Фан Клуб: Интер

Најглупо е вака коа ќе изгубиш а притоа немаш кого да окривиш. Има сеа, ајде ќе пцуеме и колнеме по Лукаку ама сфаќате што сакам да кажам. Не беше ова ни жеден преку вода што би се рекло.
Не знам, криво ми е мене после вакви порази.

Нема што посебно да им се замери на играчите а и на Инзаги, тоа е јеби га, поквалитетен и поискусен тим е Сити мада па и они како пички згрчени, ништо не покажаа од она што го знаеме за нив.

Едно браво за Дармијан и Ачерби имам да кажам, Димарко исто, Барела и Брозовиќ душата ја оставија на терен.
Лаутаро и Хакан најтапа, можда малце киксна Инзаги што не го извади порано турчинот на сметка на Миктаријан, тој глушецот беше опасен кога влезе у игра, неколку пати одлично проигра у средина и отвори према напред. На Џанго тој му е максимумот, јас сум еден од ретките што го брани цело време ама против очигледното не се може а тоа е дека е тезгере и силеџија у задња фаза од напад.
Уште една замерка за Инзаги, па мајку му ебам бе не може на 5 минути до крај у финале каде губиш 1-0 ти да го ставаш Дамброзио у игра ебате тоа, стај шпиц и ако изедначиш после пак стај си бек у продуженија. Нема врска, и како такви имавме 2 чисти шанси на крај (зицерот на Лукаку и шутот со глава на Госенс у задња секунда)
Лукаку трагичар, не знам што да кажам за човеков, како некоја карма да го тепа, тотално несреќен лик ебате ШУТНИ ЈА У КУРАЦ ДА ИДЕШ ЕБАТЕ ШПИЦ СИ КОЈ КУР ДА ТИ ЕБАМ ПЛЕМЕТО.
Не ми се критикуваат играчиве жими се, и тоа на Лаутаро идиотот заслужува шамар ама знам дека е свесен дека згреши и ќе се изеде у себе ко што можеше и да се види на крајот.

Јеби га, тоа е. Што кур. Ќе боли ова некој период, ќе имаме флешбекови и ситни кошмарчиња ама идеме даље ајде, навикнати сме со Интер.
Се надевам нема да имаме турбулентно лето и тоа е тоа, имајте убава ноќ кој ќе може да заспие. :D
 
Лаутаро која превара од играч, се што допре заеба. А мислев најголема опасност ќе биде кон Едерсон. Излезе најголемо сметало. И за Аргентина незнаеше кај тера во Катар. Од друга страна братот Ди Марко ме изненади позитивно и можам да кажам ви беше можеби и најдобар играч. Сити со никаква игра, слично како пред една недела со нас во ФА купот се провлече повторно.
 
Лаутаро која превара од играч, се што допре заеба. А мислев најголема опасност ќе биде кон Едерсон. Излезе најголемо сметало
Секако дека е превара од играч. Му имаш гледано некој меч освен овој денес?
 
Лаутаро која превара од играч, се што допре заеба. А мислев најголема опасност ќе биде кон Едерсон. Излезе најголемо сметало. И за Аргентина незнаеше кај тера во Катар. Од друга страна братот Ди Марко ме изненади позитивно и можам да кажам ви беше можеби и најдобар играч. Сити со никаква игра, слично како пред една недела со нас во ФА купот се провлече повторно.
Превара во ниеден случај не е, ама ти го гледаш 3-4 пати годишно на голема сцена, таму реално потфрли но и многу други тоа го направиле на истата таа сцена дури и бетер, ко Де Брујне на последното светско.

Ама денес исебичи, се стави себе си пред тимот, сакаше да биде херој, буквално, јас разбирам напаѓач, инстиктот е таков каков што е ама во таа ситуација многу добро знаеше кој каде е , всушност гледаше кон Брозович и се реши сепак да шутира и изиграва хероја, после 5 мин мислам не стаса казната така секогаш си биднуе во овој спорт. Секој од соиграчите му посочи што требаше да одигра, ама тоа е, момент.

Он .. Лукаку, потфрлија многу, Хакан исто, а Ачерби изигра историски добра текма, да освоеа денес Интер ова ќе беше партија за фудбалските учебници ама ко што имам кажано многу пати, историјата ги памти победниците, ова зааа малцее, вакви беа онакви беа пиши пропало, не си освоил титула, толку, тоа за малце го прави моментот уште поболен.
 
Izigraa deckite najdobro sto mozea, i Inzagi odlicno ja postavi igrata i dobri zameni osven mozebi dve zamerki: Lukaku od prva minuta i Belanova vleze wtf.

Lautaro taa i da ja podadese mn verojatno nemashe da bide gol, od druga strana Lukaku morashe da go dade toa na kraj so glava.

Ednostavno, nitu Lautaro ne e igrac na koj mozes da se potepres na bitni utakmici, nitu Lukaku. Da go imashe Inter napadot od 2010 lagano ja dobivavme ovaq utakmica.

Gi spustivme City nivo podole od toa koa sto site ocekuvaa da gi gledaat I e za pofalba, stignavme mnogu podaleku od toa sto ocekuvavme, i bitno e da prodolzime da nadograduvame pametno nad ovoj tim.
 
Треба да бидат горди и покрај поразот , сити беа неутрализирани и ниту во ни еден момент не доминираа на терен а кој ги гледал бар 2 пати сезонава знае колку се уиграни , Интер тоа што го планираше утакмицава успешно беше имплементирано и знаевме дека во напад ке имаме 4-5 добри шанси кој за жал не беа искористени.

Стандардно е да се бара кривица во инзги или лукаку ама овој вториов како да му има фрлено некој влашка магија во финалињава.

Глава горе момци , сега остануе да се надеваме дека кинезиве или ке го шитнат глубов и ке изградиме уште подобар тим и подобра клупа за да бидеме по конурентни на сите фронта или ке не распродатат . Ја остануем оптимист.
 
Со ладни глави, треба да сме горди на екипава. Прво, никој не очекуваше групи да пројдеме лани кога ја добија ждребката, а не пак финале. Тимот изигра профи сезона во ЛШ, имавме доза среќа да сме во полесната страна на ждребот, ама очекував во финалево да не вратат на фабрички подесувања, но Инзаги и момците изиграа одлично.

Криво ми е, и тоа е нормално, сепак си многу блиску до трофеј, го правиш Сити да изгледа полуаматерски, нарочито у одбрана, ама се немаше среќа. Сепак треба да стават прст на чело, да го искористат хајпот од сезонава и парите од ЛШ и да направат уште подобра екипа за следна година. Пред се зборам за Серие А, ај у курац Наполи секако ќе се распродадат и да се бориме за титула следна сезона.
 
За жал не освоивме...
Сепак, треба да бидеме горди на оваа екипа. Одигра рамноправно против милионите на Сити, со повеќе срце и желба.

На крај, плачеа легендите а се радуваа шеиците кои прв пат дојдоа на стадион. Лоша слика за фудбалот но тоа е новата реалност.

Главата горе, да се задржи овај тим и конечно да се вложи во некое засилување.
 
И да, да му се заблагодариме на господинот Франческо Ачерби кој на 35 години го поништи најдобриот напаѓач у свет и пошироко. Страшна сезона изигра, секоја чест.
 
И да, да му се заблагодариме на господинот Франческо Ачерби кој на 35 години го поништи најдобриот напаѓач у свет и пошироко. Страшна сезона изигра, секоја чест.
И Бастони беше ѕвер, како и секогаш.
 
Страшно изигравме. Ептен ми е мака барем еден гол што не прцнавме на онаков посран противник. За на бајачка спремни беа во последните 15 минути пластичниве.

Гревота е да бараме кривци и да го дрвиме што би било кога би било, оти горе долу сите изиграа страшно. Единствено нешто што ме извади од такт беше Лаутаро во првото кога се прпелаше при една полуконтра. ЗОШТО МОРЕ, ЗОШТО?
Тоа со Лукаку беше чист зицер, ама и среќа треба малку, не е баш крив човеков колку и да сум го хејтал во минатото. Момент е, ја сврти и тоа е тоа, немаше среќа. Да беше Лука Тони, ќе ја поздравеше климентина тука :D
 
Сега ако дојде јас да го бранам Лаутаро, ајде:

Лаутаро е огин значи, дечкото прерасна во еден од најдобрите напаѓачи што сме ги имале во овој милениум. Проблем е што често пати е оставен на цедило. Во Серие А дали со Џеко или со Лукаку, си гази секако затоа што правиме шанси и така и така. Вчера го оставија 60 минути да трча како луд и напред и назад без да има шанса да направи нешто. Ја разбирам логиката да се игра Лукаку од 60-та натака, кога противникот е поуморен, но поуморен е и Лаутаро и тоа како, затоа што трча од еден шеснаесетник до друг цело време.

Лесно е после натпревар да се коментира но му фалеше на Инзаги малку храброст да ги игра Лукаку и Лаутаро од прва. Многу повеќе шанси ќе направевме. Можеби не претпостави ни тој дека Сити ќе играат во грч од почетокот, баш во тој период од кој стравуваме најмногу пред натпреварот, Сити паничеше наместо да напаѓа. Можеше историјата и поинаку да е испишана но што е тука е.

Лукаку не знам како не успеа да ја сврти по страна топката. За шансата на ДиМарко не го кривам многу, јбг, и ДиМарко требаше да види, а мислам дека имаше време и да ја допре со глава и да му падне на нога, можеби грешам.

Ни треба клупа, не може со играчи кои не можат да направат разлика.
 
Превара во ниеден случај не е, ама ти го гледаш 3-4 пати годишно на голема сцена, таму реално потфрли но и многу други тоа го направиле на истата таа сцена дури и бетер, ко Де Брујне на последното светско.

Ама денес исебичи, се стави себе си пред тимот, сакаше да биде херој, буквално, јас разбирам напаѓач, инстиктот е таков каков што е ама во таа ситуација многу добро знаеше кој каде е , всушност гледаше кон Брозович и се реши сепак да шутира и изиграва хероја, после 5 мин мислам не стаса казната така секогаш си биднуе во овој спорт. Секој од соиграчите му посочи што требаше да одигра, ама тоа е, момент.

Он .. Лукаку, потфрлија многу, Хакан исто, а Ачерби изигра историски добра текма, да освоеа денес Интер ова ќе беше партија за фудбалските учебници ама ко што имам кажано многу пати, историјата ги памти победниците, ова зааа малцее, вакви беа онакви беа пиши пропало, не си освоил титула, толку, тоа за малце го прави моментот уште поболен.

Баш така. Во Сериа А може си гази но кога треба да се истакне го нема никаде, се губи под притисок. Повеќе смета отколку што придонесува. А треба главен играч во нападот да е.
 
Баш така. Во Сериа А може си гази но кога треба да се истакне го нема никаде, се губи под притисок. Повеќе смета отколку што придонесува. А треба главен играч во нападот да е.
Ја искрено се надевам дека во твојот клуб и останатите што имаат пара да го донесат Мартинез кај нив го делат твоето мислење, и ние ќе имаме шанса до крај на кариера да го гледаме како игра „ужасно лошо“ и дава еден „мизерен“ просек од 20 гола и 10 асистенции по сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom