ATP тенис - општа дискусија

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.669
Поени од реакции
43.557
Аууу каков трет сет, секоја чест и за двајцата. :cuc:

Мислам дека прославата на Џоковиќ кажува се, ГС титули има славено помирно од ова. Ќе биде јако на УС Опен, уште еднаш огромно браво за Алкараз, детето е грамада уште на 20 години.

Возбуда и адреналин на максимум, нема да има спиење до сабајле изгледа. :D
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.205
Поени од реакции
5.202
Искрено треба да добијат титула и двајцата...
Штета што како стои после Џоковиќ нема да има кој да му парира на Алкараз и може да биде досадно малку.
Ваков талент како Алкараз , толку млад а толку зрело да игра тешко некогаш пак.
За Новак што да се каже иако изгледа дека пада физички да играш ваков меч толку помлад противник, наклон до под...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.767
Поени од реакции
44.130
Книга може да се напише за овој меч, цела документарка да се сними од едно 10 епизоди. Најдоброто мастерс финале на кое сум сведочел у животов, најепско најсве, и долевање цемент на GOAT статусот, од друга страна уште едно исцртување во чија ера на тенисот влегуваме, онаа на Карлос Алкараз.

Губење на свој сервис у втор сет откако направи 3 дупли, и враќање у меч од тој момент каде беше умрен, и сет каде спаси и меч топка, за да подоцна му се случи куршлус во трет сет, прво на меч топка на сервис на противник, после оние 3-4 или колку и да беа што не ги искористи на свој сервис, од кои една беше дупла, сервис кој го изгуби на крај. После све ова на крај пак победи, на 36 години, колку што е импресивно тоа што го прави Алкараз на негови години, што да се каже за Новак кој е влезен у својата 37ма година од животот. 2 слема од 3 освоени, го освојува по трет пат Синсинати, се одвојува дополнително со мастерси од Надал ... не знам што е поимпресивно од ова.

Капа доле за Карлос надреален човек е ова, невиден тениски продиџи, ко што рече и Киргиос, оставете го на мира човеков на свој грб треба да го носи овој спорт во следни 10 години. Ова е 4ти меч помеѓу овие двајца, сите беа епски со исклучок на РГ и тоа само ради грчевите кај Алкараз, иначе и тоа идеше натака. Што изиграа денес брееееј, абе скоро 4 саати у добиени 3 сета. :popce:

Иначе мислам, али не сум сигурен, Карлос си ја еба раката кога од нервоза лупаше кога седна на клупа после изгубениот втор сет, покажува емоции дечково кога губи, фрла рекети, се кара со тим, лупа на клупа ... потсеќа на некого. :ROFLMAO: Ова да беше шах денес мислам дека требаше да си подадат рака за едно реми, штета што денес има губитник али ко што рече и хрватов, денес тенисот секако ќе победи.

И еден луд податок за кој не ни бев свесен до сеа, Чилич једини у кариерата на Новак што му земал победа откако Новак имал меч топка, како и зашто се десило ова, и кога секако, останува мистерија која еден ден можеби ќе биде разрешена.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.424
Поени од реакции
2.250
Ваљда и најдолго мастерс финале икада. 4 СААТИ!

Јас снемав душа гледајќи ги. Нека им дадат вазна и на двајцата. Секоја чест и за двајцата.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
322
Поени од реакции
560
И еден луд податок за кој не ни бев свесен до сеа, Чилич једини у кариерата на Новак што му земал победа откако Новак имал меч топка, како и зашто се десило ова, и кога секако, останува мистерија која еден ден можеби ќе биде разрешена.
Со Рафа мадрид 2009 имаше меч топка у 3 сет тб и изгуби на крај.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.217
Поени од реакции
37.693
Се изгубив на моменти заборавив дека навивам за Ноле, до толку беше добар мечот. Неможеш да го хејташ овој Алкараз, емоција во движење е дечкото. :cuc:

Ноле нека му ја мисли ова ако иде у 5 гема на слемот, незнам од каде извади сила за тајбрејкот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.767
Поени од реакции
44.130
Со Рафа мадрид 2009 имаше меч топка у 3 сет тб и изгуби на крај.
Ја коментаторов го слушав, затоа и реков луд податок, искрено прилично бев убеден дека сигурно има повеќе вакви случаји, бар повеќе од 1, ама па не ми ни текнува за тоа со Рафа, јебена 2009. Aли во право си, ТБ и 6-5 за Новак, што у глобала е ок, зашто доста апсурдно би било само Марин да е на таа листа.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
322
Поени од реакции
560
Ја коментаторов го слушав, затоа и реков луд податок, искрено прилично бев убеден дека сигурно има повеќе вакви случаји, бар повеќе од 1, ама па не ми ни текнува за тоа со Рафа, јебена 2009. Aли во право си, ТБ и 6-5 за Новак, што у глобала е ок, зашто доста апсурдно би било само Марин да е на таа листа.
Ааа да, нешто спомна ама мислам алудираше само за финалиња. Мислеше ваљда дека Марин го има единствен добиено во финале на некој турнир, а притоа Новак да имал меч топка. И ако е тоа Квинс тоа е негде 2017 или 2018 кога Новак имаше проблеми со лактот.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.669
Поени од реакции
43.557
Ааа да, нешто спомна ама мислам алудираше само за финалиња. Мислеше ваљда дека Марин го има единствен добиено во финале на некој турнир, а притоа Новак да имал меч топка. И ако е тоа Квинс тоа е негде 2017 или 2018 кога Новак имаше проблеми со лактот.
Да, финале и Квинс 2018та кажа мислам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.896
Поени од реакции
111.843
Ноле нека му ја мисли ова ако иде у 5 гема на слемот, незнам од каде извади сила за тајбрејкот.
Па после вчерашниот меч Алкараз нека му ја мисли зашо он крахираше физички, а не Ноле, иако и двајцата беа видно уморни. Што да се каже иначе, епски меч, веќе четврти меч каде се рокаат максимално двајцата, ајде три пошо РГ умре Алкараз после 2 сет, иако и таму у први 2 сета се рокаа максимално. Да беа генерација двајцата.... :eek:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.767
Поени од реакции
44.130
На Новак му фали уште една титула во Монако и да ги има освоено сите мастерс титули барем 3 пати, а моментално е единствен што ги има освоено сите по 2 пати ко што е случај и со слемовите, каде ги има сите освоено барем 3 пати. :eek: :eek: :eek:
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.953
Поени од реакции
10.966
Мајсториште. Мислев дека е готов откако наместо да направи 3-5 во сетови му брејкнаа на 4-4 и штета што пукна линкот ама ќе најдам деновиве да ја догледам. Очигледно дека малиот е перспективата на спортот следни 15 години, а за Ноле шо да кажиме освен шампион и најдобар на сите времиња.

Ако има сила во нозете сакам да го гледам следни година до две како зема вака по некој турнир од време на време.
Чисто колку да направи уште некој рекод, додека малиот стекни искуство и не реагира онака емоционално на сред натпревар (мада има од кој да учи, хахахахаха). Рано е за пензија, рано еееее.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom