Книга може да се напише за овој меч, цела документарка да се сними од едно 10 епизоди. Најдоброто мастерс финале на кое сум сведочел у животов, најепско најсве, и долевање цемент на GOAT статусот, од друга страна уште едно исцртување во чија ера на тенисот влегуваме, онаа на Карлос Алкараз.
Губење на свој сервис у втор сет откако направи 3 дупли, и враќање у меч од тој момент каде беше умрен, и сет каде спаси и меч топка, за да подоцна му се случи куршлус во трет сет, прво на меч топка на сервис на противник, после оние 3-4 или колку и да беа што не ги искористи на свој сервис, од кои една беше дупла, сервис кој го изгуби на крај. После све ова на крај пак победи, на 36 години, колку што е импресивно тоа што го прави Алкараз на негови години, што да се каже за Новак кој е влезен у својата 37ма година од животот. 2 слема од 3 освоени, го освојува по трет пат Синсинати, се одвојува дополнително со мастерси од Надал ... не знам што е поимпресивно од ова.
Капа доле за Карлос надреален човек е ова, невиден тениски продиџи, ко што рече и Киргиос, оставете го на мира човеков на свој грб треба да го носи овој спорт во следни 10 години. Ова е 4ти меч помеѓу овие двајца, сите беа епски со исклучок на РГ и тоа само ради грчевите кај Алкараз, иначе и тоа идеше натака. Што изиграа денес брееееј, абе скоро 4 саати у добиени 3 сета.
Иначе мислам, али не сум сигурен, Карлос си ја еба раката кога од нервоза лупаше кога седна на клупа после изгубениот втор сет, покажува емоции дечково кога губи, фрла рекети, се кара со тим, лупа на клупа ... потсеќа на некого.
Ова да беше шах денес мислам дека требаше да си подадат рака за едно реми, штета што денес има губитник али ко што рече и хрватов, денес тенисот секако ќе победи.
И еден луд податок за кој не ни бев свесен до сеа, Чилич једини у кариерата на Новак што му земал победа откако Новак имал меч топка, како и зашто се десило ова, и кога секако, останува мистерија која еден ден можеби ќе биде разрешена.