NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Atanase, мислам дека нема потреба да кажувам еве и другите од форумов ти кажале, нба стручни аналитичари, новинари, легенди... мислам, то је то. Како адвокат или некој бранител на Леброн делуваш.
Таман е.Историјата памти вакви неверојатни триа.Кој е гревот што го стори Џејмс?Тоа што неможеше да ги убеди Вејд и Бош да дојдат во Кливленд?Незнам колку си следел но Кливленд му ги понуди на Торонто Вилијамс,Хиксон,Паркер и Варежао.Опција која на Бош ќе му донесеше максимулм договор а на Џејмс компани.Едноставно Бош не сакаше во Кливленд.Сите четворица ослободуваа 30 мил од селарито, плус 21 милион од лани на Шек да отидат за Вејд ете ти го тоа триото во Кливленд.На тоа работеше Џејмс.Зошто сега да зборам против него?Само поради тоа што сите сакаат да живеат во топлата и атрактивна Флорида место во индустииската зона Кливленд?Ако мислите дека на Џејмс му е лесно не му е ...
А газдата на Кливленд место да јаде гомна нека се запраша зошто зимото место Стадемаер го донесе инвалидот Џејмисон...
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.882
Поени од реакции
23.253
Дејвид Ли заврши у Голден Стејр, преку потпис-трејд !

Koj сака нека го слушне интервјуво на Чарлс Баркли, го збори баш тоа што се обидуев ја да го објасним. Ме мрзи да пишувам све, кој може нека го слушне.

"When i was 25 i wanted to be The Guy"
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
На крајот останува истото, Лери Брд имал слаба екипа, Џордан имал слаба екипа, Коби со Кваме Браун и Смуш Паркер....но сите останале со нивните тимови! И затоа сега се синоним за успех и почит!

Леброн се обиде со својот тим, 7 години, не успеа. Не успеа да биди шампионски лидер! Затоа отиде во друг тим, тимот на Вејд. Да биде Робин на Бетмен. Сега многу ќе ми падне криво ако го избркаат и Споелстра, еден од најнадежните тренери во NBA.

P.S Ахахахах вака не сум се смеел долго време

Најдобрата маица на светот!

За тие што не им е јасно, пред последната утакмица на Кливленд со Бостон, излезе гласина дека Делонте Вест ја легнал Глорија Џејмс - мајка му на ЛЕброн.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
ХАха... Лудо е ова за на ЛеБрон мајка му и Делонте Вест ...

Перфекто во периодот 2000-2003 во Лејкерс кој беше Робин а кој Бетмен?
Препоставувам знаеш кој беше МВП а на кој му сметаше тоа ...

Поздрав се повлекувам.Знам дека мислевте дека Коби со најдобриот тим и тренер ќе си реди прстенчиња и на прстите на нозете но ете не оди на добро работата.Ред е помладите да осетат прстен... А кој ќе биде Том а кој Џери во Мајами ќе видеме кога ќе почне сезоната
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.882
Поени од реакции
23.253
На крајот останува истото, Лери Брд имал слаба екипа, Џордан имал слаба екипа, Коби со Кваме Браун и Смуш Паркер....но сите останале со нивните тимови! И затоа сега се синоним за успех и почит!

Леброн се обиде со својот тим, 7 години, не успеа. Не успеа да биди шампионски лидер! Затоа отиде во друг тим, тимот на Вејд. Да биде Робин на Бетмен. Сега многу ќе ми падне криво ако го избркаат и Споелстра, еден од најнадежните тренери во NBA.

P.S Ахахахах вака не сум се смеел долго време

Најдобрата маица на светот!

За тие што не им е јасно, пред последната утакмица на Кливленд со Бостон, излезе гласина дека Делонте Вест ја легнал Глорија Џејмс - мајка му на ЛЕброн.



хахахахаххахаха



"Важи тато, ако ти кажеш не идем нигде " :pos:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
До патот кон финалето Коби беше Бетмен, а во финалето доминираше Шек, затоа што центрите на Филаделфија, ЊУ Џерси беа катастрофа.

Плус еве Коби што кажа, а ова е потврдено од Фил Џексон: Јас ја жртвував мојата игра во Шек-Коби ерата, само затоа што тоа го бараше Фил Џексон од мене.

Коби не отиде во друг тим, Шекил дојде тука, КоБи не му залепи шамар на Лејкерс на национална телевизија, Леброн го стори тоа. Твое дали ќе го видиш.

Како и да сакаш да ја свтриш работата, пак останува истото. Коби, Мајкл, Бил Расел останаа сосвојот тим кога му беше најтешко. А твојот омилен играч, не. Е сега враќај се во минатото ти колку сакаш, џабе ти е. Ова останува, а ти ако не сакаш да го видиш или прифатиш тоа на тебе е, јас се обидов и да дадам мое мислење, и постирав статии на новирани, поранешни играчи..што да направам друго?

P.S И да не реди Коби прстени, Коби остави трага на победник. Не може да освои без Шек а? Епа погоди што? Веќе освои две титули без Шек! А Леброн не успеа, извини. Жалам. Прими сочуство. Коби има изиграно толку финалиња колку Леброн сезони во NBA. Ало??

И тоа тимовите што ги сретна во финалето особено Бостон беа пекол! Еден од најдобрите дефанзивни тимоови воопшто. Бостон Селтикс беа машина! Плус искрено ај спореди ми некој тим што го победил Џордан во финалето со екипата на 2008 Бостон со Џејмс ПОузи, Касел, ПиЏеј Браун, Хаус...тоа беше совршенствно од екипа!

И пак ќе ти кажам ова не е Леброн - Коби. Ова е одлуката на Леброн да замини од својот град, од својот двор на 25 години во цутот на својата кариера!!! Пак ќе ти кажам...Џордан на 27 години немаше одено во финале! Епа на најдобрите не му е ставено се на тацна, се изборуваат. Паѓаат за да станат! Кај е тој компетитвен дух! Упс стварно буквално е дух, затоа што не го гледам. И цел свет сега не го гледа!


P.S 2 И да не освои мојот тим повеќе ниту еден прстен, јас во овие 10 години гледав целосна доминација на Лејкерс. 10 сезони, 7 финалиња, 5 прстени. Сум благодарен на волшебната организација, знам дека не може да е стално вака, но сум презадоволен како испаднаа работите.

Јас имам мој тим, тимот мој има трага и не го менувам за ништо, па кој сака да си оди и да дојде!!! Тоа е лојалност. И Коби да си оди, Лејкерс ќе остани пак мој тим. Лејкерс е многу поголемо од Коби. Лејкерс е аватар за восхит и успех! 60 сезони на NBA - 30 финалиња - 16 прстени. Горд сум бил и ќе сум на Лејкерс!
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
За коментарот... Ако Коби беше спремен да ја жртвува својата игра за Шек ,ЛАЛ немаше да им даде шанса на другите да земат некоја титула во декадата.Баш од шо неможеше влезе во конфликт сонего.Денес сите признаваат дека Шек е легенда.Легенда е и покрај тоа што дојде во тимот на Коби,па на Вејд и на крај на ЛеБрон.Само некој како тебе може да каже дека Шек е Робин
Сакаш јас да ти посирам милијарда експерти, милијарда новинари кој кажуваат АКО САКА РОБОТ НЕКА Е, САМ ТИТУЛА НЕМА ДА ОСВОИ
Ми го постираш Баркли кој вечно ќе биде против леброн или па напалениот газда на Кливленд

Ние фановите гледаме на терен.Во канцеларија што се случува никој незнае... Зошто никогаш никој не праша дали Кливленд бил лојален спрема ЛеБРОН?Зошто никој не спомне дека ЛеБрон се откажува од 6-7 мил по сезона само за да има конкурентен тим.Ако останеше во Кливленд денес твојата теорија ќе беше дека останал за пари,алчен е...хаха...Тоа се задкулисни игри кои ние не ги знаеме.Тоа што го знаеме е тука кој пишел и шо пишел

Пред месец и пол кога се ситевте на падот на ЛеБрон напишав нешто и тоа нешто се оствари.Ако инсистираш ќе го најдам постот
Реков а денес тоа само се реализира... КОГА ЛЕБРОН ЌЕ ГО ДОБИЕ ТИМОТ ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА, ВИЕ УШТЕ НЕПОЧНАТА СЕЗОНАТА ЌЕ ПОЧЕТЕ ДА ПЛАЧЕТЕ
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
АКО САКА РОБОТ НЕКА Е, САМ ТИТУЛА НЕМА ДА ОСВОИ
Ми го постираш Баркли кој вечно ќе биде против леброн или па напалениот газда на Кливленд

Ние фановите гледаме на терен.Во канцеларија што се случува никој незнае... Зошто никогаш никој не праша дали Кливленд бил лојален спрема ЛеБРОН?

Пред месец и пол кога се ситевте на падот на ЛеБрон напишав нешто и тоа нешто се оствари.Ако инсистираш ќе го најдам постот
КОГА ЛЕБРОН ЌЕ ГО ДОБИЕ ТИМОТ ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА, ВИЕ УШТЕ НЕПОЧНАТА СЕЗОНАТА ЌЕ ПОЧЕТЕ ДА ПЛАЧЕТЕ
1. Жалосно е што мислиш дека тим од 60 победи, е тим на еден играч. Стварно сто пати ти напишав, и сто пати ти објаснав, но џабе. Еве го постот од пред 2 години, пак за истото се бунеше!!

Како бе најдобриот тим во NBA со 66-16, кој само со уште 4 победи да го сруши рекордот на Булси (70-12), бил тим од еден играч??? Или сега после поразот од Орландо, така личи? Паметите што му се случи на Далас кога играа со Голден Стејт во првата рунда? Далас имаше 67-15 и изгуби во првата рунда од Голден Стејт. Голем мис-меч. Тогаш никој не викаше дека во Далас игра само Дирк. Не може и сега да викаме дека играше само Леброн.

Како прво тим со 66 победи е супер тим. Супер тим, не супер играч. Тим. Но како ќе ги поставиш работите така и ќе испаднат. А еве што испадна.
Пост игра на Кливленд=блиску до нула. Освен шутот на Зи, ништо друго. Па нормално дека Хауард ќе растура.
Периметарската игра се знае, дајте му ја топката на Леброн па што биде нека биде. А што може да биде? Леброн да влези во рекет и:
a.Да ја подаде топката на некој шутер.
b.Да ја забие/положи.
c.Тоа под b и да извлечи фал.

Тоа е играта на Кавси 95 %. Другите 5 % Делонте или Мо влегуваат во рекетот и скок шут. Толку.

Ова е за нападот. Ова е помалиот проблем. Најголемиот проблем за Кавси беше нивната одбрана. Едноставно Орландо систематски не му одговраше на Кливленд. Ни малку.

Немаше одговор за Луис и Туркоглу. Леброн може да брани еден играч, не двата. А и тоа ако се загусти , топката на Двајт-->следи удвојување-->следи тројка од соиграчите на Орландо.

Браун требаше да му даде повеќе минутажа на Волис, кој можеше колку толку да го брани Двајт еден на еден, и Павлович кој се покажа доста ефективен, кога беше на паркетот.

И вчера она што го направи Леброн, беше многу неспортски и непрофесионално. Само си отиде во соблекувалната, без да честита на противничките соиграчи, плус не ни излезе на прес-конференцијата. Срамота.

Со сето тоа кажано, не ми останува ништо друго освен да ги поздравам Кавси со...

Еве го постот и за 2009!!!

Perfecto напиша:
Е сега, пред да почнам да објаснувам, присети се колку пати имаш кажано дека оваа сезона е шампионска за Кавс, и дека Кливленд има најголеми шанси за титула оваа година. Како и другите фанови на Кавс.

Кливленд беше најталентираниот тим во НБА, целосно не само првата петторка. Тип како Мумн, Лион По или Хиксон да добијат вкупно 9 минути на паркет зборува за тоа. Тим со 60 победи, тим за парада во Јуни. Еве што кажаа експертите пред да почне серијата:


Овие експерти сигурно немаат кристална топка па од неа ги вадат овие прогнози. Тие прогнози беа базирани на тимот на Кливленд, на нивната игра, на нивната одбрана, на нивниот емвипи Џејмс. Јас лично како баскет фан сум разочаран од Кливленд.

Прво што ми смета најмногу е тоа што Кливленд не ги испука сите куршуми. Не може во натпревар во кој ти зависи цела сезона ти да играш како оваа да е маалски баскет. Последните три натпревари Кливленд западна во тешка криза, криза која изгледаше како и да не му е гајле. Од Леброн па натаму. Е сега малку за Леброн....

Типот после петтата утакмица на прес мртов ладен како ништо да не се десило?? Како е тоа можно? Па ти само што си го истрпил најтешкиот пораз во историјата човече, биди бесен, пцуј, викај - а не се прави како да не ти е гајле, или егото и самодовербата се поголеми од реалноста и вистината?

Секако лидерот добива најмногу кредит кога тимот негов победува, но добива и иста доза на блам кога неговиот тим губи, просто и едноставно.

Леброн не изгледаше како Леброн оваа серија, без разлика што кажуваат бројките. На моменти изгледаше како многу да се двоуми, пробуваше да се вклопи во клучните моменти но не успеваше. На крај на утакмица пак гледаш статистики и гледаш супер бројки. Тој што го прати Леброн од порано треба да ми го знае мубаетот - без разлика дали Леброн игра лошо или добро, тој ќе има супер солидни бројки. Штета што тие бројки не го покажуваат менталитетот и лидерскиот дух на играчот.

Од лани до сега се смена една работа со Леброн. Сега се поздрави со победничкиот тим и излезе на прес. Лани не.

За крај да кажам дека моментално Леброн е најдобар играч во NBA, но менталитетот, детерминацијата, и максимизирањето на своите вештини ќе го направат Леброн да е Абдул- Џабар а не Чемберлент.
Пак прочитај и пак кажи дека Леброн беше сам!

Еве тука не ми изгледа сам-->

Па ни тука -->


Туку ми изгледа дека е среќен со својот тим !

Ама од кога изгуби пу пу не се важи мајката, не не, сам беше Леброн!

Треба стварно нешто да ти фали ако мислиш дека во последниот состав на Кливленд Леброн беше сам! Тешко ви е да признаете? Егото не ви дозволува што е?

Леброн имаше тим што го заслужува, имаше град што го заслужува. Ги изгуби и двете.

P.S Викаш дека ти го постирам само Баркли,а ? Eве уште 5-6 персони кој не се викаат Баркли.

Леброн е кукавица, а не Крал

Најлесниот пат

Леброн е Крал само на хартија.

Леброн е сега е лошиот тип

Брендон Џенингс
Remember the great ones always stuck it out through the hard times. "Kobe" "MJ"...
Otis Smith( Менаџерот на Орландо)
Smith says he is surprised James went to Miami because he thought the two-time MVP was "more of a competitor." He says the "great ones" do it on their own and "usually stay in one location
.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
ЛеБрон рече дека не сака да го има најдобриот скор во лигата или рекордна серија.Сака титула

Околу ЛеБрон имаше тим кој беше страшно мотивиран и како што реков тогаш ветуваше многу ... Ја би ги нарекол неиживеани момци кои го зимаат регуларниот дел и толку однив... Што направија тие момци во плејофот?Како колектив зборам...Овој како така дојде до надпросечни бројки но останатите потфрлија... За разлика еве земи го Бостон... Неможеа да ги мотивират да го доиграат регуларниот дел а таму пак распалија... Мораш да признаеш дека Бостон играше феноменална одбрана.Одбрана која ја осетија и ЛеБрон и Коби ... Во такви ситуации ако не повлече некој од сенка ќе се случи тоа што му се случи на Кливленд годинава
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Значи Леброн не беше сам, туку имаше неиживеани момци. E сега ја решивме мистеријата. Многу добар и исполнет одговор.

P.S Пак ќе кажам, Леброн да отидеше во Чикаго, Клиперс или Њу Јорк, немаше да се крени толку фама.

Јас искрено мислев дека ЛЕброн може да освои титула со тим во кој ќе биде опција број 1. Премногу е добар, преталентиран.

Пипен беше феномен, редок играч. Но што и да направеше, колку поени и да имаше, колку и забивањеа да имаше тоа беше тимот на Мајкл.

Исто и Гасол сега. Колку и скока да има, колку и блокади да има, пак овај Лејкерс е Лејкерс на Коби.

Е тоа сакав да го видам со Леброн. Да одеше во Чикаго ќе ги имаше Роуз/Бузер/Ноа/Денг/Гибсон и Тибадо(одличен тренер) и пак овај Чикаго ќе беше тим на Леброн.

Па и Кливленд не беше лоша алтернатива, Леброн две години со ред имаше најдобар скор во NBA со 60 + победи. Коби две години по ред завршуваше на седмотто место со 40 победи. Но остана во својот тим!

Тоа е тоа што ми боде очи. Ова е тимот на Вејд.

Мајами кога освои титула Шекил даде добар придонес. Но сите знае дека во тој тим Вејд беше лидерот.

Сега со овој тим на Мајами скоро е сигурно дека ќе освојат една(па и многу повеќе титули),останува да видиме Леброн дали ќе биде првата опција. Како и да испаднаат статистиките ,Вејд го има Мајами, Вејд беше Finals MVP, Вејд има прстен, Вејд го има менталитетот. Затоа сите го сметаат Мајами тимот на Вејд. Едноставно.

Сепак како фан, сум возбуден и одвај чекам да ја гледам оваа атракција :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
Менувам и јас после LeBRON,бев во викендица и немаше каде да гледам ESPN...му пишувам на другар и ми прака...WADE,LeBRON i BOSH,во MIAMI,воа е прстен воа е чудо,воа го потресе цел СВЕТ,
ме потсети на REAL,му викам на другар нема шанси ќе се губат заедно,цел во траума бев,после се поправив,тоа е фудбал во е NBA,ништо освен ПРСТЕН.Ги читав сите постови од 1 до последен,и
ние сме за во AMERIKA :),не сме за тука,одлични постови интересни браво дечки...али верувам во BOSTON слепо,си го оставија истиот тим,и потпиша и DOC RIVERS,ја да бев бркав се и место за
3-та,ОГРОМНА СТРАШНА 3-ка,уште не верувам,али пак ќе се навртам на L.A. дека не се станува вака легенда,се согласувам потполно во целост,THE TRUTH ili P.P.е легенда на BOSTON,сум среќен
ради тоа...како што рече некој сите јадат скара али дворот е на WADE,така нешто...реално си го поштувам MIAMI,кога освоиа титула бев нај среќен на свет и ќе си ја памтам таа титула и BOSTON...
Само INDIANA моиве дремат,али едно знам ке ги гледам 10ати во сезоната,и по 60 утакмици од MIAMI и LAKERS,не се жалам не ми смета,а едно знам дека CAVSI се како INDIANA,ми е кеиф што не
отиде во NY,а зошто ради тоа што купија лани се во MLB,и тимот им вреди колки цела лига ради тоа(пратам и разбирам и MLB) .Трејдови еден куп ке треба до 6 сабајле да пишувам али сум среќен со
мојот човек баш во BOSTON или Jermaine O'Neal,супер браво за DANNY AINGE,сега истокот со A'MARE и BOOZER истокот е жежок истокот е чудесија,ќе биде супер атрактивна сезона.
Имаше анализи на ESPN,еве што кажаа,со големата тројка и L.A. ја ги гледам,уште сега во FINALE на ZAPAD,еве споредба:
1.GASOL-BOSH(да не е несто послаб шпанечот,ако не е и подобар и прав центар.
2.RON-RON лудиот ARTEST чвер во одбрана душата ќе му ја вади на LeBRON,баш како на DURANT,предност на KING,поради страшните атлетски способности.
3.KOBE-WADE зарем треба да коментирам кој е кој во вој дуел,страшна почит уживам во неговата игра на WADE,од прилика тоа беше анализата уште на 2 ЈУЛИ,кога ке дојде и ако дојде се под?????
една мала анализа,играта и мотивачијата се јасни кај ќе бидат,али здрави,живи до тогаш,има една цела година,топло лето во MIAMI,моето омилено место FLORIDA,што ли ќе гледаме аууу со СРЕЌА нека им е на "BIG THREE".
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.882
Поени од реакции
23.253
Сличности?



Нема сличности!
НА првата слика глеам тројца големи играчи, кои се напатиле до своите 30-ети години, кои играле во Милвоки, Сиетл, Минесота, и сенка на славниот Бостон. Играчи кои биле лојални. На кои ова им била последна шанса да освојат титула, а тие двајца кои ја смениле средината од своите градови биле испратени како херои! Никој во Минесота не го запали дресот на Кеј Џи, типот е икона и увек ќе биде тамо. Исто како Ален у Сиетл.

На другава слика глеам тројца млади егоманијакални, играчи. Едниот неспособен да биде лидер, и само напатенио едвај чекаше да му заврши договорот со Торонто и да отидне кај некого да биде втора или у случајов треќа виолина, и замислете он е среќен со тоа. Ок него го разбирам. Вториов исто, си има титула, си има тим, си има екипа а си ги има сега и најдобрите потрчковци у Лига. За третиов не ми се ни трошат зборови.

Значи единствена сличност е што на двете слики има по 3 играчи !
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Не знам кој колку прати , но пиковите на Лејкерс растураат во Летната лига! Интересно е тоа што се 43 и 58 пик! На моменталната листа стојат на прво и трето место. Стримот може да се гледа на www.espn3.com и www.atdhe.net

Доказ! :)

Kajgana.jpg


P.S Повеќе инфо за цела Летна Лига
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom