Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Снежана не е бела, а џуџињата не се џуџиња, туку магични суштества од различен род и раса. Потоа, приказната не била за љубовта што победува дури и смрт. Ќе го нема бакнежот на крај. Приказната овој пат била за тоа како Снежана станала лидер. Озбиљно, ова го кажа главната глумица. Принцот е непотребен.

Па го прашувам @Zlatikevichius , до кога ова ќе биде Снежана? Каде е границата на промени, после која ќе речеме, океј ова више не е Снежана?

Или заувек ќе биде Снежана ако така се вика, па макар постепено се претворила у приказна за хокеарски клуб кој продава дрога.
 
А тоа што Дизни не контаат дека џуџињата во приказната се посебна непостоечка раса, а не луѓе со џуџест раст, тоа е друга прича.
Затоа тврдат дека џуџиња, во филмот ако стои, е навредливо за луѓето со таква состојба.
 
А тоа што Дизни не контаат дека џуџињата во приказната се посебна непостоечка раса, а не луѓе со џуџест раст, тоа е друга прича.
Затоа тврдат дека џуџиња, во филмот ако стои, е навредливо за луѓето со таква состојба.

:icon_lol:

IMG_20230717_193323.jpg
 
Благодарност до господинот Кристофер Нолан, убаво беше да се види повторно нормален блокбастер, без лџбт/блм/шкљ пропаганди и со фокус на тоа што е основата на еден филм - приказна, актери и кинематографија.
 
Јас мислев некоја заебанција е тоа за Барбито некој вид иронично тролање, а уствари филм да било. :pos: :pos: :pos:
 
Јас се чудам како возрасни луѓе одат да го гледаат Барби пред Опенхајмер... стварно отиде светов у курац, во ера каде секој втор филм е суперхеројски, или полни со woke пропаганда, да излезе еден сериозен филм како Опенхајмер, и ти да решиш да го гледаш факинг Барби, значи еве не знам. И не се работи тука за Маргот Роби, таа и онака нема да се соблече во ваков филм, туку општо...Барби бе, Б А Р Б И !!!

Еве сега на Гугл пишав Barbie 2023 да прочитам нешто на википедија, и одма ми стана розев екранот, и ми пукаа розеви огномети...ПУ!!!
 
They Live на Карпентер е way ahead of his time. Денес нема шанси да се направи ваков филм, со ваква тематика, сите знаеме зошто...голем дел од буџетот за филмот Карпентер го дал од свој џеб, затоа старчево ми е омилен директор од сите во Холивуд. Halloween, The Thing, They Live, The Fog, Big Trouble in Little China, Escape from New York, Christine итн... Каква колекција :aplauz::cuc:
 
- Снежана е од Латинска Америка
- Маќеата е поубава
- Принцот ќе го нема
- Џуџињата такоџе
- Феминаци филм во најава

Уффф, уште сега осеќам дека ќе фејлне филмов :LOL:
 
- Снежана е од Латинска Америка
- Маќеата е поубава
- Принцот ќе го нема
- Џуџињата такоџе
- Феминаци филм во најава

Уффф, уште сега осеќам дека ќе фејлне филмов :LOL:
Како што впрочем фејлна скоро секој еден Дизни римејк.
Автоматски споено мислење:

 
Опенхајмер следната недела, со IMAX, со пуканки, со се.

За Барби нема потреба да правам трошоци, кога ќе дојде на ТВ ќе го изгледам.
 
Го гледав Барби синоќа. Ќе се обидам да чкртам неколку реченици, но ќе ги ставам во спојлер (не дека рецензијата има спојлери, ниту дека било каков спојлер може да расипе ваков тип на филм, но тазе е излезен и не сакам да кршам атер на било кој).

Мислам дека одамна напишав дека концептот позади Барби не ми изгледа дека е филмичен, односно дека има било каква приказна што би можела да се адаптира на платно. Тука згрешив и морам да признам дека идејата е една од најсилните страни на филмот. Се гледа дека Гервиг фаќа некаков агол и го држи цело време, ваљда заедно со Ноа Баумбах за кој појма немав дека е исто така сценарист. Од прикажаното повеќе ми изгледа дека чепкал некој драфт отколку горе-долу целосно да го напишал сценариото заедно со неа.

Барби има интересен почеток. По првата сцена која е всушност омаж на 2001 Одисеја, вешто го поставува светот на Барби, атмосферата, тоновите, и hook-от. Иако сета експозиција е една долга монтажна секвенца, мислам дека функционира доста добро и го дефинира контекстот. Како резултат, после 15 минути веќе е јасно на каде ќе оди приказната и што (отприлика) да очекуваме.

Марго Роби е уникат - знае како да се сноси со одговорноста на улогата и е комплетно внесена во неа. Во ниту еден момент не дозволува гледачот да се посомнева дека е кукла и човек во исто време. Секој кадар, особено тие close shots се лепота, си викам не може да ѝ се изнагледа човек на оваа. Every shot a painting, буквално. Рајан Гослинг е стандарден, па и Вил Ферел ми се допадна - другите ликови/актерска екипа се речиси и незабележливи. Исто така, сет дресингот и product placement-от е ок, не служат како дистракции ниту двете, баш напротив, го прават светот на филмот побогат.

Еден од поинтересните делови, покрај експозицијата, е кога Барби и Кен одат во реалниот свет - тука приказната веќе навлегува подлабоко со цел да опфати повеќе теми и да ја прикаже човечката страна на протагонистите, онаа којашто ќе се трансформира понатаму. Од друга страна, генерално, филмот повеќе личи на серија од моменти, реплики и gimmicks кои повеќе функционираат индивидуално отколку хомогенизирано. Тука и приказната се соочува со неколку есенцијални проблеми - не може да ја задржи и негува истата енергија од првата половина. Се мачи да излезе од границите на концептот, и на крајот повеќе наликува на идеја отколку целосно оформена приказна. Последниот чин е антиклимактичен и најлошо од сѐ - straightforward.

Гервиг тешко наоѓа начини да создаде нешто ново и креативно што ќе се истакне. Дури и најповторуваните секвенци како таа на почетокот и поздравувањата на Барбиките (ги има и во трејлерот двете) се попопуларни поради филмовите што ги имитираат (Одисеја и Џоџо Ребит) отколку нивната функција во storytelling-от. Исто, нарацијата и дијалогот ја прераскажуваат приказната на секои 15 минути. Можеби поентата на овој избор е филмот да биде јасен за 7 и 77 годишна возраст, и да се вклопи во жанрот/стилот, ама во секој случај не нуди ништо добро и ново, туку одзема антиципација. Како резултат, третиот чин си зема за право да ги реши проблемите на ликовите без тие да се потрудат. Мене лично ме иритира кога спореден карактер, кој првпат се појавува после 30та минута (карикирам, можеби беше и порано/подоцна) и има едно 15 минути screening time севкупно, има моќ да го реши плотот во една сцена. Тука филмот потфрла и крајниот резултат е една скромна 6ка од мене.

Сметам дека Барби треба да се гледа, нема некој зијан од тоа. Баш напротив, одамна немало ваков интересен тренд на одење во кино кој за момент ми заличи на 2000ти кога сите сакавме да ги гледаме тие два филма што излегле на лето и цел интернет зборуваше за нив. Но дали ќе има rewatch value или ќе го издржи тестот на времето, не сум баш сигурен.
Следно Опенхајмер, кој ќе биде петтиот гледан филм од мене годинава. Добро е што одамна се откажав од модератор, срамота е и ова што го пишувам тука, но кој признава пола му се простува.
 
tumblr_mr1s222dab1qmc6zzo1_500.gif
Овој е исклучок затоа што е pure art. И во Se7en користат деус екс махина ама функционира - тоа е затоа што дотогаш филмот веќе те освоил и протагонистите се доминантни. Во Барби е поинаку - нема водечки лик, т.е. речиси и да нема нема ликови, повеќе се како концепти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom