Јас имам завршено во Семос, не е точно дека во QA академијата не те учат код, баш напротив, од 5 курса, 2 ни беа програмирање во HTML5, CSS, JavaScript и C#. Добивме баш добра основа за натаму, посебно кога учевме Селениум за автоматско тестирање. Јас, баш во првиот курс што беше фоскусиран на код, се пронајдов во фронт енд. Секако вредеше, имаше вежби, лабараториски, доста контакт и вежбање со код, сега на другиве академии не знам како е, ја завршив сосема друг факултет, на Финки па ич не знам како е.
Сосема сте во право дека има премногу луѓе на академииве, кога почнавме, голем дел од луѓето што слушавме заедно, основно користење на ПЦ не знаеа, преспори беа со вежби и глупости, се губеа со правење microsoft акаунт за да користиме AzureDevOps. Само идење и слушање на тие курсеви, не е доволно ако сакаш да се истакнеш и да научиш, мора паралелно да работиш секој ден многу, да си наоѓаш материјали и вежби, пошто и критериумиве за влез се дигнати во плафон што и малце глупаво. Бев на едно интервју за пракса, мануелно тестирање, пола сат зборевме за MySQL и датабази, среќа па што слушав курс на udemy за тоа и општо ме интересира па знаев. Датабази и MySQL за да тестираш мануелно сајт за онлајн шопинг.