ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Од тоа што разбрав за пракса се работи.

Па сите видоа дека тоа е еден од најлесните начини за во ИТ, работата лесна, а платите солидни.
Толкава побарувачка нема да има на програмери, а не пак за QA.
Зашто да не си пробаат, ако влезат и како QA пак повеќе платено ќе е отколку поголем дел од професиите во државава.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Од тоа што разбрав за пракса се работи.

Зашто да не си пробаат, ако влезат и како QA пак повеќе платено ќе е отколку поголем дел од професиите во државава.
Не викам да не пробаат, ја коментирам побарувачката.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.421
Поени од реакции
18.584
Кога се вадат такви бројки, треба да се земат у предвид и кандидатите. Позицијата се води како инженерска, а од тие дали 10 се инженери.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Кога се вадат такви бројки, треба да се земат у предвид и кандидатите. Позицијата се води како инженерска, а од тие дали 10 се инженери.
Па најголем дел од тие што се прешалтаа во таа област не се инженери.
За фронтенд џуниор позиција имам видено кандидати со завршено средно за автолимар, угостителско, а да не правиме муабет колку има со завршени општествени науки, а во QA која мајка изгубила син/ќерка таму ќе ги најде.

Еве чисто ме интересира кога вие би требало да интервјуирате, имате 80+ апликанти за една позиција, дали воопшто би губеле време ваквите да ги викате на интервју?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Од тоа што разбрав за пракса се работи.

Зашто да не си пробаат, ако влезат и како QA пак повеќе платено ќе е отколку поголем дел од професиите во државава.
Одамна не сум сретнал пракса во македонска ИТ фирма.

Ако збориме за истата работа, а по бројките најверојатно збориме, позицијата е редовно вработен со плата доста повисока од просечната во државава од прв ден, не пракса.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.500
Поени од реакции
3.740

Стандард е пракса, само кај вас во фирма нема.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Одамна не сум сретнал пракса во македонска ИТ фирма.

Ако збориме за истата работа, а по бројките најверојатно збориме, позицијата е редовно вработен со плата доста повисока од просечната во државава од прв ден, не пракса.
"Академија", пракса на секои х месеци како сакаш наречи ги си има во повеќе фирми. ИтЛабс организира пракса од кога памтам , потоа си ги вработуваат најдобрите. За јуниор или почетник и те како ќе аплицираат. Некако ми иде дека е отежнато за јуниори, голем број студенти + народ што завршил академија е доста добра бројка на јуниори што треба ИТ пазарот да ја апсорбира.
Во фирмава кај што сум има пракса, сега дали ќе ги примат незнам ама од претходно искуство би требало да се филтрираат.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.859
Поени од реакции
10.703
Кога се вадат такви бројки, треба да се земат у предвид и кандидатите. Позицијата се води како инженерска, а од тие дали 10 се инженери.
Жално, ама ова е точно. Јас работам како Automation QA, сум гледал по интервјуа какви луѓе доаѓаат и какви CV се праќаат. Катастрофа е реално, позицијата е унаказена. Тоа го направија академиите и генералната заостанатост на компаниите во Македонија зад светските стандарди. Кога почнаа да им бараат задолжителен QA по договори, земаа од улица луѓе и ги ставија да кликаат само. После тоа академиите почнаа да рекламираат како за две недели ќе те направат инженер без две линии код да си видел во животот. И затоа ќе има по 350 апликации и ќе има муабети како некој станал QA заради тоа што не знае код. Ова дополнително придонесува да се деградира QA позицијата, а постојат многу квалитетни инженери со кои сум работел лично и кои имаат сериозен импакт и одговорност на огромни проекти. Ама и генерално голем дел од позициите во ИТ ги направија каша попара од неквалификуван кадар. Лошо само за тие што сега почнуваат и стварно ги бива, покрај толку апликации лесно се случува да не можеш да дојдеш до израз.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Не се согласувам дека покрај толку апликации тие што ги бива не идат до израз. Ако збориме за истата фирма, а веројатно збориме, покрај 350 апликации за QA, има и 200+ апликации за девелопмент, и 100+ апликации за други позиции. Ниеден од кандидатите не е исфилтриран по CV, сите имаат добиено еднаква шанса да го поминат процесот.

И да, точно е дека повеќе од пола се пријавени само за да бидат пријавени. Ама тоа не значи дека нема одлични кандидати, и помеѓу тие се формално образование, и помеѓу тие со академии, па и помеѓу самоуките.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.299
Жално, ама ова е точно. Јас работам како Automation QA, сум гледал по интервјуа какви луѓе доаѓаат и какви CV се праќаат. Катастрофа е реално, позицијата е унаказена. Тоа го направија академиите и генералната заостанатост на компаниите во Македонија зад светските стандарди. Кога почнаа да им бараат задолжителен QA по договори, земаа од улица луѓе и ги ставија да кликаат само. После тоа академиите почнаа да рекламираат како за две недели ќе те направат инженер без две линии код да си видел во животот. И затоа ќе има по 350 апликации и ќе има муабети како некој станал QA заради тоа што не знае код. Ова дополнително придонесува да се деградира QA позицијата, а постојат многу квалитетни инженери со кои сум работел лично и кои имаат сериозен импакт и одговорност на огромни проекти. Ама и генерално голем дел од позициите во ИТ ги направија каша попара од неквалификуван кадар. Лошо само за тие што сега почнуваат и стварно ги бива, покрај толку апликации лесно се случува да не можеш да дојдеш до израз.
Види, ако на повеќето фирми во МК им требаат кликачи, ќе вработуваат кликачи. Ако ми треба тестер за форумов, немам потреба од луѓе што знаат да програмираат, имаат разбирање од мрежи или пак знаат да прават load testing. Ќе си земеш 2-3 што ќе си кликаат цел ден и тоа е тоа. На клиентите (пошо нели 90% од мк фирмите се класичен outsourcing) ќе им кажуваш како имаат 3 QA кои цело време тестираат, и тие ќе бидат пресреќни како за 2к евра имаат целосен "coverage". QA луѓето ќе бидат среќни бидејќи си имаат топ работа и на крајот сите се во плус :).
Според мене, убаво е што многу луѓе имаат шанса да се "пробаат" во индустријата. Тие што се добри ќе се покажат после некоја година. Или ќе се префрлат во подобри фирми или ќе преминат во automation/development/management.
На крајот на денот, "деградација" имаш во секоја професија. Има некој што цел ден менува wordpress конфигурација па се нарекува програмер, наспроти некој што работи на cutting-edge софтвер. Или пак селски доктор во село со 5 жители наспрема некој што работи на ургентен.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.500
Поени од реакции
3.740
Во многу од фирмите со кои се споредуваме нема. Ризик е да чуваш некој без договор.
Јас како што сум приметил вие и уште 2 фирми сте што немате пракса, а имате греџуејт програми, другите сите си имаат пракси. Затоа изгледа и не се согласувавме пред некоја година околу некои работи. :D Инаку тоа е се регулирано, земаш од факултет документ дека факултетот те праќа на пракса во таа и таа фирма и во случај да им дојде инспекција они го прложуваат документот. Практикантите ги плаќаа во просек 6000. Сега гледам и овие со академии ги земаат на пракси, како го регулираат тоа врска немам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Инаку тоа е се регулирано, земаш од факултет документ дека факултетот те праќа на пракса во таа и таа фирма и во случај да им дојде инспекција они го прложуваат документот. Практикантите ги плаќаа во просек 6000.
Ромување веројатно е политички коректниот термин за ова. :D
 
C

confusion

Гостин
Јас имам завршено во Семос, не е точно дека во QA академијата не те учат код, баш напротив, од 5 курса, 2 ни беа програмирање во HTML5, CSS, JavaScript и C#. Добивме баш добра основа за натаму, посебно кога учевме Селениум за автоматско тестирање. Јас, баш во првиот курс што беше фоскусиран на код, се пронајдов во фронт енд. Секако вредеше, имаше вежби, лабараториски, доста контакт и вежбање со код, сега на другиве академии не знам како е, ја завршив сосема друг факултет, на Финки па ич не знам како е.
Сосема сте во право дека има премногу луѓе на академииве, кога почнавме, голем дел од луѓето што слушавме заедно, основно користење на ПЦ не знаеа, преспори беа со вежби и глупости, се губеа со правење microsoft акаунт за да користиме AzureDevOps. Само идење и слушање на тие курсеви, не е доволно ако сакаш да се истакнеш и да научиш, мора паралелно да работиш секој ден многу, да си наоѓаш материјали и вежби, пошто и критериумиве за влез се дигнати во плафон што и малце глупаво. Бев на едно интервју за пракса, мануелно тестирање, пола сат зборевме за MySQL и датабази, среќа па што слушав курс на udemy за тоа и општо ме интересира па знаев. Датабази и MySQL за да тестираш мануелно сајт за онлајн шопинг.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.380

Не сите можат да бидат програмери и да работат во IT, треба лично повеќе работи да поседедуваат и едни од побитните се:

1. Немаш проблем никаков со англискиот
2. Да си tech-savy individual и да разбираш повеќе работи во доменот на computer science, computer knowledge
3. Апстрактно размислување - да препознаваш низи, обрасци, синтетизираш информации, креираш решенија на проблеми, креативност
4. Логички и аналитички ум
5. Дисциплина и посветеност - Да посветиш премногу сати и да куцаш код во еден вид command prompt долго, долго време.

Пазарот е презаситен бидеќи сите слушнале добро плата земале во ИТ, и мислат дека сите можат (80% не сакаат тоа да го работат) да станат IT professionals.

Иначе, за тие пари што си ги дал Semos, јас би ги дал на coursera.

Барем ќе учиш од industry professionals и сертификатите ќе ти вредат 100x пати повеќе отколку некоја си академија која единствена цел има да профитира со превод и преработка на udemy курсеви ($10-14$)

If you do it, do it all the way, otherwise don't even start
 
Kajgana Shop

На врв Bottom