Проблемот е што уште се залажуваме дека арно ни се пишува а не сфаќаме дека светот е тргнат по пат од кој тешко има враќање и ќе гинат невини луѓе за туѓи политики и интереси.
Светот тргна во мајчина му уште со хипотекарната криза во УСА (2008), па тоа беше малку по 10+ години дојде ковидот, ова сега само е крчмење на тоа што остана. Економски допрва ќе ни се ебава мајката, доколку воено некој не е доволно луд да стави крај на лудилото. Сатанистите во САД предничат во таа насока, иако не знам дали свесно би оделе кон такво сценарио - толку луд никој не треба да биде.
Има два погледи на нештата:
1. Вагнер кои се платеници попија ракета од „френдли фајр“ од некој кој е платен за тоа *(и кај русите не е се' под конец, а кога парата игра сите опции се на маса), па истите такви платеници од другата страна сега ќе прават циркузи. Еве гледаме Ростов на Дон, а и на др места ќе продолжи.
Наративот секако ќе послужи на западната пропаганда.
2. Путин, за да издејствува целосна или поголема делимична мобилизација му ѕвека ракета (проценет е доволно претходно за да знае што дилајла е Пригожин и дека ќе тргне да се одмаздува, во континуитет е „навиван“ како часовник) за да ги извади вака надвор од бојно поле и да ги гаѓа по автопати како глинени гулаби.
Притоа, ако е решен на тоа сценарио подобро да биди спремен за брзо време да го скинат со некој снајпер дебелкото пошто од др страна се калени професионалци, па може истото да ги задеси руските генерали, а и сам Путин ако некако допарат до него.
Ескалацијата на состојбата ќе оди во таа насока во која глобално е договорено (според мене се' или барем поголем дел е предмет на претходен договор).
Можно е Кина да го опколи Тајван, па при таа ескалација С. Кореја да го спржи Јапан со по некоја печурка додека во меѓувреме силните Полјаци кои ќе делуваат на украински територии си попијат и сами по некоја печурка од Белоруска територија.
Можно второ сценарио, ништо од ова да не се деси, тресила се гора родио се миш, да си продолжи мелењето во Украина со конвенционално оружје, а ова меѓу Путин и дебелкото да си го решат „внатре во куќата“ како домашен проблем.
Како и да е, се игра шах, не е игра со отворени карти и секогаш има многу работи што навидум изгледаат лесно провидни, а позадината е сосема трета.