Заборуваме за истата таа “неутрална” Шведска што ја ранеше нацистичката воена индустрија у WW2 со челик и јаглен?!
Истата Шведска(заедно со Швицарска!) преку чии банки нацизмот тераше бизниси?!
Аха, да. Неутралност у пм! Т.е. според потребите…
У Студената Војна, истата таа Шведска беше бастион на НАТО во Балтикот, и верен нивни служител во контејнеризирањето на русите во тој регион!
Мало сутра неутралност.
А тоа дека имаа екстремно развиена воена индустрија, си во право…
Само заборави да напоменеш дека до пред 30-40 години беа најголеми извозници на оружје и муниција по глава на жител во светот! Продаваа капом и шаком на кој ќе стигнат од Африки до Колумбии и Шри Ланки!
И таму го следеа НАТО и нивните диктатори, но не се срамеа ни по комунистички земји да продаваат “отпад”! Буквално 10% од ЏДП-то им отпаѓаше на извоз на оружје. Глобални терористи затскриени зад пропагандните флоскули за “Скандинавска земја, мир у светот, и зеленило”
И веројатно не ти стигнало мемото, дека од 80’-тите таа иста шведската воена индустрија пропаѓа!
Едноставно така мала земја, колку и да се трудеа, не успеаја да одржат чекор со технолошкиот развој на САД, Русија, Кина, па дури и едни Франции и Британии.
Подморниците им биле добри во 70’те според тогашните руски и амерички, но од Голанд класата наваму, никој нејќе да им ги купи! Живо срање! Авионите исто. Грипенот никој жив не им го сака. Триста турнеи му правеа по Јужна Америка и Индија, и џабе! Чесите дури и на позајмица имаа авиони со опција со откуп, и пак им ги вратија…
Едноставно технолошкиот развој ги прегази…
А тоа што нивната армија е опремена претежно со сопствено оружје е за пофалба, но не значи дека истот тоа оружје е добро, или дека армијата им е “многу јака”.