ИТ фирми и пракси во Скопје

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.380
Немаат веќе, последно разбрав дека ќе отвараат(можеби и отвориле) некаде по Африка. Од аспект на ИТ индустријата во Македонија вакви gigs фирми направија веќе да се ретки фирмите што нудат свои продукти или да нудат know how тотална изработка со свој тим и да се дигне на квалитет ИТ индустријата. Не за друго, Африка кога ќе има доволно кадар и интернет покриеност зашто овие gigs фирми да плаќаат 1500+ евра на мид девелоперот Трајче кога Мамаду за 500 евра ќе среди се тоа плус и Африка е во иста временска зона како Европа.

Моментално најпогодени кај нас се оние кои имаат клиенти во САД. Симфони и ХТЕК се такви фирми, посебно првите. Други незнам ама очекувам да има.
Сеуште се бараат програмери, еве овие поискусните што ги поззнавам Симфони си зеле опремнина во вредност од 3 месечни плати и за 2 недели си нашле работа. Сега за џуниори и мид од таму незнам.
Symphony има многу toxic work-culture и самите луѓе кои се leads/heads се огромни куродркачи. Не би ја препорачал фирмава за никој таму да работи.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.380
Што e toxic work-culture кај нив?
Токсична хиерархија, автократско однесување на heads, лицемерие, ароганција, ниски плати, постојана размена на вработени (сигурно не си заминуваат оти им е убаво), егоцентризам на leads/heads
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201

Си работел таму? Познавам некој лица што отидоа таму од почетокот и некако не ми делува ова што го пишуваш? И друго за кој Симфони говориме?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.005
Токсична хиерархија, автократско однесување на heads, лицемерие, ароганција, ниски плати, постојана размена на вработени (сигурно не си заминуваат оти им е убаво), егоцентризам на leads/heads
Јас луѓе од таму што знам биле презадоволни, и од менаџмент и од плати и од работа. Ретко кој напушташе од таму пред кризава.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.380
Си работел таму? Познавам некој лица што отидоа таму од почетокот и некако не ми делува ова што го пишуваш? И друго за кој Симфони говориме?

Можеби, јас ова го слушнав од блиски бивши колеги што работеа таму :)
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
Дечки, ме интересира следново: Сериозно сакам да преминам во ИТ индустрија, се осеќам спремно.

Ме загрижува следново:

- Вештачка Интелигенција
- Залудно потрошени часови во изучување на рецимо бек енд програмирање, евентуално за кратко време вештачката интелигенција да преземе и да нема потреба од јуниор девелопери.

Во моментов работам на раководна позиција во фирма надвор од ИТ индустријата. Разгледував удеми курсеви за проџект и продукт менаџмент ама не знам колку е корисно и барано тоа во земјава а и општо на странски/upwork/фриленс пазар? И дали е платено?

Што мислите, кои се најинтересни курсеви за влез во ИТ индустрија во Q3 i Q4 2023?
Види, секогаш имало флуктуации во секторот.
Муабетот е дали овој сектор е перспективен и за во иднина или не. Апсолутно дека е и ќе продолжи да биде, бидејќи секогаш се наоѓа простор за повеќе технолошки напредок и прогрес на секое поле, па така и во ИТ.
Што се однесува до ЧетЏпт, моментално искрено го гледам како Google 2.0, како подобар, посовремен и побрз tool за работа.
Од секогаш се референцирале надворешни извори дали документација, дали комјунити дали Stack Overflow. Ова е нешто што го прави самиот процес на програмирање многу побрз. Барем теоретски.
Така да, не гледам како би можел чет бот да не смени во догледно време.
Сепак, ова мислење е сега за сега. Како човек да ги намали шансите за евентуално да биде сменет од истиот, е исто така up for debate.

Едно нешто е сигурно, а тоа е дека ќе продолжи да има growth во секторот. Сеуште се бараат програмери (особено сениори).
Она што е интересно е што еве, 1 година скоро откако сме со ботот, процесите и самите девелопмент циклуси не се побрзи, тимовите не се поефикасни, и да се, тоа е само маргинално. Барем од моја гледна точка, со луѓе кои што зборам. Не мора да значи дека ова е сеопшта вистина.

Да се вратам на твоето второ прашање.
И јас бев во твоја ситуација, една членка овде рече "А зошто не да бидеш QA?". Jас и се испонашав као, "што ти е на тебе". Нешто за кое сега сфаќам дека имам згрешено. @Miss Paranoia мислам ти беше :D
Па така, кога ставиш се на кантар, живци, труд, време, колку повеќе ќе ти чади глава како девелопер отколку QA... ја би ти препорачал да ја видиш таа опција.
Исто се барани, самата работа им е полесна (објективно), иако нели секоја работа своја тежина. Платата е нешто помала да, но, помалку стресна и помалку захтевна.
Како девелопер ако заглавиш некаде, знаат 3 саати да поминат во мозгање на една обична глупост што си ја испуштил попатно.
Како QA, можеш лесно да работиш и side hustle, како девелопер тоа е скоро па невозможно. Зборам part-time, 2-3 саати на ден.
Со тоа што знам доста (несениори!) QA's кои за 4-5 саати си завршуваат со обврските кон една фирма и после тоа си тераат фриленс. Кај девелопери треба да си џедај или да имаш доста искуство во една фирма и да го знаеш кодбејсот доста добро да можеш за 5-6 саати да завршуваш работа што просечен работник би ја завршил за 8.
Секако, side hustle не е за секој и за секакви прилики и треба претпазливо со ова, ама и те како повеќе е можно и може да се изменаџира кај QA него кај девови. Тоа значи екстра кеш.

Е сега, рачунај дека и за тоа ќе ти треба да си го испотиш газот прилично многу. Рачунај дека ќе има десетици фирми кои ќе те одбијат и рачунај дека ќе мораш да почнеш од 0. Каков курс и да одбереш, рачунај дека ќе има разочарувања по пат, непреспиени ноќи пред пи-си и ќе се чудиш на интервјуа "што ли грешам". Се додека не дојде првата прилика која мора максимално да ја искористиш.
Реално не знам каква е конкуренцијата и побарувачката на тоа поле, но мислам дека и QA's доста се бараат.
Ако ме прашуваш мене - QA би ти препорачал. Помалку стрес, помалку учење и импостор синдроми, полесна работа, добро платена, респектирана, можност за раст, можност за side hustle.
Продукт менаџмент е нешто сосема друго каде што нема многу технички способности, освен ако не си од тимот произлезен како дев/QA. Реално многу малку знам за тоа, освен што каде-каде е помалку технички базирана самата позиција и струка.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
525
Поени од реакции
393

Односот на DEV:QA по проект е некаде 3:1, QA исто покрај тестови ги замараат и со други алатки околу инфраструктура, а секако дека во голем дел од случаите, скршените тестови се нивна "обврска", дремење со domain knowledge ликот и што ли уште не.

Повеќе од јасно е дека senior/tech lead е најзаглавениот лик во цела приказна, ама тие луѓе не работат на "сила" и кога напуштаат, развојот е забавен ако не и блокиран. Тие се жива документација.

На крај од денот битно е и што ќе ти се падне од колеги, проект, фирма.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
350+ апликации за пракса за QA се поднесени во една фирма. Дали се од академии или лица што сакаат да се пренасочат во ИТ незнам. После бумот пред корона и за време на корона сега има пад. Дали пак ќе има толкава побарувчка на кадар во нашиве фирми како тогаш ќе видиме.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
350+ апликации за пракса за QA се поднесени во една фирма. Дали се од академии или лица што сакаат да се пренасочат во ИТ незнам. После бумот пред корона и за време на корона сега има пад. Дали пак ќе има толкава побарувчка на кадар во нашиве фирми како тогаш ќе видиме.
Па сите видоа дека тоа е еден од најлесните начини за во ИТ, работата лесна, а платите солидни.
Толкава побарувачка нема да има на програмери, а не пак за QA.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
350+ апликации за пракса за QA се поднесени во една фирма. Дали се од академии или лица што сакаат да се пренасочат во ИТ незнам. После бумот пред корона и за време на корона сега има пад. Дали пак ќе има толкава побарувчка на кадар во нашиве фирми како тогаш ќе видиме.
Пракса?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom