На годиниве на Алкараз:
Федерер имаше 0 грен слем титули.
Надал имаше 2 грен слем титули.
Новак имаше 0 грен слем титули.
Надал двете ги освои на земја. И во кариерата се мачеше со двајца од најдобрите тенисери во историјата на човештвото.
Алакраз има две титули, на две различни подлоги и очигледно е дека нема слаба подлога.
Воедно, Алкараз игра помалку физички напорен тенис од Надал (не дека не игра физички тенис, ама тоа што Надал го правеше на негови години беше надреално) што значи дека најверојатно помалку проблеми ќе има со здравјето од Надал.
Знаејќи дека овој пат и овие предизвици што ќе ги има Алкараз веќе беа изодени од големава тројка и знаејќи дека тој само ќе треба да ги копира работите што им успеале на другите пред него...
Алкараз во моментов го спречуваат 3 работи од тоа да се пензионира со премногу срушени рекорди:
-Физички проблеми (што е можеби најтешкото нешто, и нешто што го оддели Новак од Рафа и Роџер)
-Ментални проблеми (да стане Бјорн Борг 2.0)
-Да се појави некој подобар од него (да стане Федерер 2.0

)
Како што стои ситуацијава во моментов, утре ако се пензионира Новак, во следните 5 години Алкараз ќе биде 90% фаворит на сите грен слемови.
Од неутрален аспект, само здравјето да го служи Новак, па барем уште 2-3 години да извади маестрален тенис (што би било тешко за очекување можеби дека 39 годишен Новак би играл исто како и на 30....ваљда) да може некој барем да му парира на Карлос и да гледаме јаки утакмици.
Секако најдобро за тенисот е да гледаме уште многу вакви дуели.
Од аспект на Новак... искрено, не би се изненадил победава на Карлос да е најдоброто нешто што му се случило.
Гледав некои интервјуа после РГ и некако делуваше како да го изгубил жарот, некако на прашањата "Еве, рекордер си, што сега? До кога?" одговараше у стил на "Па еве, дур можам, дур имам мотивација, дур ова-дур она", некако се гледаше дека му фали нешто да продолжи да брка и дека фактот што цел живот ги бркаше Роџер и Рафа го направи ова што е.
Па оттаму, појавување на Карлос сигурен сум дека ќе го мотивира да се покаже дека може со младите.
Лошо одигра Новак денеска за негови стандарди, ама па истото го одигра и против Синер, па цела среќа што Синер е малце срање па резултатски тоа изгледаше 3-0.
И тоа е се што треба да знаете за разликата на Карлос и Новак и остатокот од АТП турнеата.