Ама не Арнаутович имал 50 conversion rate, он не бил истиот од порано, не било исто у Болоња и Интер, тука Барела ке го ранел со топки и одприлика според интерашките статистики, ке донел само он потенцијално 18+ бодови.
Глупо вака да ми цитираш мислење од фан клуб и да го одговараш тука без да ме означиш, па и да пишуваш дека тоа е мислење на интерашите.
2 страни пред тоа, коа правевме муабет пишав таму дека не ни треба, и дека е стар за Интер да го бара него. Коа веќе потпиша, шо сакаш, да плукам по него?
Фактите му се тоа, требало и нив да ги копираш, на 21 утакмица има 10 гола лани дадено во Болоња, тоа ако не е блиску 50% не знам што е.
Во просечна Болоња има 2 добри сезони позади него и сега прави апгрејд на тимот во кој што ќе игра и се очекува многу повеќе од него да допринесува за Интер каде што има средина со многу подобар среден ред(Барела е изваден како пример). Ако не се лажам, Интер лани беше клуб со најмногу креирани шанси за гол. Ако во Болоња имал 3 добри шанси секоја утакмица да даде гол, во Интер ќе има најмалце 6 шанси(теоретски).
Да успева да прави таква конверзија на голови каква што има во Болоња над 20 ќе има на крај на сезона,
само тоа е муабет шо ако баба беше машко. Затоа многу битно е кога читаш некој на форум или било каде, да размислиш дека тоа се прогнози на можни сценарија. Не се тоа факти па ја да тврдам дека ќе биде сигурно така и он дека нас ни гарантирал +18 бода.
Од овој аспект гледано, ја гледам која опција би била најдобра за Интер, какво мислење очекуваш ти ? Дека ќе прогнозирам дека ќе флопне јако, ќе има промашени зицери секое коло? Можно е, не викам не, може и нема да заигра за Интер, ќе се повреди у петок ќе лежи до мај, пу пу скраја да е. Пак муабет на што ќе биде ако биде.
Човекот има 34 години и затоа е непотребен трансфер со кој ќе се крпи оваа сезона, а следно лето ќе се бара најверојатно нешто подобро и помладо. Истата стратегија ја имаше Јунајтед лани за истиот човек, не се договорија за цената со Болоња.
Интер има големи проблеми со финансиите и мора да крпи. Во рамките на тие финансии што ги има тоа му е изборот што може да го направи, нема кој не сака повеќе, ама тоа е.