Одсекогаш мислев дека нема да се појави менаџер на нивото на Фергусон, но Пеп ме демантира. Пеп е многу поголем фудбал фрик, лудак во буквална смисла на зборот. Иако некој ќе рече начека супер тим но, да бидеме искрени начека тим кој едвај припари топ 4 во 2015, начека една Барселона во распад.Единствено што доби готов тим беше Баерн. Пеп просечно во сезона има над 85 поени, Ферги освојуваше титули и со 80-тина.Од 13 сезони има освоено 11 домашни натпреварувања и е менаџер со најмногу полуфиналиња во ЛШ. Импресивна статистика. Клоп е дефинитивно еден од најдобрите менаџери што закорачил во ПЛ и доколку не беше горенаведеното копиле ќе доминираше и ќе освоеше многу,многу повеќе. Клоп игра прекрасен фудбал, недостаток му се титулите кој се и клучно мерило за успешноста на еден менаџер но, ако гледаме според начинот и против кого ги освоја тие титули тежината е многу , многу поголема.Чоло иако со лимитиран буџет направи резултати, но е далеку од елитен менаџер пред се ради начинот на игра (многу дефанзивен, недопадлив фудбал, без некоја доминација) што ми се чини дури и да е во најдобар тим , ќе биде ист концептот. Затоа е пак еден од најдобрите менаџери за мид тајбл тим. Зидан нема да го ставам нити во подобрите бидејќи апла начека супер воигран тим.Мурињо беше неверојатен до 2011 и имаше огромен потенцијал да биде број еден. Не знам што му се случи и што загуби во Реал, но неговиот Интер и Челзи беа едни од најдобрите тимови евер.