До кога толку слепо ќе верувате во моќта на Руската армија? Дај еднаш засекогаш да се разбереме, Русија тргна на Украина и сите мислеа дека ќе ја прегази за еден месец, еве сме година и пол покасно уште се нема тоа случено. Сега наеднаш платениците кои им војуваа во првите борбени редови во Украина и со чија благодарност едвај го земаа Бахмут после 9 месеци, сега им се свртеа накај дома и за неполни 24 часа им заземаа огромен град во самата Русија кој брои 1.1 милион луѓе, им земаа регионална касарна во Ростов на Дон на Руската армија и тргнаа накај Москва. Русија моментално е толку слаба внатре и надвор што е огромна брука за Русија и Путин пред целиот свет! Ако Русија и Путин не можат да се одбранат од нападот на Вагнер, и овие стварно стигнат до Москва, знаеш ли што значи тоа? Значи дека Вагнер, платеничка војска, Руска и составена од Руси ќе направи историски потег и преседан што го нема направено никој во историја со милионски војски. Еден Наполеон и Хитлер не успеале да стигнат до Москва, ако овие успеат тоа ќе биде крај за Русија. И на сето ова најголема добивка има Западот кој трие раце од вчера дека крајот на Русија е блиску. Американците цел ден ги нема да излезат со пресови и изјави дека се загрижени за ситуацијата, исто и Европа. Не е чудо да имаат замешано прсти длабоко во ова и да му помагаат на Пригожин. Дури и да успее Путин да ја одбрани Москва и Русија, и да ги разбие Вагнер од целите, ова ќе биде една од најголемите дамки во модерната историја на Русија. Ако и Рускиот народ се крене против политиката на Руската држава и Путин, крајот е загарантиран за Русија. Престанете да живеете во митови и истории дека некоја армија е непобедлива и може сама против се и сите. Русија го нема истиот капацитет што го имала пред 80 година за време на Втората светска војна. И да се разбереме, не сум ниту против Русија, ниту за Америка ниту за никој, за мене овие војни се тотално разорни за цел свет, политиките и интересите кои се кријат позади нив не носат ништо добро за никој, а најмалку за обичниот народ на било која држава било каде во светот. Проблемот е што уште се залажуваме дека арно ни се пишува а не сфаќаме дека светот е тргнат по пат од кој тешко има враќање и ќе гинат невини луѓе за туѓи политики и интереси.