НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.151
Поени од реакции
11.812
Ќе се спајаат со Леброн
Чул те Господ. Тоа копиле после инцидентите со принцезата Дјурант и со директот врз Пул не заслужува да носи дрес на ГСВ. Башка испадите на терен со технички грешки во битни моменти.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.033
Дрејмонд Грин ти е сеоски Денис Родман. Сељачиште е ама врши многу работа во тимот. Како и да е, не верувам до крај на кариера да земе уште еден прстен а и не верувам дека некој ќе реши да му даде пари колку што тој бара. Ќе испадне со таквоато во рука како Денис Шредер пред некоја сезона.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.151
Поени од реакции
11.812
Не....највероватно ќе остане во ГСВ само сака нов долгогодишен договор 3 до 4 години.
Проблемот е што новиот ГМ е практично заменикот на стариот и цело време заедно работеа, што секако не е грешка (во сериозни тимови така се работи, примерот со Сполстра и Мајами), НО прашањето е ... копитото Дрејмонд кој како старее се' повеќе глупости прави да го преплатиш, Клеј да го платиш пошто е втор најдобар шутер евер *(иако е дискутабилно веќе колку одбранбено вреди, не е истиот Клеј пред повредата) и на крај да најдиш супорт стаф за да бркаш титула или да се замешаш во приказната додека Кари уште го крепат зглобовите и нозете воопшто.

Проблемот е што Иги ти замина под пензија, Пул исто ти е преплатен и Вигинс кај и да е мора кога ќе му дојде време да го исплатиш повторно - а истовремено си во топ 3-4 НБА тимови кои најмногу трошат.

Така да, биче весело. Изиграа 8 финалиња, зедоа 4 прстени, особено последниот беше ите како важен пошто сите ги отпишаа, а Стеф покажа зошто е најдобриот плеј во новата ера *(покрај што е најдобар шутер евер).

Треба еден да замини од нив ако сакаат во догледно време титула да видат, а изборот помеѓу Дрејмонд и Клеј кај мене барем секогаш ќе биде на Дрејмонд да му се покаже вратата.
Доколку тоа не се направи... треба среќа во газот за да играат пак за титула во следните години.
*(хинт: Како што се намерачени да го трејдаат Каминга по секоја цена, му останува само Луни единствена посериозна опција под кош, недај Боже да се повреди - толку од сезоната).

Дрејмонд Грин ти е сеоски Денис Родман.
БАШ сеоски Денис Родман е, во право си.

Самиот Родман има коментирано кога беше запрашан за него и за слични на него дали би го издоминирал, чоекот зеде подбивно да се смее. Потоа искоментира што искоментира ама и без тоа кој го гледал тој баскет од '90 знае колку беше ИГРАЧИШТЕ Родман.
Едино Гарнет би го ставил на позиција 4 пред него, бидејќи играше и одбрана и напад можеби и најдобро досега од било кој играч, инаку по мене дефанзивно најдобрата 4 што играла баскет е токму Родман.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
123
Поени од реакции
342
И Стив Кер изјави дека ако Дрејмонд не потпише нов договор ГСВ нема да бидат контендер следнава сезона.

Нас од тука можеби не ни изгледа така но многу го ценат Дрејмонд.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.114
Поени од реакции
13.442
Јак хајп има за Виктор.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
123
Поени од реакции
342
Имаше и за Зион јак хајп ама ништо,сега одвај чекам да го видам Чет со ОКЦ и Вемби како ќе се одвива нивната кариера и како ќе играат во НБА бидејќи се "специфични" кошаркарски примероци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom