Не баш.
Самиот Бахмут е центар на неколку рути, иако мал град, и главна точка низ која поминуваше голем дел од снабдувањето на Украинците, по скоро целиот фронт.
Впрочем колку е битен градот зборува самиот факт што двете страни истурија огромни ресурси таму. Ако на едните не им беше битен, немаше да војуваат скоро година за тоа градче.
Освојување на Крим е научна фантазија, особено ако е бранет од моќна земја како Русија.
Кримскиот полуостров е природна бариера, може да биде пристапен само преку неколку киломери широк коридор, што оди и тоа како во корист на бранителите.
Русија тука си ја заврши маестрално работата во 2014, и со Крим е завршено.
Загубите би требало да се поголеми на онаа страна што има помалку огнена моќ.
Не сум сигурен дека Русите можат да си дозволат огромни загуби од повеќе причини, за разлика од Украинците кои не гледаат да штедат животи, бидејќи и онака војнава е егзистенцијална за нив.
Како и да е, ќе помине време пред да се знаат приближни бројки.
И за наводна офанзива на Украинците... се е прашање колку капацитет имаат останато за да изведат нешто поголемо.
Украина веќе има деградирана ПВО, што им овозможува на Русите секојдневно да вршат удари врз првите линии. Се уште не можат да напаѓаат во позадина, но ова е голем проблем за Украина.
Второ, Русија сега е таа која има дебели линии на одбрана и утврдени позиции.
Иако има многу работи што не ги знаеме, се сомневам дека било каква офанзива на Украина би била успешна.
Мислам дека Русија има поголем капацитет и предност да направи офанзива отколку Украина.
Сепак, како што реков, многу работи не се знаат.
Конечно нормален одговор...
Ај по ред. Во мојот оригинален пост го има ова:
Нешто што вие про-руски настроените членови никако не можете да го сфатите (пошто реално толку ви е капацитетот да размислувате), е зошто уште се држи Бахмут... Ако веќе е општо прифатено и од ваша страна дека градов со околу 70 илјади жители пред војната, и максимум 5 илјади моментално, е стратешки небитен (зашто нема голема река, не е железнички центар, нема некоја индустрија во него итн...), зошто тогаш Украинците би се замарале да го држат?
Јас многу повеќе се прашувам зошто Русите толку се замараат да го освојат, веќе скоро 9 месеци... Сталинград што имал 100 пати поголемо значење бил 5 месеци во војна. Фрлија еден куп лешеви на него, а уште не му се гледа крајот кога ќе го освојат 100% (сега се можеби на 70%). За на крај да кажат "јеее, го освоивме Артемовск" и да шират пропаганда по дома како ја добиваат војната?
За Украина е многу полесно да се одговори зошто. Затоа што ако не беше Бахмут, ќе беше Краматорск, или Славијанск, или било кој друг град што ќе беше срамнет со земја и ненасевлив во наредни 20 години. Веќе кога се почна со Бахмут, ќе се тера со него до крај. Украинците се одлично утврдени (многу е полесно да се војува во разрушен град зашто видливоста на непријателот е драстично намалена заради целиот чад и прашина) и нанесуваат огромни загуби на Русите. Да не беа тие загуби Русите можеби многу побрзо ќе напредуваа.
И додека Русите трошат толку многу време и ресурси на "небитен" град, Украинците почнаа контра-офанзива на југот, па им посакувам среќа да имаат успех како во првата контра-офанзива кога за 3 недели повратија 20% од изгубената територија, и сега да си ја повратат назад цела територија на југ.
Ете мое мислење зошто навистина се војувало за Бахмут.
Дека Русите не можат да си дозволат загуби - се согласувам, но ако историјата ни покажала нешто до сега, тоа е дека Русија не штеди луѓе за да го добие она што го сака. Но нажалост за нив во оваа војна, голем дел од младото население не мисли дека вреди да гинат во неа, а од друга страна освен економијата не ја пренасочат целосно кон воено производство, може да останат и без опрема, така што во доста лоша ситуација се.
Украина е во полоша ситуација, но како што кажа - оваа војна е егстистенцијална за нив, така што немаат многу избор.
Русија го освои Крим во период кога Украинската армија беше скоро непостоечка. Од тогаш до сега многу работи се сменија, а Украинската армија е посилна од било кога. Пак ќе прашам, ако целосно го срушат Кримски мост, што ќе биде планот? Русите ќе се снабдуваат преку вода и воздух со опрема? Зашто ако Украина реши силно да притисне, Русите нема да имаат доволно ресурси да се одбранат со она што веќе го имаат (ете пишав дека Украина сè повеќе спроведува воздушни напади на воени мети на Крим).
Дека ПВО на Украина е деградирано? Не се согласувам. Константно добиваат нова опрема од САД. И ако Русите вршеле напади на први линии, Украина врши многу повеќе. Ете баш последниот пост на
@Ne_sum_ja ми дојде интересен. Нов напад на Руска територија.
Околу офанзивата... Веќе имаа еднаш многу успешна офанзива. Точно дека Русите се подобро утврдени овојпат, но и Украинците имаат подобра опрема и поголем морал. Русија дека ќе прави офанзива? Ми нема никакви шанси.