесе вакви промени тоа се они, никој друг.
Интересни времиња идат за играта што ја играме добри 20на години.