Поентата на авионите на САД не е да победат во војна со Русија или Кина. Во таков случај нуклеарки ќе летаат, али веројатноста да видиме некој директен судир меѓу овие три земји е скоро па никаква, бар за сега. Нивната цел е да проектираат моќ врз остатокот од светот што гледаме дека им успева и ќе им успева. Секако дека во иднина е очекувано нивнат моќ да изиграваат полицаец низ светот ќе се намалува, како ќе се зголемува влијанието на Русија и пред се на Кина, но има уште многу време да помине до таква ситуација.
Што се однесува до војнава и тоа кој колку моќ има и за што? баш ме интересира на основа на што, по кој параметар одредувате колку и дали има моќ Русија да стигне до Киев или не, по кој параметар одредувате со која брзина се зазема град како Бахмут, дали е споро или брзо, дали зазеле една улица, станица, зграда на ден, по кој параметар одредивте дека Русија не знае кај тера, дека контраофанзивава на Украина ќе успее или нема да успее, на кој основ тврдите дека Русија нема веќе војска?