Злате, не се чудам, само си правевме муабет…
Јасно е дека ти кажуваш за “идеален случај”, а и јас и ти не веруваме дека кај нас тоа може.
Инаку ти верувам дека дигиталните манометри се прецизни(иако не знам на кој принцип работат), ама и аналоген може да биде прецизен и добар. Еве тамам додека го пишувам ова
@vouager постира за такви…
Јасно ми е на кој принцип работи мерач на притисок, У цевче што се витка и исправа, и постои стотици години уште од времето на парата. Исто така и останатото мање-више го апсолвирам со релативниот притисок и како се пресметува.
На крај-краева, и двајцата се слагаме дека кај нас “правилна” монтажа до толку не е возможна! Јас само сакав да кажам дека ни дигитален манометар не е гаранција за добар мајстор! (Како што ти го направи)
И уште по на крај, монтирам клима со 5 метра цевки од 1/4” и 3/8”. И без вакумирање ќе тера… (и онака премал волумен е тоа, доста е само да го шишне, да испушти малку фреон. Пола клими у државава ни се така монтирани, па тераат мака немаат)
А да местев мулти-сплит од 3000€ со пеес метра цевки, или ТП со 3/4” на 15-20 метра.. е тогаш ќе бев загрижен…