Во ред чим си го добил како поклон но твојот роднина го има купено од Декатлон бидејки само таму се продава таа марка а што се однесува до ланец за заклучување најдобра заштита ти е U Lock по можност од тие подебелите од Декатлон за прифатлива цена бидејки оние со најдобар челик чинат околу 100 долари.
Бев минатата недела докај точкарот, средував нешто со ногарката и брзините (се е во ред сега), и он ми препорача кај него баш нешто такво слично U Lock, ама тоа беше со едно 6 комбинации за код со бројки. Гледам дека тоа не е лошо, башка 720 денари беше, можеби такво ќе земам за во иднина. Е сега ме интересираат уште неколку работи, нешта што планирам да ги земам во иднина, чисто за да знам кои алтернативи ги има, и каде да барам.
Барав полначи за Телефон за на точак, знам дека може со динамо да се среди и да се произведе мал проток на струја... Не ми е повеќе за полнење на телефон (пред да излезам да возам секогаш гледам да е наполнета батеријата), туку повеќе за да си го наполнам главното светло.
Најдов нешто на интернет:
Ама ова чудо е 26,000 што е навистина многу скапа работа за такво нешто што не ми доаѓа во обзир да го земам. Дали знаете каде можам и какви алтернативи да најдам, за нешто поевтино, пример 5 до 10 илјади макс (Ако има и поевтино уште подобро). Би било добро ако е и со 2 USB порти, ако не тогаш со 1. И да биде USB A (обична USB порта), а не тип - ц.
Сега веќе кога го спомнав светлото...
Имам едно светло купено од по одамна, од пазарче, не се сеќавам колку ме кошташе ама мислам не беше скапо, солидна цена, а и доволно свети. Плус има и мал соларен панел на горниот дел. Ми врши работа светлото. Се полни или преку USB или преку соларно.
Е сега имам мал проблем... Пред тоа да ви покажам за какво светло станува збор:
Проблемот е со еден дел од светлото кој што треба да го придржи на самиот велосипед.
Овде на долниот дел се става една пластика, ќе го видите самиот механизам подоле:
И со тоа, овој пластичен дел за закачува на еден друг (тој ми е наместен на самото кормило на точакот) дел. Но проблемот е што и овој тел, и тој другиот дел (особено тој другиот), се малце скршени / пукнати, ваљда фали еден дел кој што пукнал, и самото светло кога ќе се намести не стои на место, и морам да импровизирам со ластици да го држам светлото за да не падне.
Сакам да прашам, дали некој има исто вакво светло, ист ваков механизам, а тие 2 дела да не му требаат, ако сака да ми ги подари, или пак ако треба и би платил. Не ми се купува пак цело ново светло, кога ова си работи, а проблемот е само со деловите кои што треба да се заменат. Значи, ми требаат тие 2 дела, ако ги има некој а да не му требаат, да се најдеме низ градот некаде па да ги земам.
Друга опција ми е евентуално да си купам супер лепак и на сила да го залепам и да се молам дека ќе издржи тоа, ама пак тогаш ќе треба да се збогувам со вадењето на самото светло, што значи дека не би можел да го извадам, да го донесам дома и да го наполнам. Самото светло е ОК, и си го користам кога возам во ноќните часови, ми врши работа. За другото се е ОК.